ЕБРД индикатори за прогресот на транзицијата во РМ за 2005 г

ЕБРД индикатори за прогресот на транзицијата во РМ за 2005 г. Учество на приватниот сектор во ГДП во % 65 Голема приватизација 3+ Мала приватизација 4 Управување и реструктуирање на претп. 2+ Ценовна либерализац. 4 Трговска либерализација 4+ Политика на конкуренција 2 Реформа на банкарскиот сектор 3 Пазар на долгорочни хартии од вредност и нефинансиски институции 2 Инфраструктурни реформи 2 ИЗВ.: ЕБРД, Транситион репорт за соодветните години. ценовна стабилност до

Прочитај »

ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС

ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС -. македонски ракопис од поч. на ⅩⅠⅠⅠ век. Се чува во библиотеката на РАН во Санкт Петербург, сигн. 24. 4. 25, а спаѓа во збирката на Срезневски. Зачувани се 199 цели пергаментни листови и 19 фрагменти, залепени на хартија. Кодексот е палимпсест, пишуван е врз грчки текст од кој е зачувана и една заставка. Илуминацијата е архаична. В. Д. ЕВАНГЕЛИСТИЧКА ЦРКВА во Република Македонија – верска заедница вклучена

Прочитај »

ЕВАНС, Артур Џон

ЕВАНС, Артур Џон (Еванс, Артхур Јохн) (Неш Милс, Велика Британија, 8. Ⅶ 1851 – Јоулбери, Велика Британија, 11. Ⅶ 1941) – археолог, втмелувач на истражувањата и проучувањата на критската цивилизација. Дипломирал историја на Универзитетот во Оксфорд (1874). Во 1877 г. бил назначен за специјален известувач од Балканот. Од април до септември 1883 г. патувал низ тогашните простори на Македонија, на Грција и на Бугарија и убицирал повеќе археолошки локалитети, како:

Прочитај »

ЕВЛИЈА Челеби

ЕВЛИЈА Челеби (Евлиѕа Ýбн Дер-вис Мехмед Зилли) (1611 – 1688) – најпознат османлиски патописец. Пропатувал низ Османлиското Царство и го напишал големиот „Патопис” („Сејахатнаме”) со едЕвлија Челеби ноставен стил. Во него се опфатени земјите, краевите, градовите, паланките по кои патувал. Сејахатнамето содржи вкупно 10 големи томови, средувани хронолошки од кои за балканските земји посебно се важни В, Ⅵ, Ⅶ, Ⅷ, бидејќи содржат описи на градовите, паланките и селата. Одломки од

Прочитај »

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА – доселени Евреи што по разни основи доаѓале уште во Римската Империја. Тука се настанувале и формирале свои општини, а се нарекувале Романиоти. Зборувале на грчки јазик. Такви општини имало во Тесалоника (Солун), Стоби (2 синагоги, од Ⅱ и Ⅳ век), во Лихнидос (Охрид), Хераклеја Линкестис (Битола), во Астибо (Штип) и др. Во средниот век од средноевропските земји пристигнале групи Евреи–Ашкенази, кои формирале свои еврејски општини и

Прочитај »

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ (1923–1932) – културно здружение. Неговата дејност била да организира културни и едукативни активности, да дава поддршка на младинските организации, независно од нивните идејни определби и стремежи. Кога во Скопје била основана филијалата на ЊИЗО (1932) сите членки поминале во ова здружение. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.

Прочитај »

ЕВРИДИКА

ЕВРИДИКА – 1. Македонска кралица, жена на кралот Аминта Ⅲ (393/2–370/69 г. пр.н.е.); мајка на Филип Ⅱ; ќерка на Сира, владетел на горномакедонските области. 2. Жена на Птолемај Ⅰ Сотер (323– 283 г. пр.н.е.), ќерка на регент-намесникот на Македонија Антипатар и помлада сестра на кралот на Македонија, Касандар. ЛИТ.: Р. Илјовски, Кој и кога владеел со Македонија, Скопје, 2003. А. шук. Хеленскиот писател Еврипид

Прочитај »

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ. Едно првенство во слободен стил за сениори е одржано во Скопје (1968), на кое настапиле околу 90 борачи од 18 земји. Репрезентацијата на Југославија ја сочинувале само борачите од Македонија. Најдобро пласираните биле: Борче Димовски и Симеон шутев, а освоиле четврто место, со што се здобиле со право да настапат на Олимписките игри во Мексико (1968). Потоа, Европското првенство во борење слободен стил за младинци е

Прочитај »

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ – меѓународна правосудна институција основана со Европската конвенција за основните слободи и човекови права (3. XI 1950 – 3. IX 1953). РМ ја потпишува на 9. XI 1995 г., ја ратификува на 10. Ⅳ 1997 г. и на истиот датум стапува во сила. Судот е надлежен за сите прашања од нејзиното толкување и применување. Прифаќањето на задолжителната надлежност на Судот е претпоставка за

