АЛПИНЕТУМ

АЛПИНЕТУМ – хармоничен аранжман од карпи, дрвја, грмушки и терени поставени на одредена површина за хортикултурно уредување. Првите регистрирани алпинетуми датираат од 1880 г. на Британските Острови, а подоцна биле подигани во швајцарија и во други европски земји. Во Македонија нивното подигање е од понов датум (последните децении од ХХ в.). Вообичаено е да се подигаат на стрмни површини со пад од 100 –400. Најсоодветно е карпите да потекнуваат од близината на локацијата на алпинетумот, но тоа не е строго правило. При изборот се внимава карпите да бидат патинирани, изабени од времето, шупливи, покриени со лишаи и мов, без остри рабови и варијабилни по големина. Садниот материјал треба да биде џуџест. Употребата на ваков компактен материјал овозможува создавање успешни композиции на мали површини. Бл. С.