ИНСЕКТИ, ПАРАЗИТИ И ПРЕДАТОРИ

ИНСЕКТИ, ПАРАЗИТИ И ПРЕДАТОРИ – инсекти што паразитираат или се хранат со други инсекти штетни за шумите, многу значајни за природната редукција и регулација на последниве. Во категоријата штетни инсекти во лисјарските шуми на Република Македонијапозначајни се: Еупроцтис цхрѕсоррхоеа Л. – жолтомешка, Портхетриа диспар Л. – губар, Тортриџ виридана Л. – зелен дабов свиткувач., Оперопхтера… Continue reading ИНСЕКТИ, ПАРАЗИТИ И ПРЕДАТОРИ

ИНСТАЛАЦИЈА

ИНСТАЛАЦИЈА -. облик на просторно ликовно изразување преку слики, скулптури, објекти, готови предмети, видео. Како појава се актуализира во 60-тите, а кај нас во 70-тите години со привремените инсталации на С. Узуновски. Г. Стефанов и П. Николоски во 80-тите години ја решаваат илустрацијата со скулптурални форми, во 90-тите години се јавуваат покомплексни илустрации со наративни… Continue reading ИНСТАЛАЦИЈА

ИНСТИТУТ ЗА БИОЛОГИЈА

ИНСТИТУТ ЗА БИОЛОГИЈА – постои од 1946 г., со основањето на Природно-математичкиот оддел во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје. Во составот на оваа високообразовна и научна институција е до основањето на Природно-математичкиот факултет (1976). Во изминатиот период, Институтот за биологија структурно и организициски се состоеше од три заводи: Завод за ботаника, Зоолошки завод и… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА БИОЛОГИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ИНФОРМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА ИНФОРМАТИКА – институција формирана (1985) во рамките на ПМФ, од членови на реформираниот Математички факултет. Институтот обезбедува настава за своите додипломски и постдипломски студии по информатика и за информатичките предмети на повеќе факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а се грижи за развојот на компјутерските науки и алгебрата. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија,… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА ИНФОРМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА (Скопје, 26. Ⅰ 1998) – научен институт во рамките на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”. Формиран е со одлука на Владата на РМ, како самостојна научна установа, а подоцна, цо одлука на Универзитетскиот сенат (5. Ⅱ 1999) е здружен во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Неговиот зародок беше како… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

ИНСТИТУТ ЗА МАТЕМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА МАТЕМАТИКА – формиран (1985) во рамките на ПМФ, како наследник на Математичкиот институт и Математичкиот факултет. Организиран е во пет заводи и три студиски насоки. Обезбедува настава по математика за додипломските и постдипломските студии на ПМФ и други факултети, ја организира научната работа на своите членови и образува математички кадар за сите степени… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА МАТЕМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА (Скопје, 22. Ⅷ 1948) – јавна научна установа во РМ. Основан со Уредба на Владата на НРМ од 22 јули 1948 г. да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ и на малциските заедници во Македонија. Во 1965 г. бил донесен Законот за ИНИ, со кој улогата на основач ја… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА .- студиска група на Филозофскиот факултет во Скопје (Катедра за психологија, ННСГ за психологија). Наставно-научната дејност ја започна во 1974/75 г. Во почетокот, носители на наставниот процес се шестмина наставници и соработници: проф. д-р Ристо Ѓорѓевски, доц. д-р Наум Тодороски, пред. м-р Јаков Лазароски и асистентите м-р Томе Николоски, м-р Зоран Стојановски… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА

ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА – еден од институтите на ПМФ, се состои од 4 заводи: Теориска физика, Физика на кондензирана материја, Оптика и спектроскопија и Методика на наставата по физика. Потекнува од Катедрата за физика на Филозофскиот факултет (1946) што прераснува во Институт (1955). Од 1958 г. е во состав на ПМФ. Од 1977 до 1985… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА ФИЗИКА

ИНСТИТУТ ЗА ФИЛОЗОФИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ФИЛОЗОФИЈА – .една од најстарите студиски групи на Филозофскиот факултет (Катедра за филозофија, ННСГ за филозофија). Неговото настанување и дејноста се поврзани со отворањето на скопскиот Филозофски факултет (1920), како и со возобновувањето и развојот на (в.) Филозофскиот факултет во Скопје (1946). Во првите три години, филозофската група предмети се изучувала заедно со… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА ФИЛОЗОФИЈА

ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИЈА ПРИ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ

ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИЈА ПРИ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ – центар на наставната и научната работа од областа на хемијата кај нас. Високошколската настава по хемија е започната во 1946 г. на Катедрата по хемија на Филозофскиот факултет. На почетокот имало само еден асистент (Димче Тошев). Во учебната 1947/48 г. тој е избран за предавач по неорганска хемија,… Continue reading ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИЈА ПРИ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ

