БАТАЛЈОН „ХРИСТО БОТЕВ“ – в. Бугарски народноослободителен баталјон „Христо Ботев”. Христо БатанџиевБАТАНЏИЕВ, Христо Иванов
Tag: Б
БАТИНО, Асео Жулија
БАТИНО, Асео Жулија (Битола, 1914 – Јасеновац, Хрватска, 1942) – позната антифашистка, сестра на Рафаел Батино. Била претседател на интернационалното женско еврејско друштво „Визо“ (до 1939). Од Битола се преселила во Загреб (септ. 1939). Таму се вклучила во заднината на антифашистичкото движење, била уапсена, спроведена во концентрациониот логор Јасеновац и таму стрелана. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев… Continue reading БАТИНО, Асео Жулија
БАТИНО, Рафаел Јосеф
БАТИНО, Рафаел Јосеф (псевд. Мишо Цветковиќ) (Битола, 1910 – Вучја Клека, Србија, Ⅶ 1942) – комунист, синдикален активист. Студирал во Мексико, каде што станал истакнат лидер на младината и член на КП на Мексико. Бил протеран и вратен во Битола (1934), каде што ги организирал штрајковите на Урсовите синдикати (1935), поради што бил осуден (1936).… Continue reading БАТИНО, Рафаел Јосеф
БАТИНЦИ
БАТИНЦИ – село во Скопско. Се наоѓа во долината на Маркова Река. Со регионален е поврзано со Скопје. Населението е во постојан пораст. Така, додека во 1961 г.во него живееле 845 ж., во 2002 г. тој број се наголемил на 5.364 ж. Од нив Македонци биле 36, Албанци 3.217, Турци 407, Бошњаци 1.660 и други… Continue reading БАТИНЦИ
БАТОВСКИ, Хенрик
БАТОВСКИ, Хенрик (Хенрѕк Батоњски) (Л’вов, 12. Ⅴ 1907 – Краков, 28. Ⅲ 1999) – историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав. Студирал ориенталистика, славистика и историја, а потоа и докторирал (1929). Бил дописник од Прага и од Белград (1930), а потоа станал доцент на Јагелонскиот универзитет – Катедра за политички науки во Краков (1936).… Continue reading БАТОВСКИ, Хенрик
БАУЕР, Стеван Фрањов
БАУЕР, Стеван Фрањов (Прешево, Србија 9. Ⅰ 1934) – фармацевт, редовен професор на Фарм. ф. и продекан по неговото основање. Раководител на Институтот по токсиколошка хемија и еден од првите наставници на факултетот. Претходно бил раководител на токсиколошката лабораторија во Институтот за медицина на трудот во Рудници и железарница–Скопје. Има објавено бројни научни и стручни… Continue reading БАУЕР, Стеван Фрањов
БАХОЛИ СУЉ, Сулејман
БАХОЛИ СУЉ, Сулејман . (Дебар, 1923) – учесник во работничкото и во комунистичкото движење во Албанија и во Македонија. Се школувал во Дебар и во Скадар. По окупацијата на Албанија бил активен во движењето на отпорот. Со формирањето на КП на Албанија (8. XI 1941) станал нејзин член; член е на ОК за Драч, а… Continue reading БАХОЛИ СУЉ, Сулејман
БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо
БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо (Охрид, 23. Ⅷ 1928 – Скопје, 14. Ⅲ 2004) – физичар, ред. проф. (1971) на ПМФ. Дипломирал (1951) на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за физика. Докторирал (1960) на ПМФ со темата „За особините на зонските мрежички”. Специјализирал во Винча, Загреб и Париз за детекција на неутрони, спектрална анализа и физичка оптика.… Continue reading БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо
БАЧИЌ, Фрањо
БАЧИЌ, Фрањо (Сењ, Хрватска, 12. Ⅰ 1923) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Правен факултет завршил во Загреб, а докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Почетокот на извршувањето на кривичното дело и казнивите подготвителни дејствија“ (1954). Избран за доцент по предметот кривично право на Правниот факултет во… Continue reading БАЧИЌ, Фрањо
БАША, Еќрем
БАША, Еќрем (Ељрем Басха) (Дебар, 1948) – поет, прозаист и преведувач. Основното и средното образование ги завршил во родното место. Дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Приштинскиот универзитет. Еден период работи како новинар и уредник-редактор во „Бота е Ре“ („Нов свет“) и во „Рилиндја“ („Препород“), а потоа во РТВ Приштина. Член е… Continue reading БАША, Еќрем
БАШЕВ, Андреја Наумов
БАШЕВ, Андреја Наумов (Елена, Бугарија, 13. Ⅱ 1900 – Софија, 24. IX 1929) – лекар и општественик, син на лекарот Наум Башев од Ресен. Завршил медицина на Минхенскиот универзитет (1923). Како студент бил секретар на Извршниот комитет на Меѓународниот студентски сојуз, каде што се залагал за „признавање на македонското студентство како посебна единица во Меѓународниот… Continue reading БАШЕВ, Андреја Наумов
БАШЕВСКИ, Димитар
БАШЕВСКИ, Димитар (с. Ѓавато, Битолско, 27. Ⅵ 1943) – романсиер, поет, преведувач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот во Скопје. Долго работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија” од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура”. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово”. Претседател на Македонскиот ПЕН центар.… Continue reading БАШЕВСКИ, Димитар
