ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА (Скопје, 22. Ⅷ 1948) – јавна научна установа во РМ. Основан со Уредба на Владата на НРМ од 22 јули 1948 г. да ја проучува историјата на Македонија и македонскиот народ и на малциските заедници во Македонија. Во 1965 г. бил донесен Законот за ИНИ, со кој улогата на основач ја презело Собранието на СРМ. Законот ги прецизирал неговите задачи. Од 1981 г. Институтот е член на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со најновото законодавство на РМ, Институтот е дефиниран како јавна научноистражувачка и образовна установа. Образовна дејност вр(Скопје, 1970), „Речник на маке-Зградата на Институтот за национална историја и на Државениот архив ИНСТИТУТ ши од учебната 1998/1999 г. со добивањето лиценца за организирање постдипломски студии за националната историја и за одбрана на магистерски и докторски дисертации од историските науки. Институтот е организиран во научни одделенија што се занимаваат со проучување на одделни периоди од историското минато, а има и стручни одделенија. Поседува богата стручна историска библиотека и неколку фондови и збирки архивска документи. Има развиено богата издавачка дејност. Од 1957 г. објавува свое научно списание „Гласник“, кое во изминатиов период редовно излегува со по три броја годишно. Во 1969 г. ја објави првата Историја на македонскиот народ (во три тома), од група автори, под редакција на акад. Михаило Апостолски (претседател), д-р Данчо Зографски, д-р Иван Катарџиев, акад. Блаже Конески, проф. Љубен Лапе, акад. Димитар Митрев и д-р Христо Андонов-Полјански. Една година подоцна објави скратена верзија на Историјата на македонски и во превод на англиски, француски и руски јазик. Од 1998 до 2002 г. го објави петтомното издание Историја на македонскиот народ, од група автори, под редакција на д-р Крсте Битовски, д-р Новица Велјановски (претседател), д-р Иван Катарџиев, д-р Бранко Панов и д-р Александар Стојановски. Во 2000 г. го објави изданието Македонски историски речник (од група од над 40 автори), под редакција на д-р Стојан Киселиновски (главен уредник), д-р Коста Аџиевски, д-р Александар Стојановски, д-р Александар Трајановски, д-р Миле Михајлов и д-р Новица Велјановски. ИНИ објави над 300 одделни монографии, зборници од научни трудови, зборници од документи и др. изданија. Неговите соработници имаат објавено над 4. 000 научни библиографски единици во издание на ИНИ или од други издавачи. ЛИТ.: Група автори, Педесет години Институт за национална историја 19481998 ”., ИНИ, Скопје, 1998. Н. В.