ИНСТИТУТИ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНСТИТУТИ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Институт за анатомија – наставна и научна институција на Мед. ф. во Скопје. Основач проф. д-р Зденко Крижан (1947). Институт за белодробни заболу-Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Скопје Институтот за белодробни заболувања кај децата (Козле), Скопје вач проф. д-р Глигор Муратовски (1947). Институт за белодробни заболувања… Continue reading ИНСТИТУТИ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ. Динамиката и одржливоста на економскиот раст и развој се под силно влијание на институциите – нивниот квалитет, ефикасност и кредибилитет. Посебно значајни за економскиот раст и развој се четири типа институции: судските институции, задолжени да ги шти-тат сопственичките права и да обезбедуваат ефикасност на договорите, како битна претпоставка за поттикнување на инвестициите и за… Continue reading ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ. Во земјата се регистрирани и работат девет друштва за осигурување, едно друштво за осигурување и реосигурување, четири осигурителни брокерски друштва и Националното биро за осигурување. Тие се: ад за осигурување и реосигурување „Кјуби МакедонијаСкопје; ад за осигурување „ВардарСкопје (во меѓувреме откупено од „Триглав” – Љубљана); ад… Continue reading ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ

ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ. Во земјата се регистрирани и работат девет друштва за осигурување, едно друштво за осигурување и реосигурување, четири осигурителни брокерски друштва и Националното биро за осигурување. Тие се: ад за осигурување и реосигурување „Кјуби МакедонијаСкопје; ад за осигурување „ВардарСкопје (во меѓувреме откупено од „Триглав” – Љубљана); ад… Continue reading ИНСТИТУЦИИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ ВО РМ

ИНТЕРНЕТ во Македонија

ИНТЕРНЕТ во Македонија – најмалку 25% од граѓаните и 11% од семејствата имаат пристап до Интернет. Околу 45% од нив поминуваат 1 час неделно на Интернет. Најголем дел од корисниците се на возраст од 16 до 24 години. Факторите што влијаат на оваа состојба се високите цени на пристапот и опремата, недостигот на содржини, образованието… Continue reading ИНТЕРНЕТ во Македонија

ИНТЕРФЕСТ БИТОЛА

ИНТЕРФЕСТ – БИТОЛА .- меѓународен фестивал на класична музика. Се одржува секоја година (2-12. Ⅹ), под покровителство на Министерството за култура на РМ. Формиран е во 1992 г. Основачи се пијанистката Милица шперовиќ-Рибарски (уметнички раководител) и тромбонистот Кирил Рибарски (директор). Придружни активности: меѓународен натпревар по пијано, мајсторски Тромбонистот Кирил Рибарски, директор на Интерфест – БитолаContinue reading ИНТЕРФЕСТ БИТОЛА

ИНТЕРЦЕПЦИЈА НА ВРНЕЖИТЕ ВО ШУМСКИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

ИНТЕРЦЕПЦИЈА НА ВРНЕЖИТЕ ВО ШУМСКИТЕ ЕКОСИСТЕМИ – во Македонија има мал број истражувања на интерцепцијата на врнежите во шумските екосистеми. Таа е изучувана во дабовиот плоскачево-церов екосистем во Националниот парк „Галичица” и во горскиот буков екосистем во Националниот парк „Маврово”. Под интерцепција се подразбира задржувањето на врнежите од биомасата на надземните органи. Просечно, таа изнесува… Continue reading ИНТЕРЦЕПЦИЈА НА ВРНЕЖИТЕ ВО ШУМСКИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

ИНФОРМБИРО

ИНФОРМБИРО (Полска, 1947) – биро за меѓусебно информирање на комунистичките парти. ИБ било основано по иницијатива на СССР. Првин седиштето му било во Белград (до 1948). Поради неговото трансформирање во центар за раководење со комунистичките партии дошло до политички и идеолошки судир во 1948 г. помеѓу КПЈ и Јосип Броз Тито, од една страна, и… Continue reading ИНФОРМБИРО

ИРАКЛИЈ

ИРАКЛИЈ (575–641) – византиски цар (610–641). Спровел успешни реформи за преродба на царството; вовел јазична елинизација, ја заменил римската царска титула со титулата „василевс”, востановил нова воено-управна провинциска организација (теми) во малоазиските владенија. Водел Просечна стапка на инфлација Извор: Билтен на Министерството за финансии, Скопје, 11/12 2007, стр. 61. ИЗВ.: Министерството за финансии на РепубликаContinue reading ИРАКЛИЈ

ИРЕНА

ИРЕНА (? – 1015) – царица (1014–1015), жена на цар Гаврил Радомир. Византиска благородничка од Лариса, заробена при Самуиловото заземање на градот (986). Во неа се вљубил престолонаследникот Гаврил Радомир и ја зел за жена, откако ја протерал бремената сопруга (унгарска принцеза). Со Гаврил Радомир имала пет сина и две ќерки. Била убиена по наредба… Continue reading ИРЕНА

ИСА-бег

ИСА-бег (втора половина на ⅩⅣ в. – Сараево, БиХ, меѓу 1469– 1475) – османлиски војсководец, управител на Скопје (1414–1444) и истакнат ктитор на верски и други јавни објекти. Бил син на Исхак-бег и внук на Јигит-паша (освојувачот на Скопје и прв командант на Скопското краиште). На должноста трет краишки војвода, го заменил својот татко. Се… Continue reading ИСА-бег

ИСА-бег

ИСА-БЕГ (ⅩⅤ в) – управник на Скопското воено краиште (1444– 1463). По заземањето на Босна (1463) бил назначен за нејзин санџакбег. Одржувал трговски врски со Дубровник и бил еден од најголемите феудалци во тоа време. Во Скопје изградил повеќе профани и сакрални објекти, од кои најпозната е неговата џамија, во чиј комплекс имало и библиотека… Continue reading ИСА-бег