АЛЕКСИЈ Ⅰ Комнин

АЛЕКСИЈ Ⅰ Комнин (1048–1118) – византиски император (1081– 1118), основач на династијата Комнини, претставник на военото благородништво. Војувал против Норманите, Печенезите, Ср-бите, Куманите и Селџуците во Мала Азија. Успеал да ја стабилизира Византија и да ја спаси од распаѓање. На внатрешен план, системот на пронии добил воен карактер, создал нова војска и флота. Населувал ПеченезиContinue reading АЛЕКСИЈ Ⅰ Комнин

АЛЕКСИЈ Ⅲ

АЛЕКСИЈ Ⅲ Ангел (1153–1211) – византиски император (1195– 1203). Дошол на власт со преврат. Во времето на неговото владеење се продлабочила кризата во Византија. Успеал да ја неутрализира независноста на Добромир Хрс во Македонија. Во Ⅳ крстоносен поход бил заробен од крстоносците, а подоцна откупен од Епирците. Животот го завршил во манастир кај Никеја. ЛИТ.:… Continue reading АЛЕКСИЈ Ⅲ

АЛЕКСИЈ Ⅲ Ангел

АЛЕКСИЈ Ⅲ Ангел (1153–1211) – византиски император (1195– 1203). Дошол на власт со преврат. Во времето на неговото владеење се продлабочила кризата во Византија. Успеал да ја неутрализира независноста на Добромир Хрс во Македонија. Во Ⅳ крстоносен поход бил заробен од крстоносците, а подоцна откупен од Епирците. Животот го завршил во манастир кај Никеја. ЛИТ.:… Continue reading АЛЕКСИЈ Ⅲ Ангел

АЛЕКСИЌ, Василка Димитрова

АЛЕКСИЌ, Василка Димитрова (Прилеп, 30. XI 1938) – редовен професор (1987) на ПМФ (Институт за хемија). Дипломирала (1961) како првенец на генерацијата на Групата за хемија на ПМФ и докторирала (1974) исто така на ПМФ во Скопје. Држела настава по повеќе предмети за студентите по хемија, но и на други факултети во Скопје и во… Continue reading АЛЕКСИЌ, Василка Димитрова

АЛЕКСИЌ, Дејан

АЛЕКСИЌ, Дејан (Скопје, 21. Ⅵ 1914 – Белград, 2001) – правник, политички деец, новинар и публицист. Го завршил Правниот факултет во Белград, каде што активно учествувал во македонското студентско движење како член на Културно-просветното друштво „Вардар” и МАНАПО. Бил член на КПЈ (од 1939), главен и одговорен уредник на в. „Наша реч” (Скопје, 1939-1941) со… Continue reading АЛЕКСИЌ, Дејан

АЛЕКСОВ, Ацо

АЛЕКСОВ, Ацо (Струмица, 3. XI 1932) – артист и режисер. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Театарска академија (Оддел за актери) во Бел-град (1953-1958). Првин бил актер и режисер на Струмичкиот театар, каде што ја формирал Малата експериментална сцена, а потоа асистент на филмска режија во Вардар-филм во Скопје (1959-1961) и телевизиски… Continue reading АЛЕКСОВ, Ацо

АЛЕКСОВ, Дарко

АЛЕКСОВ, Дарко (Скопје, 23. Ⅷ 1976) – правник. Извршен директор на невладината организација МОСТ што придонесува за фер и демократски избори во земјата. Р. Блага Алексова

АЛЕКСОВА, Блага

АЛЕКСОВА, Блага (Тетово, 24. Ⅰ 1922 – Скопје, 12. Ⅶ 2007) – археолог, академик. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во Љубљана (1958). Работела како кустос во Градскиот музеј на Скопје (1948 –… Continue reading АЛЕКСОВА, Блага

АЛЕКСОВА, Рајна

АЛЕКСОВА, Рајна (Битола, 25. Ⅻ 1882 – Битола, 23. Ⅱ 1959) – фармацевт. Дипломирала на Фарм. ф. во Лозана (17. Ⅶ 1906), како прва жена фармацевт во Македонија. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „широк сокак” во Битола (постојат аптекарски дневници од 1883 до 1930 г.) сћ до пензионирањето (1944). ЛИТ.: П. Бојаџиевски, Здравството во… Continue reading АЛЕКСОВА, Рајна

АЛЕКСОВСКИ, Васил

АЛЕКСОВСКИ, Васил (с. Дреновени, Костурско, 1911 – с. Требеница, Костурско, 4. Ⅲ 1944) – деец на македонското националноослободително движење. Бил член на ОКНЕ (1933) и на КПГ (1936) и нејзин пратенички кандидат за парламентарните избори (1936). Поради комунистичката дејност бил уапсен (1939), а како воен обврзник, учествувал во Грчко-италијанската војна (19401941). По фашистичката окупација, подготвувал… Continue reading АЛЕКСОВСКИ, Васил

АЛЕКСОВСКИ, Душко

АЛЕКСОВСКИ, Душко (с. Тополовиќ, Кратовско, 1948) – филолог, професор по француски јазик. Основно училиште и гимназија завршил во Кратово, а Филозофски факултет (Романска филологија) во Скопје. Првин работел како професор по француски јазик во Кратово, а потоа магистрирал (1976) и докторирал на Универзитетот Франц Конте во Париз на тема „Ромен Ролан во Југославија”. Во Кратово… Continue reading АЛЕКСОВСКИ, Душко

