КАПАН АН

КАПАН АН .(Скопје, Стара чаршија, сред. ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден под ктиторство на Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Името го добил според големиот јавен кантар (ар.: каббан), кој се наоѓал пред неговиот главен влез. Има површина од 1.086 м², а на двата ката се нижат вкупно 44 простории. Служел како ан до Втората светска војна, а денес во овој простор се сместени занаетчиски и угостителски дуќани. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Капан ан во Скопје, „Гласник на ИНИ”, бр. 3, Скопје, 1976; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлџ Мимарџ Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, Истанбул, 1981. Др. Ѓ.