ДЕКЛАРАЦИЈА ОД РИГА

ДЕКЛАРАЦИЈА ОД РИГА – стратешки документ на Северноатланскиот совет (29. XI 2006) во функција на справување со безбедносните предизвици на Алијансата во ⅩⅪ в. во кој се поздравуваат напорите на државите од Јадранската група во правец на подготвување за одговорностите и обврските што ги носи членството; се оддава признание заради придонесите во меѓународните мировни операции и унапредувањето на регионалната соработка и се обзнанува намерата на Алијансата на следниот самит (2008) да им упати покани за членство на оние што ќе ги исполнат стандардите, засновани врз резултати и способност за придонес кон европската безбедност и стабилност. Конкретно, во однос на РМ, се поздравува ус-пешното спроведување на изборите во 2006 г. и напорите за сеопфатни реформи. ИЗВ.: Декларација од Самитот во Рига, њњњ.нато.инт/доцу/цомм/2006/0611-рига/индеџ.хтм. Т. Петр.