ДЕВЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (с. шешково, Кавадаречко, 22. Ⅷ – 6. XI 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од 450 борци од Тиквешијата во составот на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (до 3. XI). Наскоро нејзиниот боречки состав нараснал на 2.110 борци (1. Ⅹ). Дејствувала главно во Тиквешијата… Continue reading ДЕВЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА
Tag: Д
ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ НА РМ
ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ НА Република Македонија– странски средства (депозити, хартии од вредност, злато) во сопственост на државата, чија основна функција е заштита на економијата од негативни надворешни шокови, редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар. Активностите за создавање девизни резерви на Република Македонијазапочнуваат кон крајот на 1991 г., кога Владата донесе одлука… Continue reading ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ НА РМ
ДЕВИЧ
ДЕВИЧ -. село во Порече, север-но од Кичево. Надвор од селото се наоѓа црква со непозната дедикација. Затекната е во запустена состојба и делумно е разурната. Според архитектонскиот склоп, кој претставува стеснет впишан крст со купола, се претпоставува дека е од ⅩⅣ в. ЛИТ.: П. ЈовановиÊ, Порече. Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935,… Continue reading ДЕВИЧ
ДЕВРИОНИ
ДЕВРИОНИ – пајонско племе што ги населувало областите западно од Лаијаите и Агријаните, можеби областите околу Дојран, Прасијадското Езеро и Дисорон, но и околу Струмица, Штип и злетовско-кратовските рудници. Ковеле пари на кои, покрај племенската припадност, запишани се и легенди за кои се претпоставува дека се имињата на нивните владетели од Ⅵ в. пр.н.е. Постоела… Continue reading ДЕВРИОНИ
ДЕВРИОП
ДЕВРИОП – античка област во Горна Македонија, покрај р. Еригон (сп. Тит Ливиј), дел од Пајонија, со градовите Стубера, Алкомена, можеби г. Девриоп и др. (сп. Страбон, Стефан Византиски). Во римско време, по 167 г. пр.н.е., со поделбата на Македонија на четири области, Д. влегува во Ⅳ мерида. Епиграфските натписи од с. Чепигово и Бела… Continue reading ДЕВРИОП
ДЕВРИЦА
ДЕВРИЦА – средновековна тврдина во северозападна Пелагонија, над денешното село Дебреште, во месноста Лениште (лок. Кале, каде што има остатоци од ѕидини и од керамика). Го контролирала патот што врвел преку Барбарос. Се спомнува во Првата повелба на Василиј Ⅱ (1019) како Деврета. Ј. Кантакузин соопштува дека ца-рот Андроник Ⅲ ја освоил од Ср-бите (1330).… Continue reading ДЕВРИЦА
ДЕГЕНОВА ЕСПЕРЗЕТА
ДЕГЕНОВА ЕСПЕРЗЕТА (Онобрѕцхис дегении Дорфлер) – македонски флористички ендемит од фамилијата Фабацеае. Се развива на локалитетот Алшар, на станишта со висока концентрација на арсен и антимон. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М.
ДЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА
ДЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА -. негативна антропогенизација. Негативни процеси и промени предизвикани од човекот со кои се уништува почвата или се намалува нејзиниот волумен или плодност. Во Република Македонијасе врши на многу начини: со деструкција (уништување), со што се намалува земјишниот фонд (ерозија, отворени копови во рударството и екскавација на разни материјали, покривање со разен отпад,… Continue reading ДЕГРАДАЦИЈА НА ПОЧВАТА
ДЕГРАДАЦИСКИ СТАДИУМИ НА ШУМИТЕ
ДЕГРАДАЦИСКИ СТАДИУМИ НА ШУМИТЕ – состојба во која шумата е осиромашена во поглед на видовиот состав и ја губи основната функција – заштита на почвата од ерозија. Деградацијата е последица од пасење стока во шумата, брстење на стеблата, кастрење и потсечување на стеблата (лисничарење), гола сеча на шума со стари пенушки. Брснички шуми претставуваат шуми… Continue reading ДЕГРАДАЦИСКИ СТАДИУМИ НА ШУМИТЕ
ДЕДЕЛИ
ДЕДЕЛИ – ВАЛАНДОВО – некропола од железното време, со повеќе групи гробови од Ⅶ и од Ⅵ в. пр.н.е., распоредени на разни локации околу денешното село Дедели. Од 1978 до 1986 г. се вршени систематски истражувања на групацијата гробови во месноста Мелезник. Испитани се вкупно 120 гробови, само оние со инхумирани покојници, положени во испружена… Continue reading ДЕДЕЛИ
ДЕДО АНДРЕЈА
ДЕДО АНДРЕЈА – в. Блажески– Расолкоски, Андреја. Весникот „Дедо Иван“
ДЕДО ИЉО
ДЕДО ИЉО – в. Марков–Малешевски, Иљо. Стефан Јакимов Дедов
ДЕДОВ, Стефан Јакимов
ДЕДОВ, Стефан Јакимов (Јаќимов) (Охрид, 28. Х 1869 – Софија, 19. IX 1914) – организатор на Македонскиот клуб со читалиште во Белград и сопственик на весникот „Балкански гласник” (1902), што прв јавно го прокламира македонскиот литературен јазик со фонетскиот правопис, а по забраната на Клубот и укинувањето на весникот, заедно со Д. Т. Мишајков, со… Continue reading ДЕДОВ, Стефан Јакимов
ДЕЈАНОВ, Иван Илиев
ДЕЈАНОВ, Иван Илиев (ќустендил, Бугарија, 6. Ⅰ 1932 – Скопје, 10. Ⅶ 2001) – трансфузиолог, имунолог, академик. Тој е основач на модерната трансфузиологија во РМ, а како прв специјалист трансфузиолог успешно ја насочувал трансфузиологијата како научна и клиничка дисциплина, создавајќи бројни кадри и високо реноме на РЗТ на просторите на поранешна Југославија и пошироко. Дипломирал… Continue reading ДЕЈАНОВ, Иван Илиев
ДЕЈАНОВСКИ, Крсте Живков
ДЕЈАНОВСКИ, Крсте Живков (с. Речани, Кичево, 18. IX 1947) – стоматолог-протетичар, редовен проф. на Ст. ф. Докторирал во 1993 г. Од 2008 г. проф. на Ст. ф. на Европскиот универзитет во Скопје. Публикувал 90 статии. Автор е на поглавјето „Болката во стоматолошката протетика”, коавтор на учебникот „Клиника на тоталното протезирање”. Е. М.