Прочитај »

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ (Битола, 1997) – на него учествувале репрезентации од 28 земји со 186 боксери. Македонската репрезентација била составена од 10 боксери: Фа-тон Салиху, освоил златен медал (до 48 кг), Денис Георгиевски (66 кг) и Дарко Чатлески (77 кг) освоиле бронзени медали, Александар Чурлиновски (45 кг), Тунај Кариманов (51 кг), Вулнет Рустеми (54 кг), Роберто Мемедов (57 кг), Алајдин Јашаров (60 кг), Илчо Радевски (63 кг)

Прочитај »

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС – било одржано во Скопје (2006), за сениори – мажи и жени, во дисциплините лактконтакт, лоу-кик и таи-кик бокс, на кое учествувале вкупно 527 боксери, а од Македонија 36. Според освоените медали: И Русија, Ⅱ Србија и Ⅲ Унгарија, а Македонија го зазела Ⅻ место со 6 медали: во лоу-кик боксот Расим Али-ти освоил сребрен, Александар Стојковски и Иле Ристевски бронзени медали, а во дисциплината таи-кик

Прочитај »

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ (? – 1195/97) – солунски митрополит, византиски црковен и книжевен деец. Митрополит солунски станал во 1175 г. и таму го унапредувал монаштвото. Како книжевен деец ги анимирал античките и ранохристијанските погледи и учења. Ги коментирал „Илијадата” и „Одисејата” од Хомер, комедиите на Аристофан, делата на Пиндар, Духовниот канон на Јоан Дамаскин и др. Автор е на коњектурата „Суда”, на повеќе говори (Епитафот за императорот Манојло и Комнен), на

Прочитај »

ЕВТИМОВ, Александар

ЕВТИМОВ, Александар (Битола, 1874 – Софија, 1939) – учител, публицист, преспански и прилепски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Буф, Леринско, (1895-1896) и раководител на Леринскиот револуционерен округ на ТМОРО, учител во Битола (1899-1900) и член на Месниот комитет и на Окружниот револуционерен комитет на ТМОРО (1900). Преминал во илегалство (1. Ⅳ 1903) и учествувал во Илинденското востание како началник на Горското начелство за Буфскиот револуционерен реон. Продолжувајќи ја

Прочитај »

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – дел од Македонија под власта на Грција. По Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) Грција добила 34.356 км² или 51% од македонската територија. Според јазикот што се зборувал во семејството, во Егејскиот дел на Македонија живеел македонскиот народ и национални малцинства (Турци, Евреи, Грци, Власи и Роми). За обезбедување на своето трајно владеење, грчките влади се стремеле да го сменат етничкиот карактер со протерување на

Прочитај »

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија. – припадници на етникум, кој, според општоприфатените категоризации бил вклучен во ромската етничка група. Последниве години ја истакнуваат својата етничка дистинктивност со нагласување на разликите во потеклото и културните особини за да се стекнат со статус на малцинска заедница. ЛИТ.: „Статистички годишник на Република Македонија“, Скопје, 2005. М. Таш.

Прочитај »

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА (1915) – дивизија формирана од мобилизирани Македонци од сите делови на Македонија од 20 до 40-годишна возраст. штабот на дивизијата се наоѓал во Софија, а командант бил полковникот Крсто Златарев (ро-ден во Охрид). Формациски се состоела од шест македонски и еден бугарски полк. Имала вкупно 33.745 војници и подофицери и 326 офицери. Вооружувањето и офицерскиот кадар го обезбедила бугарската армија. ЛИТ.: Д. Минчев, Формиране

Прочитај »

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (Скопје, 26–27. XI 1944) – организација на левите антифашистички сили. Формирањето и развојот на ЕНОФ во Македонија е од пред Втората светска војна и ги собирал антифашистичките сили како противтежа на растечкиот фашизам. Зајакнал по окупацијата на земјата во 1941 г. и во текот на Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија (1941– 1945). Во тој период се викал Народноослободителен фронт (НОФ). Институционално организирање на ЕНОФ во Македонија

Прочитај »

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 10. Ⅰ 1945) – струкова организација на работниците во Македонија. Основана е со цел да се бори за подобрување на работните и животните услови на работниците, за унапредување на нивната социјално-здравствена заштита и за други работнички права. Функционирањето на еднопартискиот политички систем не допуштал синдикална независност, туку синдикатот бил составен дел на тој систем. По 1991 г. постојат независни синдикати по струки и дејности. ЛИТ.:

Прочитај »

ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДИПОВСКИ, Дургут (Кратово, 17. Ⅹ 1937 – Скопје, 21. Ⅳ 1991) – општественик. Бил член на СКМ (1959). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1961) и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на град Скопје (1961-1965). Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар на секретаријатот за индустрија и рударство при Стопанската комора на Македонија, член на Економскиот совет

Прочитај »