МАТОВСКИ, Славко

МАТОВСКИ, Славко (Скопје, 17. Ⅸ 1927) – унив. професор, ракометар. Дипломирал на Државниот институт за физичка култура во Белград (1960). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Местото на Спортското друштво ,Работнички’ во Скопје во нашето напредно работничко движење и неговата улога во развојот на спортскиот живот во СР Македонија“. Докторирал на Факултетот… Continue reading МАТОВСКИ, Славко

МАЦУКИОН

МАЦУКИОН – средновековно утврдување во Струмичката об-ласт. Го освоил византискиот император Василиј Ⅱ, откако ја разурнал демата во клисурата Клидион (1014). Се лоцира помеѓу Клидион и Струмица, кај Мечково, во пазувите на планината Огражден, недалеку од комуникацијата СтрумицаПетрич. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки за положбата на некои месности во Македонија во почетокот на Ⅺ… Continue reading МАЦУКИОН

МАЧЕВ, Исмаил

МАЧЕВ, Исмаил (Скопје, 03. И 1960) – атлетичар. Бил член на АК „Работнички“ во Скопје (1978–1983) и АК „Црвена Звезда“ во Белград (1983–1995). Бил повеќекратен македонски и југословенски првак и рекордер во атлетика и репрезентативец на Југославија (1982–1992). На Медитеранските игри во Латакија (Сирија, 1987) на 400 м освоил сребрен медал, како и на Универзијадата… Continue reading МАЧЕВ, Исмаил

МАЧУКОВСКИ, Венијамин

МАЧУКОВСКИ, Венијамин (Васил) Христов (с. Мачуково, Гевгелиско, пред 1847 – Цариград, 1878) – македонски граматичар, преродбенски просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи и публицист. УШТЕ млад се закалуѓерува во Зографскиот манастир и од П. Зографски е ракоположен за ѓакон. Потоа патува во Цариград (1861), учи во унијатското училиште во Солун (1862–1864)… Continue reading МАЧУКОВСКИ, Венијамин

МАЏАРИ

МАЏАРИ“ – поранешна ТЦ на лигнит, лоцирана во близина на селото Маџари, Скопско. Првите два агрегата (со моќност 5,8 МЊ) биле пуштени во погон во 1949 г., а третиот (со моќност 10 МЊ) во 1954 г. Како прва поголема ТЦ во РМ одиграла важна улога во периодот пред да се изградат поголемите ХЦ. Престанала да… Continue reading МАЏАРИ

МАЏУНКОВ, Митко

МАЏУНКОВ, Митко (Струмица, 19. Ⅲ 1943) – раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист; академик. Основно училиште и гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белград. Работниот век го поминал главно во Библиотеката на градот Белград, каде што е и пензиониран (како библиотекар-советник). Добитник е на повеќе книжевни награди… Continue reading МАЏУНКОВ, Митко

МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – работните процеси во дрвната индустрија се изведуваат со помош на разни видови машини и уреди. Тие се разликуваат според функцијата што ја извршуваат. Видот и типот на машините и уредите зависи од работната операција што се извршува во ист или во различен технолошки процес. Машините и уредите во… Continue reading МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТСкопје. Студиите започнале во 1959 г. на Електромашинскиот оддел при Техничкиот факултет во Скопје, каде што во 1961 г. се отворени два отсека: Електротехнички и Машински. Со Закон на Собранието на СРМ во 1965 г. е основан Електромашинскиот факултет со два оддели и два степена на образование: континуирана настава (9 сем.) и… Continue reading МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

МАШКОВ, Виктор Фјодорович

МАШКОВ, Виктор Фјодорович – руски конзул во Скопје до Балканските војни (1912/13). По завршувањето на јункерското училиште во Тифлис, службувал во Владиковскиот полк и како поручник резервист патувал во Абисинија. Конзул во Скопје со особена наклонетост кон српската политика во Македонија. По Октомриската револуција како емигрант починал во Југославија. Бл. Р.

МЕБЕЛ

МЕБЕЛ – составен дел на секој современ дом. Него го сочинуваат предмети изработени од дрво, од недрвни материјали или од нивни комбинации. Основната задача на предметите од мебелот е со димензиите, конструкцијата и формата да ги задоволат физичките, културните и општествените потреби на современиот човек. Мебелот се класифицира на следниве начини: според местото на користење… Continue reading МЕБЕЛ

МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (Ⅺ в.) – спомната и во хрисовулите на царот Василиј Ⅱ (1019). Освен Мегленска, во Ⅺ в. е нарекувана и Воденска епархија. Ги опфаќала териториите северно од Лерин во Централниот дел на Македонија до Просек (Демир Капија) и Мариово. Кон крајот на Ⅺ в. од Мегленската епархија се одвоил градот… Continue reading МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија

МЕДИЦИНСКИ БИЛТЕН

МЕДИЦИНСКИ БИЛТЕН“ – списание на лекарите и фармацевтите на Скопска А.О. Излегувало од 1976 до 1987 г. (до 1986 г. како двомесечно списание, со еден двоброј годишно). Објавувани се оригинални научноистражувачки трудови. Уредници: А.Спиров (1978–81), А. Велјановски (1982–86) и Б. Димишковски (1987). ИЗВ.: Библиотека на ВБ во Скопје. Сл. М. П.

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. Владата на РМ на 6. Ⅲ 1947 г. донесе Указ за формирање на Мед. ф. во Скопје. На 17. Ⅲ е одржана првата седница на Наставничкиот совет, составен од Хируршките клиники на Медицинскиот факултет во Скопје 19 наставници избрани од Матичната комисија. За прв декан е избран проф. д-р С. Боздов,… Continue reading МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА – организационен облик од областа на здравствената заштита што ги обединува дејностите на здравствениот дом и на општата болница заради обезбедување примарна, специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во една функционална целина. Мед. ц. се формирани по одлуката на сојузно и републичко ниво (1964) за интеграција на здравствените установи. Реформите во здравствениот… Continue reading МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДЕН ЕВРЕЈСКИ СОЈУЗ

МЕЃУНАРОДЕН ЕВРЕЈСКИ СОЈУЗ (АЛЛИАНЦЕ ИСРАЕЛИТЕ УНИВЕРСЕЛЛЕ) – меѓународна еврејска образовна организација. Отворила училиште во Скопје (1905). Наставен јазик бил францускиот, покрај хебрејскиот и турскиот јазик. Се изучувале еврејска и општа историја, бил толкуван Танахот, а девојчињата посетувале везење и шиење. Училиштето (по 1913) го посетувале 320 ученици и 172 ученички, како прва генерација што учела… Continue reading МЕЃУНАРОДЕН ЕВРЕЈСКИ СОЈУЗ

МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА И РМ

МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА И РМ – меѓународна невладина организација, чии одлуки немаат правно задолжителна сила за меѓународно-правните субјекти. Таа не е субјект на меѓународното право, но е влијателен субјект на меѓународните односи. Нејзината моќ произлегува од активностите што ги врши во процесот на „јакнење на моќта на меѓународната заедница за предвидување, разбирање и спречување конфликти“,… Continue reading МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА И РМ

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА – мисии на држави, групи држави, меѓународни организации, сојузи или ентитети што позиционираат вооружени сили на територијата на Македонија. Во текот на ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ в. во Македонија се позиционираат 12 воени мисии: февруарисептември 1903 г., воспоставена со Виенската спогодба (февруари 1903) во функција на спроведување на Февруарските реформи на… Continue reading МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА РМ

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА РМ – воени операции на држава, група држави, меѓународни организации, здружени коалиции или ентитети во кои учествуваат припадници на вооружените сили на РМ. Во периодот од 2001 до 2007 г., припадници на вооружените сили на РМ, врз основа на Меморандумот за разбирање, склучен помеѓу Владата на РМ и Меѓународните… Continue reading МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА РМ

МЕЃУНАРОДНИ РЕВИЗОРСКИ СТАНДАРДИ

МЕЃУНАРОДНИ РЕВИЗОРСКИ СТАНДАРДИ (МРС) – водичи во рамките на процесот на хармонизација што го почнаа Меѓународната федерација на сметководители (МФС) и нејзините членки. Комитетот за меѓународна ревизорска практика (КМРП) веќе има објавено 29 водичи за меѓународна ревизорска практика (до 1990). Стана повеќе од јасно дека глобалните пазари на капиталот имаат потреба од ревизорски стандарди за… Continue reading МЕЃУНАРОДНИ РЕВИЗОРСКИ СТАНДАРДИ

МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ

МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ (МСС) – општоприфатени стандарди, креирани и публикувани во периодот 1973–2000 г. од страна на Комитетот за меѓународни сметководствени стандарди (КМСС). Од 2001 г. КМСС се заменува со Одбор за сметководствени стандарди, во чии ингеренции спаѓа ажурирањето и публикувањето на МСС. Изминативе неколку години Одборот, меѓу другото, надополни некои од МСС, а дел… Continue reading МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РМ

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РМ – процес на констатирање на фактот на (ре)конституирање на РМ како субјект во меѓународното право и политика што започнува да тече по доставувањето на сетот од документи: Пис-мо на претседателот Киро Глигоров до сите шефови на држави и на влади во светот за признавање на РМ (2. ⅩⅠⅠ 1991); Писмо на… Continue reading МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА РМ

МЕЗИЈА ГОРНА

МЕЗИЈА ГОРНА (Моесиа Супериор) – раноримска провинција со седиште во Скупи. По потчинувањето на Трибалите, територијата на Мезија била придодадена кон територијата на Македонија, под гувернерот Марко Ликиниј Крас (29-28 г. пр.н.е.). Подоцна, во 6 г. н.е, таа била издвоена, а во 46 г. н.е. оформена како посебна провинција (од Дрина, на запад, до Црно… Continue reading МЕЗИЈА ГОРНА

МЕЗОЗОИК

МЕЗОЗОИК – средно геолошко раздобје што траело околу 185 млн. години (250–65 млн.г.) и е поделено на тријаски, јурски и креден период. Во Македонија е развиен претежно во Западномакедонската и во Вардарската зона, а со помали маси и во Српско-македонскиот масив, со тријаски, јурски и кредни карпести комплекси. Тријас е широко распространет, пред сè во… Continue reading МЕЗОЗОИК

МЕКОТЕЛИ

МЕКОТЕЛИ (Моллусца) – тип без’рбетни животни, чие тело обично е поделено на глава, труп и стапало, но кај некои видови главата или стапалото може да се редуцирани делумно или целосно. Горниот дел од телото е прекриен со слој што се нарекува мантија, кој ја излачува черупката. Во животинскиот свет тие се втора Полжав (Гастропода) група… Continue reading МЕКОТЕЛИ