АХМЕТИ, Линдита Џабир (Линдита Џхабир Ахмети) (Призрен, 1974) – поетеса. По завршувањето на основното училиште (1986) и гимназијата во Тетово, од 1998 г. студирала на Групата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Живее и работи во Скопје. БИБ.: Малина и блуз, 1993; Островот Адулар, 1996; Камена месечина, 1998; Божилак, 2000; Син сон, 2002.… Continue reading АХМЕТИ, Линдита Џабир
Tag: А
АЦЕВ, Ѓорѓи
АЦЕВ, Ѓорѓи (с. Ореовец, Прилепско, Ⅴ 1883 – месноста Куртов мост на пл. Даутица, Велешко, 25. Ⅵ 1906) – учител, револуционер, прилепски војвода. Од револуционерното семејство Ацеви, брат на Мирче и на Петар. Завршил Ѓорѓи Ацев Педагошко училиште во Скопје, учителствувал во Битолско и во Тиквешко. Станал четник во четата на брат му Петар (1904).… Continue reading АЦЕВ, Ѓорѓи
АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче (с. Ореовец, Прилепско, 1853 – с. Уланци, Велешко, 20. IX 1901) – прилепски војвода на ТМОРО, брат на македонските војводи Ѓорѓи и Петар Ацеви. Завршил основно училиште. По убиството на татко му од османлиски зулумќари, станал ајдутин во четата на Коне Павлев. Првин бил теренски водич и интендант на четата. Бил уапсен од… Continue reading АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче Донев (псевд. Стојче) (с. Ореовец, Прилепско, 20. IX 1915 – Скопје, 4. Ⅰ 1943) – учесник во македонското националноослободително комунистичко и студентското движење, активен член на Студентското друштво „Вардар”. Во 1938 г. бил член на КП, активен во организирањето партиски организации во Охрид и Струга. Прогонуван од полицијата (1940), преминал во илегалство и… Continue reading АЦЕВ, Мирче
АЦЕВ, Мирче Донев
АЦЕВ, Мирче Донев (псевд. Стојче) (с. Ореовец, Прилепско, 20. IX 1915 – Скопје, 4. Ⅰ 1943) – учесник во македонското националноослободително комунистичко и студентското движење, активен член на Студентското друштво „Вардар”. Во 1938 г. бил член на КП, активен во организирањето партиски организации во Охрид и Струга. Прогонуван од полицијата (1940), преминал во илегалство и… Continue reading АЦЕВ, Мирче Донев
АЦЕВ, Петар
АЦЕВ, Петар (с. Ореовец, Прилепско, 7. Ⅵ 1877 – Пловдив, 20. Ⅳ 1939) – учител, револуционер, прилепски околиски војвода. Бил учител во с. Плетвар, Прилепско (1897–1901), секретар на ОРК на ТМОРО (1898–1902), околиски прилепски војвода (1902–1907), учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и избран за резервен член на Востанички штаб, а во Илинденското востание предводел чета.… Continue reading АЦЕВ, Петар
АЦЕВИ
АЦЕВИ – револуционерно семејство (од Прилеп), учители и револуционери со 160-годишно континуирано учество во македонската борба за слобода и сопствена држава. Во ослободителната борба се пројавиле во предилинденскиот период како водачи на илегални востанички дружини. По основањето на МРО се вклучиле како борци и војводи на ор-каде што исполнувал помали те-АЧКОСКА, Виолета (Охрид, 4. ганизациони… Continue reading АЦЕВИ
АЦЕВСКА, Весна
АЦЕВСКА, Весна (Скопје, 10. XI 1952) – поет, раскажувач и преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во весникот „Република”, а од 1992 работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преведување и го препева финскиот еп „Калевала”, за што ја доби наградата за… Continue reading АЦЕВСКА, Весна
АЦЕВСКИ, Боро
АЦЕВСКИ, Боро (псевд. Пашата) (Скопје, 14. IX 1914 – Скопје, 28. Ⅳ 1959) – сликар-иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки, а соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков. На почетокот на Втората светска војна, (1941) се приклучува кон Народноослободителната борба и во 1943 како партизан и член на Агитпроп во селото Горно Врановци е еден… Continue reading АЦЕВСКИ, Боро
АЦЕВСКИ, Илија
АЦЕВСКИ, Илија (с. Сливје, 27. Ⅵ 1952) – универзитетски професор, социолог. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), каде што и докторирал на тема „Распростанетоста на населението во просторот на град Скопје во зависност од некои социо-економски белези“ (1982). Има објавено повеќе книги и учебници од областите на урбаната социологија и транзицијата. БИБ.: Илија… Continue reading АЦЕВСКИ, Илија
АЧКОВ, Иван
АЧКОВ, Иван (Струга, 27. Ⅶ 1874 – Софија, 21. Ⅻ 1939) – учител, револуционер, член на ТМОРО. Завршил педагошко училиште. Бил учител во Солун, Велес, Струмица и на други места. Во ТМОРО влегол (1895) по предлог на Гоце Делчев, кој и го покрстил. Бил касиер на Велешкиот (1895–1896) и на Струмичкиот окружен комитет (1896– 1897).… Continue reading АЧКОВ, Иван
АЧКОВСКИ, Ристо
