ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1943). Пред крајот на 1942 г. биле завршени подготвителните активности за физичкото ликвидирање на македонските Евреи. Сиот имот на еврејските општини во Македонија (Скопје, Битола и Штип) бил конфискуван во полза на бугарската држава. Во текот на јануари 1943 г. било ограничено нивното двиДепортација на Евреите од… Continue reading ДЕПОРТАЦИЈА НА ЕВРЕИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
Tag: Д
ДЕРВЕНСКА КЛИСУРА
ДЕРВЕНСКА КЛИСУРА – клисура на реката Вардар. Се протега од утоката на Беловишка Река до с. Рашче во должина од 21,5 км. Всечена е во тријаските варовници на Жеден од десната страна и Градиште и Долги Рид од левата страна на Вардар. Ги поврзува Полошката Котлина на северозапад и Скопската Котлина на југоисток. Во клисурата… Continue reading ДЕРВЕНСКА КЛИСУРА
ДЕРВЕНЏИ, Васо Ташков
ДЕРВЕНЏИ, Васо Ташков (Крушево, 11. Ⅻ 1920) – фармацевт, основоположник на Институтот по фармакогнозија при Фарм. ф. во Скопје и предавач. Дал особен придонес во проучувањето на растителните видови и автор е на три книги од областа на фармакогнозијата: „Наши лековити растенија”, „Наши лековити растенија и нивна примена” и „Природни лековити и ароматични суровини”. Л.… Continue reading ДЕРВЕНЏИ, Васо Ташков
ДЕРЖАВИН, Николај Севостјанович
ДЕРЖАВИН, Николај Севостјанович (с. Преслав, Бердјански у., Тавричка губ., Русија, 3/15. Ⅻ 1877 – Ленинград, 26. Ⅱ 1953) – руски славист-историчар и литературолог. Професор по славистика и ректор на Ленинградскиот државен универзитет, редовен член на АН СССР (1931) и директор на Институтот за славистика на АН СССР во Лениград (1931-1934). Пишува за руско-бугарските врски, за… Continue reading ДЕРЖАВИН, Николај Севостјанович
ДЕСЕТОК
ДЕСЕТОК – шеријатска давачка во висина од една десетина од земјоделското производство што рајата во Османлиската Империја ја давала на феудалниот господар. Висината понекогаш изнесувала и една осмина или седмина од производството. Со развојот на стоковно-паричните односи бил собиран во пари. ЛИТ.: Евлија Целеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ,… Continue reading ДЕСЕТОК
ДЕСЕТОК
ДЕСЕТОК ВО НОВ (спаилак) – давачка позната од времето на Османлиската Империја (до 1912), повторно воведена во 1942 г. на територијата на Западниот дел на Македонија, окупирана од италијанската војска. Преку десетокот полесно се наплатувале даноците од страна на власта и се обезбедувало непречено снабдување со земјоделски производи на италијанската војска. Се собирал во натура… Continue reading ДЕСЕТОК
ДЕСЕТОК ВО НОВ
ДЕСЕТОК ВО НОВ (спаилак) – давачка позната од времето на Османлиската Империја (до 1912), повторно воведена во 1942 г. на територијата на Западниот дел на Македонија, окупирана од италијанската војска. Преку десетокот полесно се наплатувале даноците од страна на власта и се обезбедувало непречено снабдување со земјоделски производи на италијанската војска. Се собирал во натура… Continue reading ДЕСЕТОК ВО НОВ
ДЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (месноста Црвена Вода кај с. Зборско, на пл. Кожуф, 22. Ⅷ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 350 борци, главно од Втората македонска НОУБ, а по два дена им се приклучиле и други доброволци, па бројниот состав нараснал на околу 450 борци.… Continue reading ДЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
ДЕСЕТТИ ПЛЕНУМ НА БРП
ДЕСЕТТИ ПЛЕНУМ НА БРП(к) (Софија, 9-10. Ⅷ 1946) – проширен пленум на БКП одржан под раководство на Георги Димитров на кој била донесена Резолуција за македонското прашање. На Пленумот Димитров изјавил дека не постојат три, туку една Македонија, еден македонски народ што како посебен народ треба да се обедини во составот на ФНРЈ. За почеток… Continue reading ДЕСЕТТИ ПЛЕНУМ НА БРП
ДЕСОВСКИ, Зоран
ДЕСОВСКИ, Зоран (Скопје, 29. Ⅷ 1949) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1996) по предмети од областа на бетонот, армиранобетонските и преднапрегнатите конструкции. Докторирал во областа на мостовите, коишто се негов главен интерес и во неговата натамошна богата научноистражувачка и апликативна работа. Љ. Т. Вангелија Десподова
ДЕСПОДОВА, Вангелија
ДЕСПОДОВА, Вангелија (с. Галишта, Костурско, 16. Ⅰ 1941) – филолог, научен советник во Институтот за старословенска култура од Прилеп (во пензија). Како дете-бегалец десет години живеела во Чехија (1948-1958), каде што завршила основно образование и класична гимназија. По до-аѓањето во Скопје (1958), дипломирала на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1963). На истиот… Continue reading ДЕСПОДОВА, Вангелија
ДЕСПОТОВ, Мирче
