АВРАМИЈ, Месапса

АВРАМИЈ, Месапса (ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1629– 1634). На 6 март 1631 г. добил грамота од Светиот архиерејски синод на Охридската црква да собира милостина. Престојувал во Венеција и во Рим, а преку Франција, Холандија, Англија, стасал во Русија. Од царот Михаил Теодорович и патријархот Филарет Никетич добил право (грамоти) да собира милостина. По престојот во Русија повторно заминал во западна Европа и таму собирал милостина за да ја спаси охридската соборна црква „Воведение Богородичино” да не биде претворена во џамија. За откуп дал 25.000 златници. ИЗВ. иЛИТ.: ЦГАДА, ф.: 52, оп. 1, д. 8, лл. 1-55; И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Ⅱ, Софи®, 1995. Ал. Тр.