МАКЕДОНИТ

МАКЕДОНИТ – минерал што името го добил по Македонија; првпат е откриен во пегматитскохидротермалните жици што се појавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е ПбТиО , 3 кристализира тетрагонално и обично се појавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се појавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот. Бл. Б.