ДЕСПОТОВ, Мирче (Осој, 1802 – ?, 1883) – мајстор, градител и резбар. Работел во Дебар и во други градови во Македонија. Ја изградил и ја декорирал Јени-џамијата во Дебар, наречена „Мирче Џамиси”, касарните во Дебар, а со мајсторот Алексо Черепналкоски градел и беговски конаци во Дебар. Во Тетово ги изградил Хаки-пашините конаци. Неговиот син Алексо… Continue reading ДЕСПОТОВ, Мирче
ДЕСПОТОВСКИ-ШОВЕЉ, Благоја
ДЕСПОТОВСКИ-ШОВЕЉ, Благоја (Дебар, 1919 – Скопје, 7. Ⅹ 1941) – молерски работник, првоборец. Во родниот град завршил основно училиште, а во потрага по вработување работел во бродоградилиштето во Сремска Митровица (1937-1938), каде што станал член на УРС-овите синдикати. По враќањето во Скопје (1939) работел во Пиротехничкиот завод во Ѓорче Петров. Како член на КПЈ (од… Continue reading ДЕСПОТОВСКИ-ШОВЕЉ, Благоја
ДЕТЕЛИНИ
ДЕТЕЛИНИ – сите видови од фамилијата Фабацеае, освен луцерката. Статистиката во нашата Република ги води како детелини, што е погрешно. Детелини се само видовите од родот Трифолиум. Во Република Македонијасе одгледуваат на околу 2.000 ха, со просечен принос од околу 3.000 кг/ха сено. Позначајни видови од повеќегодишните се: црвена детелина (Трифолиум претенсе Л.); бе-ла детелина… Continue reading ДЕТЕЛИНИ
ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
ДЕТСКИ ГРАДИНКИ -. вид предучилишни установи. Особено интензивен развиток доживуваат по ослободувањето на Македонија. Дејноста на детските градинки се состои во згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание и образование, спортскорекреативни и културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционални-Активности во детската градинка „Пинокио” от и социјалниот развој… Continue reading ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
ДЕТСКИ ЈАСЛИ
ДЕТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ДЕТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ -. организирани форми на здружување на децата. Во Македонија постојат повеќе видови детски организации: центри за детско творештво, клубови во областа на техниката, науката и спортот, организации за одмор и рекреација, подмладоци на Црвен крст и сл. Најпозната и најмасовна детска организација до почетокот на деведесеттите години на минатиот век била пионерската организација.… Continue reading ДЕТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ДЕФЕКТОЛОГИЈА
ДЕФЕКТОЛОГИЈА -. научна дисциплина што се занимава со теориско и практично проучување на проблемите на лицата со пречки во развојот, како и со посебните потреби во однос на нивната социјална интеграција. Во Македонија научен интерес кон оваа проблематика се пројавува по Ослободувањето, кога се отвораат и првите установи за згрижување на вакви лица, посебно на… Continue reading ДЕФЕКТОЛОГИЈА
ДЕЦА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„ДЕЦА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Торонто, Канада, ?) – организација на млади луѓе од Македонија во Канада. Има цел да ја афирмира вистината за Античка Македонија, за животот и делото на Филип и на Александар Македонски. Сл. Н.-К.
ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ
ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ (1948) – со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани 28.000 македонски и грчки деца (на возраст од 1 до 15 години) во Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во тие земји за потребите… Continue reading ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ
ДЕЧЕВ, Никола
ДЕЧЕВ, Никола (Кољо) (Стара Загора, 1880 – с. Луково, Кратовско, 12. IX 1903) – војвода на ТМОРО, Бугарин. ДоⅤклас се школувал во родното место, а потоа во Железарското училиште во Самоков (1895-1998). Тука се запознал со социјалистичките идеи, членувал во таен ученички револуционерен кружок, станал член на ТМОРО (1898) и работел во тамошната железарска работилница… Continue reading ДЕЧЕВ, Никола
ДЕШАТ
ДЕШАТ –. висока планина во РМ, која по должината на македонско-албанската граница се протега во меридијански правец север – југ. Кон југ претставува продолжение на планината Кораб. Нејзиното било во должина од 7 км во средишниот дел се издига, а накај Кораб на север и Крчин на југ се спушта. Од Кораб е одвоена со… Continue reading ДЕШАТ
ДИБЕК
ДИБЕК -. некропола со гробници од хеленистичкиот период во с. Суводол, 20 км источно од Битола. Истражени се три гробници вдлабени во стена, со дромос, преткомора и комора. Констатирано е дека истражените гробници се слични една на друга, со мали отстапки во димензиите на дромосите и коморите, како и во решението на засводувањето на коморите.… Continue reading ДИБЕК
ДИВЕЧ
ДИВЕЧ – определен број видови диви животни (цицачи и птици) што живеат слободно во природата или во оградени простори во кои интензивно се одгледуваат, се размножуваат, се заштитуваат и се ловат. Сопственост се на државата и, како добро од општ интерес, уживаат законска заштита. Според Законот за лов, како дивеч се прогласени 127 вида од… Continue reading ДИВЕЧ