МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ

МАТАНОТ ЛАЕВЈОНИМ (Ла менза де елевос провес) (ⅩⅩ в., меѓу двете светски војни) – хуманитарна еврејска организација во Македонија за помош на сирачињата и сиромашните членови на заедницата. Во Битола и во Скопје секојдневно се служел топол оброк за повеќе од 200 деца. Приходите за организацијата стигнувале од добротвори од Америка и од други иселенички центри. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839-1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.