АЧКОВСКИ, Ристо (Скопје, 14. Ⅱ 1950) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., раководител на Институтот за ПЕЕС, два мандата продекан на ЕТФ во Скопје. Претседател на Студискиот комитет за надземни водови. Неговата истражувачка дејност опфаќа прилози кон примената на симулацијата Монте Карло за усовршување на методите за планирање и експлоатација на ЕЕС,… Continue reading АЧКОВСКИ, Ристо
АЧОВСКИ, Душко Јованов
АЧОВСКИ, Душко Јованов (с. Робово, Пехчево, 18. Ⅵ 1938) – педагог, универзитетски професор. Завршил Висока педагошка школа (математика и физика, 1960) и Филозофски факултет во Скопје (Институт за педагогија, 1981), каде што магистрирал (1991) и докторирал (1996). Предавал на Педагошката академија, а потоа на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје. Бил директор на Педагошката… Continue reading АЧОВСКИ, Душко Јованов
АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов
АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов (с. Аџалари, ден. Миладиновци, Скопско, 1880 – Скопје, 14. XI 1909) – скопски војвода на ВМОРО. Како обучен комита (од пролетта 1903), зел учество во Илинденското востание. Подоцна бил скопски војвода и учествувал во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско (1905). По Младотурската револуција (1908) се легализирал во Скопје,… Continue reading АЏАЛАРСКИ, Васил Стојанов
АЏИЕВСКИ, Илија
АЏИЕВСКИ, Илија (Струга, 25. Ⅻ 1926) – скулптор. Бил учесник во НОБ (1942). Автор е на Споменикот на паднатите борци во Струмица (1959), Мавзолејот на паднатите борци во Кратово (1962), Споменикот на братството и револуцијата во Дебар (1989), во Неготино и др. Имал повеќе самостојни изложби: Струга (1965), Битола (1966), Велес (1967), Скопје, (1991, 1994… Continue reading АЏИЕВСКИ, Илија
АЏИЕВСКИ, Коста
АЏИЕВСКИ, Коста (с. Елевци, Дебарско, 28. Ⅹ 1943) – историчар, унив. професор. Завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1968), магистрирал (1976) и докторирал (1990) на катедрата за византологија на Филозофскиот факултет во Белград. На Институтот за историја е избиран во сите звања. Предава општа исто-Коста Аџиевски рија на стариот век (1978–1984), општа историја на… Continue reading АЏИЕВСКИ, Коста
АЏИЕВСКИ, Томе
АЏИЕВСКИ, Томе (Струмица, 29. XI 1958) – скулптор. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1983). Самостојно и групно ја афирмирал македонската уметност во Берлин, Манчестер, Венеција, Лос Анџелес. Создава апстрактни и фигуративни форми поставени во различни амбиенти. Работи и ангажирани интерактивни проекти (Архитектура на агресијата, 2001). М. Б.-П.
АЏИМИТРЕСКИ, Димче
АЏИМИТРЕСКИ, Димче (Прилеп, 1916 – Скопје, 1994) – правник, национален и комунистички деец, борец и унив. професор. Како гимназијалец во Скопје станал член на СКОЈ (1932), а потоа и на КПЈ (1935) и раководител на МОРО. Бил еден од организаторите на НОАВМ: член на МК на КПЈ во Скопје и ПК на СКОЈ за Македонија… Continue reading АЏИМИТРЕСКИ, Димче
АЏИЌ, Мирјана Љубомирова
АЏИЌ, Мирјана Љубомирова (Ниш, Србија, 13. Ⅵ 1950) – интернист, геронтолог. Медицина завршила во Скопје (1976), а специјализира интерна медицина (1991), ориентирана кон геријатрија и палијативна медицина. Од 1988 г. е директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” во Скопје. Од 1997 е член на Бордот на Фондацијата Суе Ридер Царе – Лондон. Во 2000 станува… Continue reading АЏИЌ, Мирјана Љубомирова
АШИК Челеби
АШИК Челеби (Призрен, 1518 – Скопје, 1572) – научник, поет и скопски кадија, идентичен со Кади Баба или Гази Баба, чие турбе се наоѓа во Скопје, на истоимениот рид. Бил мутевелија во Бурса, потоа кадија во повеќе места во Империјата, а во Македонија во: Серфиџе, Кратово и Скопје, каде што и починал. Познат е по… Continue reading АШИК Челеби
АШКЕНАЗИ
АШКЕНАЗИ – Евреи од северноевропските земји, чиј говорен јазик јидиш е комбинација од неколку јазици со хебрејско писмо. Помали групи Ашкенази се населувале на Балканскиот Полуостров уште во времето на крстоносните војни. Нивната миграција се засилила под притисок на Католичката црква во втората половина на ⅩⅣ в. Големи ашкенаски општини биле формирани и во Македонија… Continue reading АШКЕНАЗИ
АШОТ
АШОТ – син на дуксот Григориј Таронит и зет на царот Самуил. Додека се наоѓал во заробеништво кај Самуила, во него се вљубила Самуиловата ќерка Мирослава. Таа му се заканила на татка си со самоубиство доколку не $ дозволи да се венчаат. По свадбата Самуил ги испратил во Драч и го поставил Ашота за управник.… Continue reading АШОТ