АРХИЕРЕЈСКИ ЖЕЗОЛ НА ОХРИДСКИТЕ АРХИЕПИСКОПИ

АРХИЕРЕЈСКИ ЖЕЗОЛ НА ОХРИДСКИТЕ АРХИЕПИСКОПИ – украсен архипастирски стап што ја симболизира власта од Светиот Дух, која им се предава на Охридските архиепископи – поглаварите на МПЦ, од времето на апостол Павле и свети Климет Охридски до денеска. Овој апостолски Светиклиментов жезол го добива Поглаварот при интронизацијата. Тој е од сребро и е украсен на… Continue reading АРХИЕРЕЈСКИ ЖЕЗОЛ НА ОХРИДСКИТЕ АРХИЕПИСКОПИ

АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – основана е на 16. Ⅳ 1997 година. Во Архитектонската академија членуваат добитниците на наградата за ред и развој на македонската архитектура „Андреја Дамјанов“ што ја доделува ААМ еднаш годишно. Од 2004 г. за членови на Академијата може да се бираат и архитекти кои дале особен придонес… Continue reading АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ. Со решение на Владата на НР Македонија е формиран Техничкиот факултет со два оддела Архитектонски и Градежен во рамките на Универзитетот во Скопје (1949), со цел да се унапреди наставно-образовниот процес според општествените потреби во сферата на градежништвото и формирање кадри во областа на урбанизмот и архитектурата. Со прераснувањето на Техничкиот факултет во… Continue reading АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА. Во историјата на култура-Култен предмет во вид на модел на куќа, керамика, Тумба, Породин, Битолско, неолит та на Македонија архитектурата е присутна со различен интензитет уште од првите предисториски култури, па сћ до денес. Од предисторијата на територијата на Македонија среќаваме многу локалитети од времето на неолитот, на енеолитот, од бронзеното и… Continue reading АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

АСАЕЛ, Бецалел бен Симантов

АСАЕЛ, Бецалел бен Симантов (Штип, 1904 – Треблинка, 1943) – книжар, основач на Младинскиот еврејски хор и Младинската драм-ска секција во Штип. Самиот ги режирал претставите изведувани на јазикот ладино. Го формирал фудбалскиот еврејски клуб „Хакоах” (1929), организирал акции за еврејските национални фондови (ККЛ и Керен хајесод). ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје… Continue reading АСАЕЛ, Бецалел бен Симантов

АСАМАТИ

АСАМАТИ – . современа туристичка населба на брегот на Преспанското Езеро. Во праисториската археологија позната е по наоѓалиштето Св. Недела, на кое со пробно ископување (1978-1979) биле откриени остатоци од објект и во него групи од фрагментирани керамички садови. Се смета дека се работи за грнчарска работилница на мала рибарска населба од доцното бронзено време,… Continue reading АСАМАТИ

АСЕМАНОВО ЕВАНГЕЛИЕ

АСЕМАНОВО ЕВАНГЕЛИЕ – глаголичко кратко изборно евангелие со месецеслов, прва пол. на XI в., 158 л. Пронајдено е во 1736 г. во Ерусалим од Ⅹ. С. Асемани (Јосеф Симон Ассемани), сега во папската Ватиканска библиотека (сигн. Слав. 3). Преписот се лоцира во Југозападна Македонија и тесно е поврзан со традициите на Охридскиот книжевен центар. Содржи… Continue reading АСЕМАНОВО ЕВАНГЕЛИЕ

АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕОГРАФСКИТЕ РАМКИ НА МАКЕДОНИЈА

АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕОГРАФСКИТЕ РАМКИ НА МАКЕДОНИЈА . – процес во кој одреден етникум, дел од него или одделни негови припадници, со груби или суптилни методи, ги присилувале Македонците да се одречат од сопствениот идентитет и да го прифатат идентитетот на доминантниот етникум. Процесот на асимилација во ХХ в., во географските рамки на МакедонијаContinue reading АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕОГРАФСКИТЕ РАМКИ НА МАКЕДОНИЈА

АСИМОВ, Муџахит

АСИМОВ, Муџахит (Мüцахит Асимов) (Битола, 1940) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Завршил Филозофски факултет во Сараево. Докторирал на Филолошкиот факултет во Приштина. Од 1998 година се вработува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Има објавено повеќе стручни и научни трудови од областа на дијалектологијата, историјата на турскиот јазик и турската литература.… Continue reading АСИМОВ, Муџахит

АСКЛЕПИЈ

АСКЛЕПИЈ – митски херој, бог на медицината во грчката митологија, син на Аполон и нимфата Коронида, одгледан од кенотаурот Хирон, кој му го предава искуството од медицината. Најголемо светилиште има во Епидаур. Во Филипи е познат големиот релјеф, во кој централно место има Асклепиј и ќерка му Хигиеја. Во Македонија е почитуван како божество, а… Continue reading АСКЛЕПИЈ