АЛЕКСОСКИ, Блаже

АЛЕКСОСКИ, Блаже (Прилеп, 1. Ⅱ 1933) – актер. Член на Народниот театар од Прилеп (1953-1992). Автор е на драмски текстови и на популарни историографски книги. Бил и режисер на неколку претстави. Улоги: Марое (Дундо Ма-рое); Луков (Црнила); Тарвалд Хермер (Нора); Теодос (Чорбаџи Теодос). Режии: Печалбари; Антица; Мистер Долар; Ние сме ангели; Нажалена фамилија; Бегалка идр.… Continue reading АЛЕКСОСКИ, Блаже

АЛИ-ПАшА ЈАНИНСКИ

АЛИ-ПАшА ЈАНИНСКИ (Тепеделенли; Тепелена) (1741 – 5. Ⅱ 1822) – османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел. По верното подаништво на султанот Селим Ⅲ, се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата… Continue reading АЛИ-ПАшА ЈАНИНСКИ

АЛИ-ЧАИР

АЛИ-ЧАИР (Прилеп) – археолошко наоѓалиште, откриено при изградбата на градската населба Али Чаир. Со заштитни сондажни ископувања (1968 и 1972) биле откриени керамички садови и други артефакти од еднослојна населба, според кои е извршена временска и културна детерминација на доцниот неолит во Пелагониската котлина. Северно од неа на околу 100 м биле најдени две мермерни… Continue reading АЛИ-ЧАИР

АЛИ, Фахри

АЛИ, Фахри (Фахри Али) (Скопје, 9. Ⅵ 1948) – поет, есеист, критичар, преведувач од турската етничка заедница. Завршил средно образование. Работел како уредник во весникот „Бирлик” при НИП „Нова Македонија”. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1970 година почнува да работи како новинар во Редакцијата на „Бирлик” во Скопје. Бил одговорен уредник на детските… Continue reading АЛИ, Фахри

АЛИНСКА БИТКА

АЛИНСКА БИТКА . (с. Алинци, Прилепско 6. XI 1912) – битка помеѓу српската и отоманската војска во Првата балканска војна. Во неа учествувале и Македонци како дел од српските воени единици. Отоманските сили биле приморани да се повлекуваат преку Црна Река кон Битола. Во борбите српската војска загубила 1.378 војници, а турската војска околу 500… Continue reading АЛИНСКА БИТКА

АЛИУ, Али Ферик

АЛИУ, Али Ферик (Али Ферик Алиу) (с. Крани, Преспа, 1. Ⅳ 1934) – есеист, критичар, теоретичар на литературата, преведувач, професор, академик. Основно училиште завршил во Битола, Учителска школа во Скопје и дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград. Докторирал на тема „Книжевното дело на Петро Марко” на Универзитетот во Приштина. Работел како новинар и уредник во… Continue reading АЛИУ, Али Ферик

АЛИУ, Линдита Али

АЛИУ, Линдита Али (Скопје, 1962) – новинар, писател. Основно образование завршила во Скопје, а средно училиште во Приштина. Дипломирала на Групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Одреден период работела како новинар во „Рилиндја”, а потоа станува лектор по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Пишува поезија и… Continue reading АЛИУ, Линдита Али

АЛМОПИЈА

АЛМОПИЈА – област во т.н. Долна Македонија, која ја опфаќа малата долина по горниот тек на р. Лудија (ден. Могленица), меѓу областите Еордаја и Пелагонија. Македонците ја освојуваат (сп. Тукидид) спуштајќи се од Горна Македонија во Ботиаја и Пиерија. Би-ла густо населена уште во антиката. Птолемај споменува три града: Алмопа, Хорма и Апсал. Областа е… Continue reading АЛМОПИЈА

АЛОСАН ЧОВЕК

АЛОСАН ЧОВЕК (АЛОВИТИ ЛУЃЕ) – лице во кое влегол демон или е обземено со стапнување на демонско место; деца родени во кошулка, од полов однос меѓу жена и змев или човек во кој влегла самовила, со натприродни сили и можности, заштитници од градоносните облаци. ЛИТ.: Речник на народната митологија на Македонците. Редактор Танас Вражиновски, Скопје,… Continue reading АЛОСАН ЧОВЕК

АЛОХТОНИ-ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ ДРВЈА И ГРМУШКИ

АЛОХТОНИ-ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ ДРВЈА И ГРМУШКИ -. (грч. ексотикос – стран, надворешен) – дрвја пренесени од други делови на светот (континенти) за да се одгледуваат и да се користат надвор од својот природен ареал. За разлика од автохтоните (домашни) видови, егзотите во новата татковина не растат самоник-Адаптирано дрво во Македонија (Абиес цонцолор Линдл.) нато. Интродукцијата на… Continue reading АЛОХТОНИ-ЕГЗОТИЧНИ ВИДОВИ ДРВЈА И ГРМУШКИ

АЛПЕЗ

АЛПЕЗ – вид украс за на глава од средновардарската етнографска целина. Бил изработен од нанижани сребрени пари што се ставале на главата, спуштени низ грбот. Сл. Ѓ.

АЛПИНЕТУМ

АЛПИНЕТУМ – хармоничен аранжман од карпи, дрвја, грмушки и терени поставени на одредена површина за хортикултурно уредување. Првите регистрирани алпинетуми датираат од 1880 г. на Британските Острови, а подоцна биле подигани во швајцарија и во други европски земји. Во Македонија нивното подигање е од понов датум (последните децении од ХХ в.). Вообичаено е да се… Continue reading АЛПИНЕТУМ

АЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија

АЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија – вегетациски тип што се развива над горната шумска граница, над субалпските пасишта и субалпските грмушести заедници, по високите планини од умерениот климатски појас (над 2200 м надморска висина). Во нејзиниот состав доминираат ниски баздовидни или перничести повеќегодишни тревести или грмушести растенија, приспособени кон специфичните еколошки услови на високопланинскиот појасContinue reading АЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија