АБРАШЕВИЌ -РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, ПРИЛЕП (1934–1939) – основана во 1934 г. од младинци, припадници на СКОЈ. Имало неколку секции: Мешан хор, Оркестар од усни хармоники, Драмска и Рецитаторска секција и Дувачки оркестар. Раководител на Хорската секција и на оркестрите бил Аспарух Корубиновски (19101972); со Драмската секција раководел Киро Ѕале, со Рецитаторската Трајко Бошковски-Тарцан, а Литературната… Continue reading АБРАШЕВИЌРАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, ПРИЛЕП
Tag: А
АБУЛАФИЈА, Јаков
АБУЛАФИЈА, Јаков (ⅩⅤⅠⅠ в.) – рабин во Скопје. Служел во скопската синагога „Бет Јаков” (1680) во исто време со рабинот Јицхак Јихја. Поседувале дел од списите на шабтаистот пророкот Натан од Газа, кој при своето пропатување низ Македонија одненадеж умрел во Скопје, каде што бил погребан. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја… Continue reading АБУЛАФИЈА, Јаков
АВГУСТ ГАЈ ЈУЛИЈ ЦЕЗАР ОКТАВИЈАН
АВГУСТ ГАЈ ЈУЛИЈ ЦЕЗАР ОКТАВИЈАН (64 г. пр. н.е. – 14 г. н.е.) – римски император (27 г. пр. н.е. – 14 г. н.е.), внук на Јулиј Цезар и негов наследник. Со Антониј и со Лепид го основал Вториот триумвират (43), а по битката кај Акциј (31) станал единствен владетел во римската држава. Во 27… Continue reading АВГУСТ ГАЈ ЈУЛИЈ ЦЕЗАР ОКТАВИЈАН
АВДОВИЌ, Алија
АВДОВИЌ, Алија (с. Синѓелиќ, Скопско, 1912 – логор Бањица, септември 1941) – комунистички деец. Завршил основно училиште во родното село и медреса во Скопје, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје и припадник на прогресивното студентско движење, бил прогонуван од српската полиција, а во една партиска провала… Continue reading АВДОВИЌ, Алија
АВЗИУ, Сервет
АВЗИУ, Сервет (с. Мала Речица, Тетовско, 1. Ⅹ 1946) – политички деец, новинар и стопанственик. Завршил Земјоделско-шумарски факултет во Скопје (1969). Бил член и секретар за земјоделство во Извршниот совет на Собранието на Општината Тетово и директор на Центарот за унапредување на индивидуалното земјоделство во Тетово. Извесно време бил новинар во РТВ Скопје и раководител… Continue reading АВЗИУ, Сервет
АВИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
АВИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – Кај нас зачетоците датираат од 1962 г., кога се користеле два авиона од марката „Чмелак”, сопственост на РО „Агрохемизација” – Скопје. Приватната авиокомпанија „БОНИЕР” формирана како друштво за авиоуслуги (1996). Во текот на 2004 компанијата располагала со 13 авиони од типот АН-2 и со свој аеродром во Свети Николе. Одреден број… Continue reading АВИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
АВНОЈ в
АВРАМИЈ, Месапса
АВРАМИЈ, Месапса (ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1629– 1634). На 6 март 1631 г. добил грамота од Светиот архиерејски синод на Охридската црква да собира милостина. Престојувал во Венеција и во Рим, а преку Франција, Холандија, Англија, стасал во Русија. Од царот Михаил Теодорович и патријархот Филарет Никетич добил право (грамоти) да собира милостина. По… Continue reading АВРАМИЈ, Месапса
АВРАМОВ, Васил
АВРАМОВ, Васил (с. Осој, Дебарско, 1812 – 1903) – градител и резбар од родот Филиповци од с. Осој. Тој е син на Аврам Дичов, кој соработувал со Петре Филипович Гарката и со Димитар Станишев во изведбата на иконостасите во Бигорскиот манастир и во Скопје. Нема попрецизни податоци за неговата дејност. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски… Continue reading АВРАМОВ, Васил
АВРАМОВ, Крсто
АВРАМОВ, Крсто (с. Тресонче, 1866 – Скопје, 1939) – зограф, син на Аврам Дичов од с. Тресонче. Учел од својот татко и работел со него до 1890 г. Од малкуте податоци за неговата активност се знае за црквите „Св. Вознесение” во с. Извор и „Св. Троица” во с. Бојница, обете во Видинско, и за неколку… Continue reading АВРАМОВ, Крсто
АВРАМОВ, Никола
АВРАМОВ, Никола (Лазарополе, 1856 – Серез, 1911) – зограф од родот Кошевски. Тој е син на Аврам Кошевски (1805–1880), за кого се помни дека работел во Егејскиот дел на Македонија. Н. Аврамов работел во Тетовско, Гостивар, Дебарско, Охридско и во Скопско. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 244. В. П.-К.
АВРАМОВ, Никола
АВРАМОВ, Никола Јаковчев (с. Слатина, Охридско, 1880 – Русе, 1939) – охридски селски војвода, учесник во Илинденското востание. Со своја чета (од с. Слатина) учествувал во нападот на османлискиот гарнизон во селото Сирула, Охридско (борбите на Сирулски Рид од 20. Ⅶ 1903 г.). Во текот на Балканските војни учествувал во IX велешка доброволечка (ополченска) чета… Continue reading АВРАМОВ, Никола
АВРАМОВ, Никола Јаковчев
АВРАМОВ, Никола Јаковчев (с. Слатина, Охридско, 1880 – Русе, 1939) – охридски селски војвода, учесник во Илинденското востание. Со своја чета (од с. Слатина) учествувал во нападот на османлискиот гарнизон во селото Сирула, Охридско (борбите на Сирулски Рид од 20. Ⅶ 1903 г.). Во текот на Балканските војни учествувал во IX велешка доброволечка (ополченска) чета… Continue reading АВРАМОВ, Никола Јаковчев
АВРАМОВ, Стефан
АВРАМОВ, Стефан (Чирпан, Бугарија, 1884 – Софија, 28. IX 1953) – публицист, историчар и активист на македонското револуционерно движење. Завршил гимназија и учителствувал во Охрид и Битола (1903–1907). Од 1902 г. се вклучил во ТМОРО. Учествувал во борбите со српската пропаганда во Азот (Велешко) и во Порече. По Првата светска војна бил активен во Илинденската… Continue reading АВРАМОВ, Стефан
АВРАМОВ, Филип
АВРАМОВ, Филип (с. Осој, Дебарско, 1814 – 1900) – градител и резбар од родот Филиповци од с. Осој. Тој е син на Аврам Дичов и заедно со својот брат Васил Аврамов и со синовите изработувал тавани, долапи и врати во многу домови, конаци и манастири во Македонија и во Србија. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски… Continue reading АВРАМОВ, Филип
АВРАМОВА, Борка
АВРАМОВА, Борка (Тетово, 9. Ⅹ 1924 – Загреб, 25. Ⅲ 1993) – скулпторка. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Загреб (1953). До 1960 г. дејствувала во Скопје, каде што во 1954 г. имала самостојна изложба, прва на македонски скулптор. Изложила портрети со етнографски обележја, но со модерна форма и без класични анатомски пропорции (шиптар,… Continue reading АВРАМОВА, Борка
АВРАМОВСКИ, Димитар Пандилов
АВРАМОВСКИ, Димитар Пандилов (с. Тресонче, 1. Ⅲ 1899 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – сликар, еден од најзначајните основоположници на македонската модерна уметност и најеминентен претставник на импресионизмот. Потекнувал од позната зографска фамилија. Дипломирал (1924) на Државната художествена академија во Софија (Бугарија). Од Д. П. Аврамовски, Жетварки, масло на платно (1935) 1927 до 1928 г.… Continue reading АВРАМОВСКИ, Димитар Пандилов
АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте
АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте (Куманово, 11. Ⅲ 1931 – Скопје, 12. IX 1986) – сликар, графичар, сценограф, професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб (1955). Имал ретроспективна изложба во Скопје (Музеј на современата уметност, 2002). Гуте Оставил значаен белег во рамките на енформелот и лирската апстракција во… Continue reading АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте
АВРАМОВСКИ, Ристо
АВРАМОВСКИ, Ристо (с. Селце, Струшко, 20. Ⅷ 1943 – Скопје, 8. Ⅶ 2007) – композитор. Композиција учел во Скопје (Властимир Николовски) и во Белград (Енрико Јосиф). Еден од најистакнатите македонски композитори во последните три децении. Автор е на над сто дела од сите музички жанрови. Пишувал и филмска музика, музика за театарски претстави како и… Continue reading АВРАМОВСКИ, Ристо
АВРАМОСКИ, Петар
АВРАМОСКИ, Петар (с. Ташмаруништа, Струшко, 11. Ⅶ 1945) – градежен техничар, историчар, музеолог, поет и публицист. Основно училиште завршил во родното село и во с. Лабуништа (Струшко), а Средно техничко училиште (Градежен отсек) во Струга (1964), по што работел како градежен техничар. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1972). До пензионирањето работел како… Continue reading АВРАМОСКИ, Петар
АВРАМЧЕВ, Владимир
АВРАМЧЕВ, Владимир (с. Стојаково, Гевгелија, 1. IX 1939) – керамичар. Студирал на Академијата за применета уметност во Бел-град, Отсек керамика. Создава пластични асоцијативни форми со духовити решенија и примеси на фантастика, кои се движат меѓу применетата и ликовната уметност. Излагал самостојно и на колективни изложби во Скопје и во стрßанство. Добитник е на повеќе македонски… Continue reading АВРАМЧЕВ, Владимир
АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ .– се воспоставуваат со почетокот на иселувањето на Македонци во Австралија (крајот на ⅩⅠⅩ в.). Во Мелбурн се формира огранок на МПО (1936), во Перт прво македонско културно здружение „Единство” (1939), мрежа македонски организации (1941–1946), се одржува конференција за нивно обединување во Македонскоавстралиски народен сојуз (1946) и во Мелбурн се формира… Continue reading АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АВСТРИСКО МАКЕДОНСКИ АВСТРОУНГАРСКО И МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АВСТРИСКО МАКЕДОНСКИ АВСТРОУНГАРСКО И МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ . – политички, стопански и културни врски и односи низ минатото. Пред крајот на ⅩⅤⅠ в. архиепископите на Охридската архиепископија воспоставиле политички врски со Австрија за да ја придобијат за ослободување на христијаните од власта на Османлиската Империја. Со таква мисија во Австрија патувал архиепископот Гаврил (1586),… Continue reading АВСТРИСКО МАКЕДОНСКИ АВСТРОУНГАРСКО И МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО
АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО ( – ⅩⅧ век во времето на војната од 1683 г. на сојузот „Света лига”, јужното крило на австриската војска кон крајот на септември 1689 г. продрело во северниот дел на Македонија, каде што избувнало востание предводено од мартолозбашијата Карпош со околу 3.000 востаници и бунт на Иво Штипјанецот со… Continue reading АВСТРИСКО-ОСМАНЛИСКИТЕ ВОЈНИ И МАКЕДОНИЈА ВО