АСНОМ

АСНОМ (23. Ⅸ 1944) како Народна библиотека, со иницијален фонд од околу 150.000 библиотечни единици од дотогашните библиотеки во Скопје, главно од дотогашниот Филозофски факултет. Подоцна е преименувана во Народна и универзитетска библиотека (1958). Со републичкиот Закон за библиотеките (1960) ги добива функциите на централна матична библиотека на СРМ. Сега располага со 12.000 м2 библиотечен… Continue reading АСНОМ

АСНОМ

АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Завршил основно и средно образование во родниот град и во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1922). Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање и Скопје). Член на КПЈ од 1944 г.… Continue reading АСНОМ

АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ

АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Завршил основно и средно образование во родниот град и во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1922). Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање и Скопје). Член на КПЈ од 1944 г.… Continue reading АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ

АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА – основана во Скопје (1952) како Друштво на архитекти на НРМ. Работи како Сојуз на архитекти на Македонија (1980–1999), а подоцна (1999) како Асоцијација на архитекти (ААМ) на Македонија. Целите, определбите и делокругот на работата на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонската професија,… Continue reading АСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

АСТРАИ

АСТРАИ – палеобалканска популација од пајонската група племиња. Ги населувале териториите веднаш потоа била убиена и Клеопатра и нејзиното бебе, за да нема други претенденти на македонскиот царски престол. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

АТАИ Ускуби

АТАИ Ускуби (Атаи од Скопје) (втора пол. на ⅩⅤ – поч. на ⅩⅤⅠ в.) – еден од најпопуларните османлиски поети на преминот од ⅩⅤ во ⅩⅤⅠ в. Бил припадник на Накшбендискиот дервишки ред. Неговата поезија особено била славена и почитувана во Румелија. Починал во времето на султанот Селим Ⅰ (1512–1520). ЛИТ.: Драги Ѓоргиев, Скопје од… Continue reading АТАИ Ускуби

АТАЛ

АТАЛ (? – 335 пр.н.е.) – македонски војсководец во војската на Филип Ⅱ. Во 337 год. пр.н.е. Филип Ⅱ се оженил со ќерката на АталКлеопатра. Атал бил убиен по наредба на Александар Ⅲ Македонски во 335 г. пр.н.е., а веднаш потоа била убиена и Клеопатра и нејзиното бебе, за да нема други претенденти… Continue reading АТАЛ

АТАНАСИЈ Ⅰ архиепископ на Охридската архиепископија

АТАНАСИЈ Ⅰ – архиепископ на Охридската архиепископија (втора половина на ⅩⅤⅠ – почеток на ⅩⅤⅠⅠ в.). По доаѓањето на архиепископскиот престол се активирал за ослободување од власта на на Османлиската Држава со помош од западноевропските владетели. Во почетокот на 1596 г. воспоставил врска со Венеција која не покажала интерес. Истата година отпатувал во Неапол, кај… Continue reading АТАНАСИЈ Ⅰ архиепископ на Охридската архиепископија

АТАНАСИЈ Ⅱ

АТАНАСИЈ Ⅱ . (втора пол. на ⅩⅤ¶¶ в.) – охридски архиепископ (1653–1660). Како поглавар на Охридската архиепископија се споменува меѓу Ⅱ и 20. Ⅻ 1653 г. Стапил во врска со папата Александар Ⅶ за унија (1655–1667) и заедно со пелагонискиот митрополит Еремија и драчкиот Харитон престојувале во Рим, каде што барале милостина. Во текот на… Continue reading АТАНАСИЈ Ⅱ

АТАНАСОВ-БОЖАНИН, Атанас

АТАНАСОВ-БОЖАНИН, Атанас (Петрич, 1921 – Петрич, 10. Ⅴ 1975) – партизан на Петричкиот партизански одред „Андон Попов” и член на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Во својот поздравен говор на Второто заседание на АСНОМ ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава. ЛИТ.:… Continue reading АТАНАСОВ-БОЖАНИН, Атанас

АТАНАСОВ-ИНЏЕТО, Иван

АТАНАСОВ-ИНЏЕТО, Иван (с. Ватрена, Демирхисарско, Серско, ок. 1846 – с. Црвиште, Дупничко, 11. Ⅳ 1896) – малешевски војвода. Учествувал во Руско-османлиската војна (1877/1878) како доброволец во IX доброволечка (ополченска) чета. Активно учествувал во Кресненското востание (1878/ 1879) како војвода со чета на десниот брег на реката Струма, како војвода во Разлошкото востание, како и во… Continue reading АТАНАСОВ-ИНЏЕТО, Иван