МАТОВ, Христо

МАТОВ, Христо (Струга, 10. Ⅲ 1872 – Софија, 10. Ⅱ 1922) – професор, револуционер и еден од идеолозите на МРО. Завршил гимназија во Солун и словенска филологија на Софискиот универзитет. Бил професор и директор во Сер и во Скопје. Бил член на ТМОРО (1894). По Солунската провала (јануари 1901), како член на ЦК на ТМОРО, бил осуден и заточен во Дијарбекир (Мала Азија). Во периодот 1902–1905 и 1907–1908 бил задграничен претставник во Софија. Учествувал во работата на Рилскиот општ конгрес (1905), бил претседател на ќустендилскиот конгрес (1908). По Младотурската револуција бил еден од организаторите на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Солун. За време на Првата светска војна, заедно со Г. Баждаров во Скопје го издавале в. „Родина“. По Првата светска војна се повлекол од политичката активност поради здравствени причини. Автор е на повеќе книги со теоретска, револуционерна, филолошка и литературна содржина. Успешно се занимавал со литературна и со научна дејност, објавувајќи често свои трудови во бугарската периодика под псевдонимот Дримколов. Води остри полемики со Ди-мо Хаџи Димов, Ѓорче Петров и Јане Сандански. Во поезијата остава одвај забележливи траги, иако располагал со творечки нерв, но на револуционерното дело му се посветува без остаток. Автор е на серија впечатливи политички есеи, во кои се разоткрива како непореклив национален мислител. На овие текстови често се потпишува со псевдонимот Брут. Знаменита е неговата средба со Троцки во Софија. ИЗВ.: Архив Христо Матов. Документален сборник. СÍставител Цочо В. Билярски, София, 2004; Христо Матов, Македонска револÓционна система. ВМРО. СÍставител – Цочо В. Билярски, София, 2001. З. Тод., Г. Т. Љупка Матовска МАТОВСКА, Љупка Илиева