МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО – професионално здружение на фармацевтите во Македонија, формирано во 1947 г. како Друштво на аптекарите на НР Македонија, потоа како Фармацевтско друштво на Македонија, а од 2000 г. Македонско фармацевтско друштво. Има активна улога во професионалното и стручното живеење на фармацевтите во Македонија, организатор е на многубројни стручни собири на фармацевтите. Досегашни… Continue reading МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО

МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКИ КЛУБ

МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКИ КЛУБ (Рочестер, Њујорк, САД, 1966 – 1969) – формиран од македонски доселеници, претежно од Битолско. Работел за зближување на Македонците дојдени пред Втората светска војна и новодојдените и за информирање за Република Македонија. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКА АКАДЕМСКА АСОЦИЈАЦИЈА

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКА АКАДЕМСКА АСОЦИЈАЦИЈА (Торонто, Канада, 1975 –) – Асоцијација на Македонци – академски интелектуалци, со главна цел да одржува врски со научни работници од Македонија и од светот, да организира предавања од областа на македонската историја, наука и култура. Во последно време со значително намалена активност. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ (МКНС) (Торонто, Канада 1934 – 1945) – основан по поделбата на единствениот МНС во САД и Канада (1934). МКНС дејствувал за обединување на македонските независни прогресивни групи и Македонците заведени од МПО, за поддршка на Народноослободителната борба на македонскиот народ во татковината, како и на борбата на шпанскиот народ во времето на… Continue reading МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИ НАРОДЕН СОЈУЗ

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ГРУПА

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ГРУПА (Софија, 1905 – Македонија, 1911) – група за самостојно организирање на македонските и одринските социјалисти и на македонското работништво. По Младотурската револуција се активирала поддржана од Васил Главинов. Групата си поставила цел да ја пропагира и шири социјалистичката идеја меѓу работниците во Македонија и Одринско. ЛИТ.: Работничкото и комунистичко движење во Македонија,… Continue reading МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ГРУПА

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКО БРАТСТВО

МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКО БРАТСТВО (Буенос Аирес, Аргентина, 1907–1908) – братство основано од Македонците доселеници во Буенос Аирес по Илинденското востание, активни учесници во Македонското национално ослободително движење и во Востанието, со цел да помага и да придонесува за успех на македонското ослободително дело во татковината. Член на Братството можел да биде секој што го симпатизирал македонското ослободително… Continue reading МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКО БРАТСТВО

МАКЕДОНСКО-РИМСКИ ВОЈНИ

МАКЕДОНСКО-РИМСКИ ВОЈНИ – три одбранбени војни на Македонското Кралство против Римската Република (215–205, 200–197 и 171–167 г. пр.н.е.). Во времето на кралот Филип В (221– 179 г. пр.н.е.) Македонија с“ уште била најсилна држава на Балканот, но веќе се чувствувала опасноста од римските освојувања. Меѓу другите мерки за заштита (го утврдувал епирското крајбрежје, му дал… Continue reading МАКЕДОНСКО-РИМСКИ ВОЈНИ

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА – домородно македонско христијанско и исламизирано население со локална етничка култура како составен дел од вкупната македонска етничка култура. Ова население е евидентирано во средновековните и во најстарите турски пописни дефтери. Во почетокот на ⅩⅩ в. етапно било вклучувано во албанската државна територија (Мала Преспа во 1919, Го-ло Брдо,… Continue reading МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – домородно македонско население со локална етничка култура, составен дел на македонската. Предците на ова население се евидентирани во средновековните извори под племенските имиња Струмјани и Смолјани. Македонското население континуирано може да се следи и во турските извори. Во почетокот на ⅩⅩ в. етапно било вклучувано во бугарската државна… Continue reading МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА – домородно македонско население со локална етничка култура, составен дел од македонската етничка култура. Предците на ова население во провинцијата Македонија и во нејзиното соседство се евидентирани во раното средновековје под имињата Драгувити, Сагудати, Ринхини, Велегизити, Војунити и др. Македонското население на овој простор континуирано може да се следи… Continue reading МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

МАКЕДОНСКОТО РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО

МАКЕДОНСКОТО РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО – најстарите ракописни споменици од Мак. зачувани до денес датираат од крајот на Ⅹ и Ⅺ в. Според писмото, тие се делат на глагололички и кирилски. Од глаг. поважни се: Зографското ев. од крајот на Ⅹ в.; Асемановото ев., Синај. псалтир; Мак. глаг. листови – сите од Ⅺ в. и др. Најстари… Continue reading МАКЕДОНСКОТО РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО

МАКЕДОНЦИ

словенски народ во етничка, културна и национална смисла што живее во РМ, на територијата на етничка Македонија и во дијаспората. Самоименувањето на нацијата Македонци значи користење на правото да се искаже чувството на културноантрополошка посебност во однос на соседните и сите други народи. Современата македонска држава е конституирана како ДФМ/НРМ/СРМ во рамките на Југославија (од… Continue reading МАКЕДОНЦИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ (1821) – уште од почетокот на востанието Македонците се приклучиле во борбата на грчкиот народ за ослободување. Бројот на Македонците во востаничките редови се зголемил по задушувањето на Негушкото востание (1822). Некои од македонските учесници се здобиле со високи воени позиции. Анастас од Пијанец добил висок воен чин. Синот на Ангел… Continue reading МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЧКОТО ВОСТАНИЕ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА (25/26. Ⅹ 1917) – учество на македонската емиграција во Русија во преземањето и зацврстувањето на власта на Болшевичката партија во Русија. Во тие настани се истакнале Македонците Михаил Антонов од Неврокоп, д-р Владимир Каваев од Струга, д-р Гаврил Константинович од с. Смрдеж (Костурско), Димче Милевски, Васко Паноски и др. Првите тројца… Continue reading МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

МАКЕДОНЧЕ

МАКЕДОНЧЕ“ (Букурешт, ав-густ 1949 – декември, 1955) – ме-сечно списание за децата од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји, на македонски јазик. Првин било печатено според македонскиот, а потоа според бугарскиот правопис. Главен уредник бил Павле Калков. Содржело разни рубрики: „Од животот и дејноста на домовите“, „Поетско катче“ и др. Објавени се вкупно 35… Continue reading МАКЕДОНЧЕ

МАКЕДОНЧЕ

МАКЕДОНЧЕ“ (Букурешт, ав-густ 1949 – декември, 1955) – ме-сечно списание за децата од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји, на македонски јазик. Првин било печатено според македонскиот, а потоа според бугарскиот правопис. Главен уредник бил Павле Калков. Содржело разни рубрики: „Од животот и дејноста на домовите“, „Поетско катче“ и др. Објавени се вкупно 35… Continue reading МАКЕДОНЧЕ

МАКЕДОНЧЕ

МАКЕДОНЧЕ“ (Детроит, САД, мај 1979) – детско списание на македонски јазик, издавано од Македонско-американската издавачка куќа „Илинден“ во Детроит. Тоа е првото детско списание на северноамериканскиот континент. Сл. Н.-К. Владо Макеларски

МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола

МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола (Дебар, 1914 – Струга, 10. Х 1980) – комунистички деец, првоборец, сообраќаен инженер. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа вечерен Градежен техникум во Скопје (1938). Како ученик во Скопје пишувал песни на македонски јазик, од кои полицијата му одзела околу 100 песни. Бил синдикален активист во УРС-овите синдикати во Бел-град, Сремска… Continue reading МАКЕЛАРСКИ-БЕЦКО, Никола

МАКЕЛАРСКИ, Владо Д

МАКЕЛАРСКИ, Владо Д. (с. Макелари, Албанија, 1919 – 29 или 23. И 1993) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941) и првоборец, носител на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил член на Земскиот одбор на ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото (1949) и бил испратен на… Continue reading МАКЕЛАРСКИ, Владо Д

МАКРОЕКОНОМИЈА

МАКРОЕКОНОМИЈА – дел од економската наука што ги изучува најсинтетичките економски агрегати на ниво на вкупната економија: стапките на економскиот раст (на раст на БДП), невработеноста и инфлацијата и нивните меѓусебни односи. Доајени на македонската макроекономска наука се: Вјекослав Мајхснер (дипломирал право во 1925 г. во Загреб, а потоа докторирал врз основа на Ригороз, експерт… Continue reading МАКРОЕКОНОМИЈА

МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ

МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ – способност на економијата да одржува висока ценовна стабилност, т.е. ниски стапки на инфлација, динамички стапки на економски раст и да креира нови работни места. Под вакви претпоставки земјата може ус-пешно да ги управува внатрешниот и надворешниот долг и да се справува со финансиски кризи. РМ по 1996 г. одржува ниски стапки на… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ

МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ

МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ. Според постојниот систем на националните сметки, прифатен од ОН и од други меѓународни организации, постојат два вида агрегатни макроекономски големини: прво, агрегати што се однесуваат на реалните трансакции во економскиот живот и, второ, агрегати што претставуваат билансни пресметковни ставки во националните сметки. Првите се добиваат директно како збир на одредени трансакции, а вторите… Continue reading МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