ДЕКЛАРАЦИИ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА НА ЕЗ
ДЕКЛАРАЦИИ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА НА ЕЗ – серија еднострани акти, усвоени од Европскиот со-вет или Советот на министри на ЕЗ (март–ноември 1991) како одговор на ситуацијата во СФРЈ и на формирањето нови држави на територијата на СФРЈ. Декларацијата за Југославија од 27. Ⅷ 1991 г. предвидува „свикување мировна конференција за Југославија и, во нејзините рамки, воспоставување… Continue reading ДЕКЛАРАЦИИ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА НА ЕЗ
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА РМ
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА Република Македонија. – акт донесен од Собранието на Република Македонијана 17. IX 1991 г. Декларацијата има преамбула и нормативен текст од седум члена. Во преамбулата се констатира плебисцитарно изразената волја на граѓаните за суверена и самостојна македонска држава, а во нормативниот текст се констатира дека граѓаните на РМ, на референдумот одржан… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА РМ
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА Република МакедонијаКОН СР Југославија
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА Република МакедонијаКОН СР Југославија – акт на Собранието на Република Македонија(29. Ⅴ 2002) усвоен како реакција на Резолуцијата на Привременото собрание на Косово (23. Ⅴ 2002) за непризнавање на Договорот за протегање и опис на границата со кој се отфрла Резолуцијата, а се потенцира јасната определба… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА Република МакедонијаКОН СР Југославија
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТА НА СРМ
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТА НА СРМ -. акт на Собранието на СРМ од 25. Ⅰ 1991 г., со кој СРМ се прогласува за суверена држава. Декларацијата е донесена со консензус на сите политички партии застапени во македонскиот парламент. Таа има преамбула и нормативен текст од осум члена. Преамбулата ја содржи правната основа за нејзиното донесување: Уставот… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТА НА СРМ
ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА -. документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2. Ⅷ 1944 г. во манастирот „Св. Прохор Пчињски”. Содржи 11 члена во кои се гарантираат: правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите; обезбедувањето на сите права на слободен национален… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕЗ И НА САД ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ РЕПУБЛИКИ
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕЗ И НА САД ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ РЕПУБЛИКИ – меѓународен договор на ЕЗ и САД (Брисел, 10. Ⅲ 1992) заради усогласување на пристапот во заокружувањето на процесот на меѓународното признавање на југословенските републики. Со Декларацијата, барањата на РХ и РСл се решени брзо и позитивно, кон РСр и РЦГ, ЕЗ и САД… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕЗ И НА САД ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ РЕПУБЛИКИ
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРВАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРВАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (25. Ⅳ 1945) – Президиумот на Народното собрание (16. Ⅳ 1945) ја именувало првата Влада (од 9 министри, двајца потпретседатели), под претседателство на Лазар Колишевски, одговорна пред Народното собрание. Владата објавила Декларација за програмата и за приоритетите: ангажирање на сите сили за конечното ослободување на Југославија; ставање крај на… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА НА ПРВАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
ДЕКЛАРАЦИЈА ОД РИГА
ДЕКЛАРАЦИЈА ОД РИГА – стратешки документ на Северноатланскиот совет (29. XI 2006) во функција на справување со безбедносните предизвици на Алијансата во ⅩⅪ в. во кој се поздравуваат напорите на државите од Јадранската група во правец на подготвување за одговорностите и обврските што ги носи членството; се оддава признание заради придонесите во меѓународните мировни операции… Continue reading ДЕКЛАРАЦИЈА ОД РИГА
ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ ГРМУШКИ
ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ ГРМУШКИ – се користат за заштита од силна инсолација, бучава, прашина и сл. Лесно се одгледуваат, се размножуваат и се отпорни на болести и штетници. Поради тие особини се употребуваат за озеленување фасади, згради или слепи ѕидови, за маскирање фабрички ѕидови, но најчесто се користат на метални огради, порти, столбови, на тераси итн.… Continue reading ДЕКОРАТИВНИ ПОЛЗЕЧКИ ГРМУШКИ