АВРАМОСКИ, Петар

АВРАМОСКИ, Петар (с. Ташмаруништа, Струшко, 11. Ⅶ 1945) – градежен техничар, историчар, музеолог, поет и публицист. Основно училиште завршил во родното село и во с. Лабуништа (Струшко), а Средно техничко училиште (Градежен отсек) во Струга (1964), по што работел како градежен техничар. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1972). До пензионирањето работел како кустос-историчар во Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во Струга (1983-2001). Како кустос подготвил 11 тематски изложби за минатото на Струга и Струшко. Учествувал на 12 научни собири, објавил 6 монографии, една поема и десетина позначајни научни прилози (главно од културното минато на Струга и Струшко). БИБ: Браќата Миладиновци, Струга, 1992; Летописна книга на црквата „Свети Ѓорѓија” во Струга, Струга, 1996; Мислешево и книгата на дарители на црквата „Свети Јован Крстител”, Струга, 1998; Незаборав и чествување, Струга, 2000; Слово за бесмртните (поема), Струга, 2002; Великаните од Струга, Струга, 2002; Враништа, Струга 2005. С. Мл. Владимир Аврамчев, од циклусот Метаморфоза