ЕЗЕРЦИ

ЕЗЕРЦИ – многубројно и воинствено словенско племе, кое се населило на Пелопонез (Ⅶ в.), во плодната долина на Лаконија, а подоцна се повлекле кон планината Тајгет. Заедно со Милинзите броеле од 20 до 25 илјади луѓе, населувале територија од околу 750 2 км . Ја зачувале својата самостојност до почетокот на IX в., кога биле потчинети од Византија. Кревале востанија против византиската власт, но не успеале да ја вратат самостојноста. ЛИТ.: Т. ЖивковиÊ, Јужни Словени под византијском влашÊу (600–1025), Београд, 2002. К. Аџ. Еја