БАШЕВ, Андреја Наумов

БАШЕВ, Андреја Наумов (Елена, Бугарија, 13. Ⅱ 1900 – Софија, 24. IX 1929) – лекар и општественик, син на лекарот Наум Башев од Ресен. Завршил медицина на Минхенскиот универзитет (1923). Како студент бил секретар на Извршниот комитет на Меѓународниот студентски сојуз, каде што се залагал за „признавање на македонското студентство како посебна единица во Меѓународниот сојуз”. Автор е на повеќе статии во одбрана на македонските интереси. С. Мл. Димират Башевски