КАЛЧЕВСКИ, Ристо

КАЛЧЕВСКИ, Ристо (Прилеп, 29. Ⅳ 1933 – Скопје, 7. Ⅷ 1989) – сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љуб-Ристо Калчевски: Слика 32/78 љана (1953). Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз, Крањ. Уште во најраните слики… Continue reading КАЛЧЕВСКИ, Ристо

КАМБЕРСКИ, Јово

КАМБЕРСКИ, Јово (Гевгелија, 11. Ⅰ 1923 – Скопје, 23. Ⅳ 1995) – режисер, сценарист, писател, новинар. На филм дебитирал 1948 г. како сценарист на документарецот „Низ Пиринска Македонија”. Лиризмот на неговите опсервации е во близок дослух и во филмовите како „Свилен конец”, прикажан на Фестивалот во Берлин, „Миравска свадба”, „Комитска легенда”, „Хајка”, „Замрзнато езеро”. Во… Continue reading КАМБЕРСКИ, Јово

КАМБЕРСКИ, Киро Методиев

КАМБЕРСКИ, Киро Методиев (с. Владимирово, Беровско, 17. Ⅴ 1941) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Штип (1961), педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1966), магистерски студии на Универзитетот во Белград (1980), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Работел како учител, воспитувач и младински раководител (1965– 1971). Најголемиот дел од работниот век… Continue reading КАМБЕРСКИ, Киро Методиев

КАМБОВСКИ, Владо

КАМБОВСКИ, Владо (Битола, 5. Ⅰ 1948) – универзитетски професор, академик. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1970), како најдобар дипломиран студент на повеќе генерации. Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1975), а докторската теза ја одбранил на Правниот факултет во Скопје на тема „Проблематиката на пропуштањето во… Continue reading КАМБОВСКИ, Владо

КАМЕНОЛОМКА, КАРАЏИЧКА

КАМЕНОЛОМКА, КАРАЏИЧКА. Саџифрага карадзиценсис (Дег. – Кошанин) Борнм.ќ– ендемит во флората на Република Македонијаод фамилијата Саџифрагацеае. Се развива во пукнатини на карпи (хазмофит), Караџичка каменоломка познат само за (Саџифрага карадзиценсис) планините Јакупица–Салаковски Езера и Караџица. Вл. М.

КАМЕЊАРЧИЊА или БАПКИ

КАМЕЊАРЧИЊА или БАПКИ (Бленнидае) – фамилија ситни риби од редот коскени риби (Перциформес), со слузава кожа без лушпи (стргунки). Од нив во Македонија е присутен видот камењар-Риба камењарче че или бапка (Салариа флувиатилис). ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан… Continue reading КАМЕЊАРЧИЊА или БАПКИ

КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МРТ

КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МРТ. Формиран е во 1970 г. прв раководител и диригент Олджих Пипек. Набрзо постигна завидно Камерниот оркестар на МРТ изведувачко ниво, со што стана присутен на сите позначајни фестивали во Македонија. Со него настапувале и диригирале многу познати уметници: Младен Јагушт, Урош Лајовиц, Павел Коган, Ванчо Чавдарски, Антон На-нут, Пламен Ѓуров, Ангел… Continue reading КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА МРТ

КАМИШОВА-НОНЧА, Марија

КАМИШОВА-НОНЧА, Марија (Велес, 20. Ⅰ 1924 – Речани, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – работничка, организатор на работничкото и младинското движење, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (од 1942). Била член на СКОЈ (од 1939) и на МК на КП за Велес (од 1942). По многубројните борби со бугарската војска и полиција во Велешко од септември… Continue reading КАМИШОВА-НОНЧА, Марија

КАМХИ, Леон Моше

КАМХИ, Леон Моше (Битола, 1899 – Треблинка, 1943) – голем поборник на ционизмот. Во Битола организирал (1919) две ционистички младински здруженија: „Бенот Цион”– за девојчиња и „Бене Цион” – за момчиња. Бил потпретседател на Ционистичката организација на Југославија и секретар на Меѓународната Ционистичка организација „Палестински конзул” во Битола во филијалата на „Палестинскиот уред”, каде што… Continue reading КАМХИ, Леон Моше

КАМХИ, Рафаел Моше

КАМХИ, Рафаел Моше (Битола, 15. Ⅻ 1870 – Ерусалим, 1970) – револуционер, учесник во Илинденското востание. Бил припадник на ТМОРО, близок соработник на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров и др. Активно учествувал на конгресот на ТМОРО (1896), вмешан и во пленувањето на Мис Стон. Во Илинденското востание учествувал под псевдонимот „Скендер Бег”. Пред Втората… Continue reading КАМХИ, Рафаел Моше

