ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА

ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА -. документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2. Ⅷ 1944 г. во манастирот „Св. Прохор Пчињски”. Содржи 11 члена во кои се гарантираат: правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите; обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства; правото на слобода во вероисповедта и во совеста; правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот; правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето; општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години; правото на жалба против одлуките на органите на власта и правото на молба и поплаки до сите државни власти. ИЗВ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том втори, Скопје, 1981. Св. ш.