ВЕЛКОВ, Кирил Мишов

ВЕЛКОВ, Кирил Мишов (Кавадарци, 25. Ⅳ 1931) – радиолог, супспецијалист-онколог, редовен проф на М. ф. (од 1988). М. ф. и специјализација завршил во Скопје. Хабилитација одбранил во 1973 г. шеф на Катедрата за радиологија (1988–1989). Во 1989 г. формирал Катедра за радиотерапија и онкологија и ја водел до 1996. Претседател на МЛД (1982–1983), претседател на… Continue reading ВЕЛКОВ, Кирил Мишов

ВЕЛКОВ, Миодраг

ВЕЛКОВ, Миодраг (Скопје, 1930) – градежен инженер, истакнат стручњак во градежното конструкторство, редовен професор. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1955). По дипломирањето работи во областа на проектирањето на конструкции во тогашниот Завод за изградба (подоцна „Македонија-проект”). Скопскиот земјотрес (1963) создава потреба за нови сознанија во градежното конструктерство. Активно работи и се усовршува како конструктор… Continue reading ВЕЛКОВ, Миодраг

ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Спортска дисциплина што започнува со појавата на првите велосипеди во Скопје и во Битола (околу 1890). Формиран е велосипедски клуб „Пелистер” во Битола (1924), а потоа и во Скопје, Куманово и Велес. Велосипедизмот е негуван и во соколската организација (1919–1941). Колоездачкото дружество „Вардар” е создадено во Скопје (1941), а во натпреварите настапувале… Continue reading ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕЛУШКА ТУМБА

ВЕЛУШКА ТУМБА -. неолитска населба во подножјето на Баба Планина, а на 400 м јужно од с. Породин и 2 км источно од с. Велушина. Претставува вештачка височинка, висока 5 м и со издолжена основа од 250 м. Истражувана од археолозите од Музејот во Битола (1971-1984, со мали прекини), кои вршеле сондажни ископувања во нејзиниот… Continue reading ВЕЛУШКА ТУМБА

ВЕЉКОВИЌ, Драгослав

ВЕЉКОВИЌ, Драгослав (с. Мала Крушевица, Србија, 5. Ⅵ 1910 – Скопје, 27. Ⅲ 1997) – учител и педагог. Живее во Македонија од 1938 г. како учител во с. Бучин, Крушевско. Припаѓа на напредното учителско движење што се борело за националните и социјалните права на обесправените народи во тогашна Југославија. По завршувањето на Филозофскиот факултет (педагогија)… Continue reading ВЕЉКОВИЌ, Драгослав

ВЕНДЕЛ, Херман

ВЕНДЕЛ, Херман (1884–1936) – германски писател, публицист и политичар; повеќегодишен народен пратеник во германскиот парламент (Рахјстаг), познавач на состојбите на Словенскиот Југ, кој низ бројни написи во печатот и во одделни книги (1916-1936) изнесува богати аналитички видувања за народите на Балканот, а меѓу нив и за Македонците. Херман Вендел се пројавува како заштитник на МакедонијаContinue reading ВЕНДЕЛ, Херман

ВЕНЕТИ

ВЕНЕТИ – најстаро име за Словените. Како Енети се среќаваат уште кај Херодот. Според античките писатели, го населувале балтичкото крајбрежје и поречјето на Висла. Во Ⅵ в. тоа име се употребувало само за западните Словени, прифатено и во современата историографија. Германците и денес некои од западните Словени ги нарекуваат Венди. ЛИТ.: Цх. Лубке, Славен зњисцхен… Continue reading ВЕНЕТИ

ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ – невестински украс за на глава, изработен од цвеќе, лоза, здравец, босилек, бршлен, шимшир или од некое друго зимзелено растение. Се одликувал со магиска заштитна функција. Во некои македонски пределски целини (Скопска Црна Гора, Бојмија и др.) се одликува со посложена структура, украсен со метален накит (тепелак, тепелачиња и пиришани) врз основа направена од… Continue reading ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ“ – бугарска женска младинска организација на „Бранник“ (1941–1944) со дејност во училиштата во Македонија. Учествувала во сите организирани прослави и други манифестации со бугарска национална содржина. Била профашистички ориентирана, а кон македонскиот народ имала негаторски однос, претставувајќи го како дел од бугарскиот. Се распаднала во септември 1944 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Бугарската фашистичка организација… Continue reading ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско

ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско – 50 м висок рид во долината низ којашто минувал прастариот пат од Кичевијата кон Пелагонија, преку Брод. Врвот претставува елипсовидно плато (260 х 128 м, 3,5 ха) благо наведнато кон југ. Било обградено со силен малтерен ѕидемплектон (1,8–2 м) и зајакнато со 12 правоаголни кули, секоја на растојание од 15 до… Continue reading ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско

ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос

ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос (Мурниес, Крит, 23. Ⅷ 1864 – Париз, 18. Ⅲ 1936) – студирал право на Атинскиот универзитет, активно учествувал во Критското востание (1897) и на Критското собрание. Барал обединување со Грција, каде преминал и се вклучил во политичкиот живот. Во 1910 г. бил претседател на Владата на Грција. За време на Балканските војни ја… Continue reading ВЕНИЗЕЛОС, Елефтериос

ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана

ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана (Скопје, 2. Ⅶ 1959) – филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност – современ македонски јазик и синтакса. Завршила гимназија, а потоа дипломирала на ФилоСнежана Веновска -Антевска лошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978–1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од ⅩⅠⅩ… Continue reading ВЕНОВСКА-АНТЕВСКА, Снежана

ВЕНС, Сајрус Робертс

ВЕНС, Сајрус Робертс (Саирус Робертс Венце) (Кларксбург, Западна Вирџинија, 27. Ⅲ 1917 – Нујорк, 12. Ⅰ 2002) – американски политичар и дипломат. Државен секретар на САД (1977–1980); еден од копретседателите на Раководниот комитет на Конференцијата за поранешна Југославија, кој, заедно со Лорд Овен, во 1992 г. му предлага на Генералниот секретар на ООН одобрување група… Continue reading ВЕНС, Сајрус Робертс

ВЕРВЕРИЧКИ

ВЕРВЕРИЧКИ (Сциуридае) – фамилија од редот глодари (Родентиа), приспособени за живот на дрвја или на земја, каде што копаат дупки. Кај нас живеат два вида: верверичка (Сциурус Верверичка вулгарис) и стоболка (Спермопхилус цителлус). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицаци на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Мит-цхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П.Ј.Х. Реијндерс,… Continue reading ВЕРВЕРИЧКИ

ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич

ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич (Городок, Леовска област, Украина, 18. Х 1871 – Хјустон, САД, 3. IX 1951) – руски публицист, поет и литературен историчар, близок до К. Мисирков, Д. Чуповски и Н. Димов. Доктор по филологија на Виенскиот универзитет (1899) и издавач на неословенофилското сп. „Славянский В‹къ“ во Виена (1900–1905), во кое ја афирмира културно-националната идеологија… Continue reading ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич

ВЕРЗИТИ

ВЕРЗИТИ – словенско племе. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на Ⅶ в. се населиле во Македонија на териториите северно од Солун, а подоцна се повлекле подлабоко во внатрешноста. Во сојуз со другите племиња, учествувале во нападите на Византија (614–616), пустошејќи ги егејските острови, Јужен Илирик, Епир, Хелада, бреговите на Тесалија и во нападот на… Continue reading ВЕРЗИТИ

ВЕРЗИТИЈА

ВЕРЗИТИЈА – склавинија на Верзитите во Македонија, во близина на бугарската држава. Бугарскиот кан Телериг (770–777) во октомври 774 г. пратил 12.000 војници и болјари да ја освојат, а нејзините жители да ги преселат во Бугарија. Византијците биле известени за намерите на Бугарите, ја пресретнале и ја поразиле бугарската војска кај Литохорија (со непозната локација).… Continue reading ВЕРЗИТИЈА

ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна

ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна (Орел, Русија, 4. IX 1963) – руски лингвист-македонист. Дипломирала на Групата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет (1985), каде што и сега е доцент на Катедрата за словенска филологија. Работела како научен соработник и професор по македонски и руски јазик во разни институции на својот универзитет… Continue reading ВЕРИЖНИКОВА, Елена Владимировна

ВЕРКОВИЌ, Стефан И

ВЕРКОВИЌ, Стефан И. (с. Угљара, Босна 5. Ⅲ 1821 – Софија, 30. Ⅻ 1893) – босански фратер, археолог, собирач и публикувач на македонски фолклор, српски и руски политички активист и организатор на антиелинизмот, но и пропагатор на бугаризмот во Македонија. Студира во Загреб, каде што под влијание на Људевит Гај, ги прифаќа идеите на илиризмот,… Continue reading ВЕРКОВИЌ, Стефан И

ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ

ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ -. ракопис од крајот на ⅩⅣ в., кој, според своите палеографски и јазични особености, се вбројува во македонските ракописи. Содржи 99 пергаментни листови, пишуван на мали листови со димензии 21х14 цм. Се чува во Ракописниот оддел на Руската национална библиотека во Санкт Петербург со сигн.: Љ н И 46. Ракописот $ го продал… Continue reading ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ

ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова

ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова (Ружа Њернер) (с. Цаново, Славонски Брод, Хрватска 16. Ⅱ 1900 – Ѓаково, Хрватска 22. Ⅱ 1981) – хистолог, ембриолог, редовен проф. на Мед. ф. Дипломирала на Мед. ф. во Загреб. Во Скопје доаѓа, по покана, како доцент од загрепскиот Мед. ф. (1947). Основач е и долгогодишен директор на Институтот за хистологија и… Continue reading ВЕРНЕР, Ружа Стјепанова

ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА -. верски заедници и религиозни групи во Македонија. Во минатото на Македонија егзистирале речиси сите балкански вероисповеди, од разните многубожества, до христијанската и муслиманската религија. Зачувани се голем број археолошки остатоци низ целата територија на географска Македонија од сите историски периоди. Своја посебна религија имале и античките Македонци и Пајонците. Меѓу археолошките… Continue reading ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА

ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА – наставен предмет во српските и во бугарските училишта во Македонија до 1944 г. Со „Привремениот план за обука во основните училишта”, донесен од Поверенството за просвета при Президиумот на АСНОМ (30. IX 1944), е предвидено факултативно изучување на вероучението од Ⅰ до Ⅳ одделение на основното училиште, но со нов документ од… Continue reading ВЕРОУЧЕНИЕ ВЕРОНАУКА