БАШЕСКИ, Жарко
БАШЕСКИ, Жарко (Прилеп, 11. Ⅶ 1957) – скулптор, универзитетски професор. Дипломирал во класата на Петар Хаџи Бошков (1988) и магистрирал во класата на Драган Поповски-Дада (1998) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал студиски престој во Лондон (1979-1982). Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ (од 1988). Имал… Continue reading БАШЕСКИ, Жарко
БАШИБОЗУК
БАШИБОЗУК – нерегуларни пешадиски и коњанички чети, кои во време на војни и востанија, особено по Кримската војна (1853– 1856), дејствувале со редовната османлиска војска. Не носеле униформи и биле вооружени со различно оружје. Претежно биле составени од Албанци, Черкези и Курди. Биле храбри, но недисциплинирани и познати по својата свирепост и насилство кон цивилното… Continue reading БАШИБОЗУК
БАШМАКОВ, Алксандар Александрович
БАШМАКОВ, Алксандар Александрович (Одеса, 1858 – ?, 1943) – руски словенофил, публицист, редактор и издавач на весници (на руски и на француски јазик). Средното образование го завршува во Женева, а Правниот факултет во С.-Петербург и Одеса (1881). Веднаш е испратен на располагање на рускиот претставник во новоослободена Бугарија П. А. Матвеев. Во 1882 г. осум… Continue reading БАШМАКОВ, Алксандар Александрович
БАШТИНА
БАШТИНА -. наследство од татко, татковина во обичајното право. Посебно е карактеристична како наследен феудален имот во средновековјето или наследен земјиштен имот на едно христијанско раинско семејство на државна (мириска) земја во времето на османлиското владеење во Македонија. Големината била определувана според бонитетот на почвата: 70-80 дунуми – многу добра, 80-120 дунуми – средна и… Continue reading БАШТИНА
БДЕЕЊЕ
БДЕЕЊЕ -. намерно воздржување од сон во времето на најзначајните настани во семејниот живот (погреб, раѓање, свадба, во време на календарските празници – Божик, Велигден, Ѓурѓовден, Света Троица) или во одредено време на денот (при заоѓањето на сонцето, напладне и сл.). С. Мл. Неџбедин Беадини
БЕАДИНИ, Неџбедин
БЕАДИНИ, Неџбедин (Беадини Неџхбедин) (Тетово, 1963) – биолог, унив. професор. Дипломирал биологија на Универзитетот во Приштина (1990) и докторирал на Универзитетот во Загреб (1996). Тој е еден од основачите и ректор на Тетовскиот државен универзитет. Има објавено поголем број научни и стручни трудови од областа на биологијата, цитологијата, молекуларната физиологија и хистологијата. С. Мл. Беаз-куле,… Continue reading БЕАДИНИ, Неџбедин
БЕАЗ-КУЛЕ
БЕАЗ-КУЛЕ . (тур.: Бела кула) – кула во Солун, изградена во времето на османлискиот султан Сулејман Величествениот (1520-1566) врз темелите на постара кула подигната во времето на Латинското Царство (ⅩⅠⅠⅠ в.). Османлиите ја користеле како тврдина, гарнизон и затвор. Поради бројните егзекуции и мачења на затворениците во неа, била позната и како „Крвава кула”. Во… Continue reading БЕАЗ-КУЛЕ
БЕГ КОСТАДИН
БЕГ КОСТАДИН (Константин Дејанов-Драгаш) – самостоен феудален владетел во Македонија, опеан лик во народната епска поезија. С. Мл.
БЕГАЛКА
БЕГАЛКА – .нерегуларно склучен брак со кршење на правото на родителите за избор на брачниот партнер, при што девојката самоволно бега за саканото момче, без волјата на родителите. Ј. Ц.
БЕГИНОВ, Борис
БЕГИНОВ, Борис (Велес, 18. Ⅰ 1911 – Велес, 15. Ⅰ 1996) – директор, актер и режисер на Народниот театар во Велес (1948–1952 и 1954–1966). Пред Втората светска војна работи како аматер. Еден од основачите на НТ од Велес (1948–1966). РЕЖИИ: „Длабоки корени”; „Печалбари”; „Бегалка”; „Ученик на ѓаволот”; „Расцветан јасмин”; „Легенда за Рацин” и др. УЛО.:… Continue reading БЕГИНОВ, Борис
БЕГОВСКА, Бедрија
БЕГОВСКА, Бедрија (Скопје, 22. Ⅰ 1951) – актерка од турската националност. Од 1971 г. работи во Театарот на народностите во Бедрија Беговска Скопје. Пишува драмски текстови за деца. УЛО.: Хасанагиница („Мајка Храброст”); Јерма во истоимените пиеси; Соња („Злосторство и казна”); Косен Султана („Лудиот Ибрахим”) и др. Р. Ст.
БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија
БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија (1943 г.) – по капитулацијата на Италија ослободените политичките затвореници биле прифатени од албанското народноослободително движење. Дел од нив заминале во албанските партизански единици и на територијата на Албанија од нив бил формиран баталјонот „Боро Вукмировиќ“, кој веднаш потоа заминал во Македонија и… Continue reading БЕГСТВО ОД ЛОГОРИТЕ И ЗАТВОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА на политичките затвореници од Македонија