КАМЧЕВСКИ, Ѓорѓи Милчов

КАМЧЕВСКИ, Ѓорѓи Милчов (Радовиш, 7. Ⅲ 1920 – Скопје, 15. Ⅰ 1988) – полковник, специјалистуролог. Мед. ф. започнува да студира во Белград, а дипломира во Софија. Учесник во НОБ. Специјализација и супспецијализација завршил на ВМА во Белград. Го формирал Одд. за урологија во ВБ во Скопје. Хабилитирал (1972) на Мед. ф. во Скопје, а докторирал… Continue reading КАМЧЕВСКИ, Ѓорѓи Милчов

КАМШИКАРИ

КАМШИКАРИ (Мастигопхора-Флагеллата) – праживотни. Основен белег на оваа класа е присуството на камшици (флагелуми) со чи-јашто помош се движат. Обликот на телото кај различни видови е различен (од вретеновиден до топчест) и зависи од брзината на нивКамшикари ното движење и условите во кои живеат. По-веќето видови се размножуваат бесполово (со проста делба), но има и… Continue reading КАМШИКАРИ

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАЦИЈА

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАЦИЈА . (Торонто, Канада, авг. 1990) – федерација на македонски друштва со примарна дејност лобирање за признавање на независноста на Република Македонијаи нејзин прием во Обединетите Нации. Била активна за обезбедување финансиска и материјална помош за РМ. Сл. Н.-К.

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Врските датираат од почетокот на ⅩⅩ в. (особено по Илинденското востание), кога претходно започнатиот процес на иселување Македонци се интензивира и трае до денес. Во времето и по Балканските војни Македонците во Канада организираат протести (Торонто, Хамилтон) на кои апелираат против поделбата на Македонија. Во септември 1913 г. во Торонто се… Continue reading КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ДОМ , ИСЕЛЕНИЧКИ ЦЕНТАР

„КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ДОМ“, ИСЕЛЕНИЧКИ ЦЕНТАР (Торонто, Онтарио, Канада, 1969) – центарот (со комплексот модерни згради), целосно е ставен во функција во 1979 г. Во рамките на Центарот се активни и Женската секција „ќерките на Македонија“ (формирана во 1977) и Канадско-македонското историско друштво со својата библиотека. Сл. Н.-К.

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ИСТОРИСКО ДРУШТВО

КАНАДСКО-МАКЕДОНСКО ИСТОРИСКО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1991 ‡) – собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот. Организира предавања од областа на македонската историја, јазикот и културата. Сл. Н.-К.

КАНДИЛКА, МАКЕДОНСКА

КАНДИЛКА, МАКЕДОНСКА .(Фритиллариа мацедоница Борнм.) – флористички субендемит од фамилијата Лилиацеае (кринови), познат за планините Јабланица и Дешат. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхре-Македонска атенед Плантс). Вл. М. кандилка Глигор Каневче

КАНЕВЧЕ, Глигор

КАНЕВЧЕ, Глигор (Охрид, 1. Ⅰ 1946) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола по предметите термодинамика, одржлив енергетски развој и индустриски сушари. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1969), а докторирал на Универзитетот во Нови Сад (1982). Се вработува во фабриката „Индустрија за прецизна механика” во Белград. Од 1970 до 1983 г. е вработен… Continue reading КАНЕВЧЕ, Глигор

КАНЕВЧЕ, Љубица

КАНЕВЧЕ, Љубица (Панчево, 25. IX 1946) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола (предава Операциони истражувања, Теорија на одлучување, Технички мерења и Нуклеарни реактори). Дипломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирала на Машинскиот факултет при Универзитетот во Белград (1992). Се вработува во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич – Винча”. Од… Continue reading КАНЕВЧЕ, Љубица

КАНТАРЏИЕВ, Ристо Борисов

КАНТАРЏИЕВ, Ристо Борисов (Струмица, 13. Ⅴ 1917 – Скопје, 27. Ⅴ 2001) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа (1938), студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Белград (1949), докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1960). Бил учител во повеќе места во Гевгелиско. Од 1950 до пензионирањето (1983) работел на Филозофскиот факултет во Скопје (ред.… Continue reading КАНТАРЏИЕВ, Ристо Борисов

КАНТАРЏИЕВ, Чудомир Петров

КАНТАРЏИЕВ, Чудомир Петров (Сливен, 23. IX 1883 – Пловдив, 17. IX 1924) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Во 1904 г. станува четник на Јане Сандански, член на Серскиот окружен револуционерен комитет и окружен ревизор на четите во тој крај. По Младотурската револуција се легализира и дејствува на културно-просветното издигнување на серското население. Како… Continue reading КАНТАРЏИЕВ, Чудомир Петров

КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, Елизабета

КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, Елизабета (Велес, 30. Ⅵ 1970) – асистент на ЕУ, министер за култура. Средното образование го завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито” во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет (социологија) во Скопје (1993). Магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на истиот факултет на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната… Continue reading КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, Елизабета

КАПАН АН

КАПАН АН .(Скопје, Стара чаршија, сред. ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден под ктиторство на Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Името го добил според големиот јавен кантар (ар.: каббан), кој се наоѓал пред неговиот главен влез. Има површина од 1.086 м², а на двата ката се нижат вкупно 44… Continue reading КАПАН АН