БАХОЛИ СУЉ, Сулејман

БАХОЛИ СУЉ, Сулејман . (Дебар, 1923) – учесник во работничкото и во комунистичкото движење во Албанија и во Македонија. Се школувал во Дебар и во Скадар. По окупацијата на Албанија бил активен во движењето на отпорот. Со формирањето на КП на Албанија (8. XI 1941) станал нејзин член; член е на ОК за Драч, а подоцна и секретар. Од јуни 1943 г. бил на партиска работа во Дебар. Бил член и секретар на МК на Дебар и член на Првиот областен комитет на КПМ за Западна Македонија. Активен е во формирањето на НОО во местата населени со албанско население. Од крајот на 1943 г. се вратил на партиска работа во Албанија. ЛИТ.: Масар Кодра, Учеството на албанската народност во проширувањето на слободните територии во Македонија, Зб. „Слободните територии во Македони-Хенрик Батовски ја 1943“, Скопје, 1975; Албанската народност во НОВ (докторска дисертација во ракопис). М. Мих. Славчо Бахџчеванџиев