ЕДХЕМИЈА – дервишки ред. Основан по смртта на Ибрахим бин Едхем од областа Белха, во Иран, кој живеел во Ⅷ в. Учењето им се состоело во тоа секој да живее од резултатите на својот труд, а смислата во животот да биде ширењето на исламот. Редот бил слабо присутен и во Македонија, каде што има зачувано… Continue reading ЕДХЕМИЈА
Tag: Е
ЕЖОВИ
ЕЖОВИ (Еринацеидае) – фамилија од редот инсектојадни цицачи (Инсецтивора), со вкупно 21 вид, кои ја населуваат Африка, Европа и Азија. Во Македонија, како и во цела Југоисточна Европа се среќава само еден вид еж (Еринацеус цонцолор). ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек,… Continue reading ЕЖОВИ
ЕЗЕРА
ЕЗЕРА. Во Република Македонијаима над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акуНајниското планинско езеро Локув на планината Дешат (1.565 м) мулации. По своето значење се… Continue reading ЕЗЕРА
ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ
ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ. Сите природни езера во Македонија образуваат езерски екосистеми, кои им овозможуваат развој и саморегулација на живите организми, условени со заемните односи на автотрофните планктонски, субмерзни и хетеротрофните организми (риби, инвертебрати и микроорганизми), низ кои протекуваат потоци на енергија и материи. Во Македонија се среќаваат сите три вида езерски екосистеми: олиготрофни (сиромашни води со… Continue reading ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ
ЕЗЕРЦИ
ЕЗЕРЦИ – многубројно и воинствено словенско племе, кое се населило на Пелопонез (Ⅶ в.), во плодната долина на Лаконија, а подоцна се повлекле кон планината Тајгет. Заедно со Милинзите броеле од 20 до 25 илјади луѓе, населувале територија од околу 750 2 км . Ја зачувале својата самостојност до почетокот на IX в., кога биле… Continue reading ЕЗЕРЦИ
ЕЈИ
ЕЈИ (Цирцус) – средно големи грабливи птици со долги крилја и опашка и со писки. Во Македонија се среќаваат четири видови: блатна еја (Цирцус аеругиносус), полска еја (Цирцус цѕанеус), ливадска еја (Цирцус пѕгаргус) и степска еја (Цирцус мацроурус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004;… Continue reading ЕЈИ
ЕЈУПИ, Туна Перихан
ЕЈУПИ, Туна Перихан (Скопје, 20. Ⅲ 1955) – актерка. Член на Турската драма во Театарот на народностите од 1972 г. Улоги: Коштана; Зона Замфирова; Каста Дива во истоимените дела, Софие („Угурсуз”); Ленче („Бегалка”); Клодија („Тетовирани души”); Гертруда („Крал Хамлет”); Туна Ејупи Регана („Крал Лир”); Настасја („Идиот”); Дона Елвира („Дон Жуан”); Хурмуз („Хурмуз и нејзините седум… Continue reading ЕЈУПИ, Туна Перихан
ЕКА
ЕКА (национална и социјална заштита) – грчка организација во Егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна. Била формирана во октомври 1943 г. во Кожанско од мајорот на грчката војска Папавасилиу и дејствувала во селата на подножјето на планината Каракамен. Се борела против грчкото македонско ослободително и антифашистичко движење. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во… Continue reading ЕКА
ЕКОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ
ЕКОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ – гранка на општата екологија, наука за односите на шумските дрвја и нивните заедници врз околината, за влијанието на околината врз нив и за нивните промени под влијание на внатрешните и надворешните фактори. Овој збир појави се разгледува од биолошки и од стопански аспект. На тој начин, оваа наука овозможува подобро и… Continue reading ЕКОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ
ЕКОЛОШКА МРЕЖА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЕКОЛОШКА МРЕЖА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – дел од европската еколошка мрежа (ПЕЕМ – Паневропска еколошка мрежа; ПЕЕН – Пан Еуропеан Ецологицал Нетњорк; Натура 2000). Произлегува од Конвенцијата за биолошката и за пределската разновидност (ООН, 1992). Се засновува на заштитата на природните хабитати, флората и фауната, со воспоставување природни врски меѓу нив. Обезбедува одржување на биолошката… Continue reading ЕКОЛОШКА МРЕЖА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАУКА
ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАУКА – го изучува алоцирањето, т.е. разместувањето на ретките ресурси кон точките на нивната рационална употреба. Според синтетичкиот концепт за предметот на изучување на економијата на нобеловецот Пол Семуелсон, економијата треба да одговори на три клучни прашања: што да се произведува? Како да се произведува? За кого да се произведува? Иако луѓето се… Continue reading ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАУКА
ЕКОНОМСКА НЕЕДНАКВОСТ
ЕКОНОМСКА НЕЕДНАКВОСТ – диспаритети во дистрибуцијата на доходот меѓу поединците и групите во општеството. Нееднаквоста обично претставува дел од пошироката анализа на сиромаштијата и благосостојбата. Општоприфатено мерило на нееднаквоста е Џини коефициентот, кој се пресметува врз основа на Лоренцовата крива, која е визуелно мерило на нееднаквоста и го покажува процентот од доходот присвоен од страна… Continue reading ЕКОНОМСКА НЕЕДНАКВОСТ
ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ СКОПЈЕ
ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ СКОПЈЕ .– основан од Владата на НРМ, со Уредба бр. 704 од 30. Ⅵ 1952 г., како самостојна научноистражувачка институција при Советот на Владата. Институтот извршува научноистражувачка и образовна дејност. Истражувачката дејност е од областа на економската теорија, развојната и апликативната економија. Поголемиот дел од научноистражувачките активности се објавуваат во посебни книги, списанија,… Continue reading ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ СКОПЈЕ
ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ
ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ – фундаментално поврзан развој со засилувањето на факторите на продуктивниот капацитет на националната економија – земјата, трудот, капиталот и технологијата низ времето. Во поширока смисла, економскиот развој претставува постојан пораст на стандардот на живеење, што подразбира пораст на пер цапита доходот, подобро образование и здравје и заштита на човековата околина. Динамиката… Continue reading ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ
ЕКОНОМСКИ СПИСАНИЈА
ЕКОНОМСКИ СПИСАНИЈА. Во Република Македонијаизлегуваат неколку периодични економски списанија (месечни или квартални). Од нив ќе ги издвоиме следниве: „Стопански преглед” (сп. на Сојузот на раст и поширок економски развој, економистите на Македонија); 1997 1,4 проследен со интензивни струк„Прилози” (на Одделението за 1998 3,44 турни трансформации. Моделот општествени науки на МАНУ); на економски развој беше екстен-1999… Continue reading ЕКОНОМСКИ СПИСАНИЈА
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП. Започна со работа од 1960 г., кога во Прилеп беше основана Вишата економско-книговодствена школа, која по неколку години прерасна во Висока економска школа (1966), со специјализирана настава и насоченост кон аналитичко-финансиското и комерцијалното работење, а од неа произлезе Економскиот факултет (1973). Прв декан на овој факултет беше професорот Љупчо Аџи Митрески.… Continue reading ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ (14. XI 1950) – редоследно петти факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, основан со Уредба на Владата на НРМ „со цел теоретски да се изградуваат и практично да се подготвуваат висококвалификувани економски кадри”. По првата учебна година бил преименуван во Правно-економски факултет со два отсека – Правен и Економски (3.… Continue reading ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА. Поради различните климатско-вегетациски почвени подрачја на копното во РМ, се разликуваат повеќе видови копнени и водени екосистеми, претставени номија, за маркетинг, за финан-Екосистеми во Македонија Планината Караџица со природните езера. Од водните екосистеми најзначаен е екосистемот на Охридското Езеро, кој по својата продуктивност спаѓа во олиготрофни екосистеми, за разлика од Преспанското Езеро,… Continue reading ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА
ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА
ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА – гранка на токсикологијата што се занимава со токсичните ефекти предизвикани од загадената животна средина врз конституентите на екосистемите: животните (вклучувајќи ги и луѓето), растенијата и микроорганизмите, во еден интегрален контекст (Трухаут, 1969). Екотоксикологијата се смета за интеграција на екологијата и токсилогијата, или, според Цхапмен (2002), таа претставува екологија во присуство на токсиканти. Вака… Continue reading ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА
ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА, АКВАТИЧНА
ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА, АКВАТИЧНА – наука што ги изучува потенцијалните ефекти на загадувачите врз водените екосистеми. Оваа научна област е во постојан подем и нејзините резултати имаат сè поголемо значење за стопанството, за правната регулатива и за бројните еколошки организации. Таа е интердисциплинарна наука, која ги опфаќа екологијата, физиологијата, биохемијата, молекуларната биологија и хемијата. Испитувањата имаат цел… Continue reading ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА, АКВАТИЧНА
ЕКОЦИД
ЕКОЦИД – специфичен термин (со потекло од ’геноцид’) најчесто употребуван за опишување на леталните антропогени влијанија врз природните екосистеми, пред сè, преку нивно неодржливо користење за потребите на друг процес или систем. Примери: дренирањето на нашите природни блатски екосистеми, како: Стенското, Арачиновското, Катлановското Блато, поради епидемиите на маларија и сушењето на Дојранското Езеро. Св. К.… Continue reading ЕКОЦИД
ЕКСПРЕСИОНИЗАМ
ЕКСПРЕСИОНИЗАМ . (лат. еџпримере – да изрази) – меѓународно движење во уметноста што се тите години од ХХ век и се во постојан подем. Д. Р.-З. Петар Мазев: Композиција 11 (1989) развива меѓу 1905 и 1920 г. Акцентот го става на внатрешните (психолошки, духовни, егзистенцијални) доживувања на уметникот. Сликите на Н. Мартиноски (1929 ‡1933) се… Continue reading ЕКСПРЕСИОНИЗАМ
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – одземање или ограничување на правото на сопственост на земја со надомест, што се врши со посебен акт на државен орган. Се изведува во случаи на потреба за изградба на патишта, железнички линии, канали, рудници, населби, индустриски објекти и др. Др. Ѓош. Ела во зимски пејзаж
ЕЛА
ЕЛА -. (А. алба Милл., фам. Пинацеае) – големо иглолисно дрво од Средна и Јужна Европа. Има моноподијален раст со прешленовидно разгранување и мазна кора. Игловидните листови се кратки, на врвот засечени со две бели линии од гр-бот, спирално распоредени, расчешлани. Расплодните органи се реси, при што од женските се формира крупна, исправена шишарка со… Continue reading ЕЛА