ДЕСЕТОК ВО НОВ

ДЕСЕТОК ВО НОВ (спаилак) – давачка позната од времето на Османлиската Империја (до 1912), повторно воведена во 1942 г. на територијата на Западниот дел на Македонија, окупирана од италијанската војска. Преку десетокот полесно се наплатувале даноците од страна на власта и се обезбедувало непречено снабдување со земјоделски производи на италијанската војска. Се собирал во натура и се продавал на лицитација. Престанал да се собира во 1944 г., по пројавениот отпор од македонските земјоделци. ЛИТ.: Глигор Тодоровски, Западна Македонија за време на Окупацијата 1941– 1944, Скопје, 1998. Ѓ. Малк.