БАТАЛАКОВ, Тони

БАТАЛАКОВ, Тони (Антон), (Скопје, 20. IX 1945) – балетски играч и репетитор. Напоредно со гимназијата го завршува Средното балетско училиште во Скопје. Член е на Балетот при МНТ (1964–1992), каде што станува првенец со изразена индивидуалност, техничка сигурност и партнерско умеење. Директор на Балетот при МНТ (1979–1989) и наставник во Балетското училиште при МБУЦ „Илија… Continue reading БАТАЛАКОВ, Тони

БАТАЛИ, Перикли

БАТАЛИ, Перикли (Крушево, ок. 1870 – Крушево, 1903) – општ лекар. Медицина завршил во Атина, а како лекар работел кусо време во Крушево. Во Илинденското востание, заедно со д-р Никола Димку, бил лекар на Привремениот извршен совет, одреден за лечење на болните и повредените востаници во судирите со турскиот аскер. Бил фатен од турскиот башибозук,… Continue reading БАТАЛИ, Перикли

БАТАЛЈОН ЈОРДАН НИКОЛОВ

БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ“ – в. Прв кумановски народноослободителен баталјон „Јордан Николов – Орце“.

БАТАЛЈОН ХРИСТО БОТЕВ

БАТАЛЈОН „ХРИСТО БОТЕВ“ – в. Бугарски народноослободителен баталјон „Христо Ботев”. Христо БатанџиевБАТАНЏИЕВ, Христо Иванов

БАТИНО, Асео Жулија

БАТИНО, Асео Жулија (Битола, 1914 – Јасеновац, Хрватска, 1942) – позната антифашистка, сестра на Рафаел Батино. Била претседател на интернационалното женско еврејско друштво „Визо“ (до 1939). Од Битола се преселила во Загреб (септ. 1939). Таму се вклучила во заднината на антифашистичкото движење, била уапсена, спроведена во концентрациониот логор Јасеновац и таму стрелана. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев… Continue reading БАТИНО, Асео Жулија

БАТИНО, Рафаел Јосеф

БАТИНО, Рафаел Јосеф (псевд. Мишо Цветковиќ) (Битола, 1910 – Вучја Клека, Србија, Ⅶ 1942) – комунист, синдикален активист. