МАСИН, Ѓеорги Фотиев

МАСИН, Ѓеорги Фотиев (Охрид, 6. Ⅴ 1930) – интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1985). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1954). Специјализирал интерна медицина, супспецијалност нефрологија. Хабилитирал на тема „Калулозен пиелонефрит“ (1975). При престојот во Нењ Цастле (Англија) кај проф. Керр се запознава со најновите достигнувања од областа на лекувањето на… Continue reading МАСИН, Ѓеорги Фотиев

МАСЛИНКА

МАСЛИНКА .(Олеа еуропеа Л.) – во нашето субмедитеранско подрачје (Дојран, Гевгелија, Валандово) се одгледува како дворна, зимзелена овошка, која дава и добри приноси. Пред десетина години во Дојран е организирана фирма за преработка на маслинки, која иницира подигање на производствени насади. Може да се одгледуваат само отпорни сорти на издигнати локации. Б. Р.

МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА

МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА – во оваа група спаѓаат растенијата што се одгледуваат за семето и плодот, богати со масло. Растителното масло учествува со околу 70% од светското производство на мазнини. Маслото од голем број растенија служи за човечката исхрана, директно или индиректно, и претставува висококвалитетна храна. Хранливата вредност на еден кг масло е рамна на 2,25… Continue reading МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА

МАТАК, Манчу

МАТАК, Манчу (Крушево, 1920 – с. Витолиште, Мариовско, 25. Ⅴ 1944) – шивач, комунистички деец и народен херој, Влав. Бил член на КПЈ (1939). Во Априлската војна (1941) бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево. Како член на МК на КПЈ во Крушево (крајот на 1941),… Continue reading МАТАК, Манчу

МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ

МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ (Ла менза де елевос провес) (ⅩⅩ в., меѓу двете светски војни) – хуманитарна еврејска организација во Македонија за помош на сирачињата и сиромашните членови на заедницата. Во Битола и во Скопје секојдневно се служел топол оброк за повеќе од 200 деца. Приходите за организацијата стигнувале од добротвори од Америка и од други иселенички… Continue reading МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ

МАТАЧИЌ, Ловро

МАТАЧИЌ, Ловро (14. Ⅱ 1899 – Загреб, 7. Ⅶ 1985) – диригент. Иако без формална академска диплома (студирал музика на Виенскиот конзерваториум), со својот огромен талент и ерудиција се вбројува меѓу врвните европски и светски диригенти. Првите контакти со музиката ги доживува како член на хорот на Виенските деца. Диригентската кариера ја започнува во 1919… Continue reading МАТАЧИЌ, Ловро

МАТЕВСКА

МАТЕВСКА (РИСИМКИН), Рисима (Тетово, 25. Ⅹ 1963) – балерина и кореограф. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Станува член на Бале-тот при МНТ (1980-1998). Специјализира во Киев, Лондон и во Пловдив. Почнува да работи како кореограф (1990). Основач на Интерарт културниот центар во Скопје (1996). Ја востановува наградата „Менада“ за заслужни балетски уметници… Continue reading МАТЕВСКА

МАТЕВСКИ, Матеја

МАТЕВСКИ, Матеја (Истанбул, Турција, 13. Ⅲ 1929) – поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Годините на детството ги поминува во Гостивар, а по Ослободувањето учи гимназија во Тетово и во Скопје. Студира во Белград и во Скопје, каде што дипломира на Филолошкиот факултет (1956). Подоцна (1962/63) на Институтот за театарски студии во Париз го… Continue reading МАТЕВСКИ, Матеја

МАТЕЈ

МАТЕЈ (Х¶В– поч. на ХV в.) – охридски архиепископ. Прв поглавар на Охридската архиепископија во периодот под османлиско владеење. Првпат се спомнува во грчкиот натпис од 1408 г. во црквата „Св. Илија“ во с. Елшани, Охридско. Во негово време започнало ширењето на дијацезата на Охридската архиепископија. Бил енергичен и вешт дипломат и успеал во борбата… Continue reading МАТЕЈ

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје (1966– 1977) – формиран заради интересот на општеството за кадри (математичари, инженери, економисти) што ќе работат во доменот на информатиката и применетата математика. Покрај редовниот состав, во него членуваа како надворешни соработници, математичарите од Математичкиот институт при ПМФ и од техничките факултети. Го раководеле, како директори:… Continue reading МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје (1966– 1977) – формиран заради интересот на општеството за кадри (математичари, инженери, економисти) што ќе работат во доменот на информатиката и применетата математика. Покрај редовниот состав, во него членуваа како надворешни соработници, математичарите од Математичкиот институт при ПМФ и од техничките факултети. Го раководеле, како директори:… Continue reading МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје

МАТЕРКА, АЛШАРСКА

МАТЕРКА, АЛШАРСКА .(Тхѕмус алсаренсис Ронн.) – локален ен-демит во флората на РМ од фамилијата на устоцветно растение (фам. Ламиацеае). Опишан од австрискиот ботаничар Карл Роннигер (1924), еден од најдобрите познавачи на родот Тхѕмус од локалитетот Алшар кај Кавадарци. Вл. М.

МАТЕРКА, ЕМОВА

МАТЕРКА, ЕМОВА .(Тхѕмус оехмианус Ронн. & Соска) – локален македонски ендемореликт од фам. Ламиацеае (устоцветни растенија), познат само за неколку локалитети во клисурата на реката Треска: Капина, Оча, село Здуње, СамоковМала Река. Именуван е по презимето на академик Ханс Ем, кој првпат го открил на локалитетот Капина (12. Ⅷ 1936). Се наоѓа на… Continue reading МАТЕРКА, ЕМОВА

МАТЕРКА, КАРАЏИЧКА

МАТЕРКА, КАРАЏИЧКА (Тхѕмус карадзиценсис Матевски & Мицевски) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Ламиацеае, откриен и опишан од страна на македонските таксономи и флористи проф. Владо Матевски и академик Кирил Мицевски. Познат е само за планината Караџица. Вл. М.

МАТЕРКА, СКОПСКА

МАТЕРКА, СКОПСКА (Тхѕмус скопјенсис Мицевски & Матевски) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Ламиацеае (Лабиатае) (устоцветни растенија), опишан од македонските флористи академик Кирил Мицевски и проф. Владо Матевски. Се развива во околината на Скопје (с. Нова Брезница) и по текот на реката Треска (Козјак, М. Брод). Вл. М.

МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (17. Ⅴ 1951) – формирана на Основачкото собрание одржано во Скопје за да развива блиски врски со македонските иселеници во странство, да ги запознава со животот во татковината, да ја запознава домашната јавност со работата и животот на македонското иселеништво. Органи на Матицата: Собрание, Извршен одбор и претседател. Актуелен претседател:… Continue reading МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МАТКА

МАТКА“ – вештачка акумулација на р. Треска. Се наоѓа 14 км од градот Скопје. Браната е бетонска, прстенесто-лачна, изградена од армиран бетон, со височина од 38 м и височина над теренот од 29,5 м. Круната на браната е на височина од 317,5 м, нејзината должина изнесува 64 м, а широчина 1 м. При нормално ниво… Continue reading МАТКА

МАТКА, МАРКОВ ГРАД

МАТКА, МАРКОВ ГРАД (Скопско) – доцноантички кастел и средновековен град. На доминантните карпи над средновековниот манастир „Св. Андреја“ се наоѓаат остатоци од доцноантичка и средновековна тврдина, која ги контролирала теснецот и патот во клисурата на Матка. Таа се состои од триаголна акропола (60 х 40 м), западно и источно подградие, т.н. Бојана, на падината кон… Continue reading МАТКА, МАРКОВ ГРАД

МАТКОВСКИ, Александар

МАТКОВСКИ, Александар (Крушево, 30. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. Ⅳ 1992) – историчар-ориенталист, член на МАНУ. Подолго време живеел во Гостивар (до 1936), а потоа во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941), бил уапсен (2. Ⅵ 1942) и како малолетник осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал… Continue reading МАТКОВСКИ, Александар

МАТОВ, Димитар

МАТОВ, Димитар (Велес, 1864 – Дрезден, Германија, 1896) – еден од најпројавените бугарски и македонски фолклористи, чии трудови се одликуваат со висок степен на научност. Во Велес го започнал школувањето, кое го довршил во Русија (гимназија и факултет) во украинските градови Николаев и Харков. На Историско-филолошкиот факултет во Харков (денешна Украина) слушал лекции по лингвистика… Continue reading МАТОВ, Димитар

МАТОВ, Милан

МАТОВ, Милан (Струга, 8. Ⅺ 1875 – Софија, 21. Ⅴ 1962) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Учел гимназија во Битола, во 1900 се вклучил во Македонското револуционерно движе-Милан Матов ње. Во востанието се борел во Струшко. Бил учител во Струга (1904–1905) и училиштен инспектор (1909–1911). Од 1906 г. го… Continue reading МАТОВ, Милан

МАТОВ, Христо

МАТОВ, Христо (Струга, 10. Ⅲ 1872 – Софија, 10. Ⅱ 1922) – професор, револуционер и еден од идеолозите на МРО. Завршил гимназија во Солун и словенска филологија на Софискиот универзитет. Бил професор и директор во Сер и во Скопје. Бил член на ТМОРО (1894). По Солунската провала (јануари 1901), како член на ЦК на ТМОРО,… Continue reading МАТОВ, Христо

МАТОВСКИ, Никола

МАТОВСКИ, Никола (Скопје, 22. Ⅶ 1939) – универзитетски професор, правник. Завршил гимназија (1957) и дипломирал на Правниот факултет во родниот град (1961), каде што бил избран за асистент по предметот Кривично процесно право со криминалистика (1964), потоа за предавач (1969), за вонреден (1979) и за редовен професор (1985). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1967),… Continue reading МАТОВСКИ, Никола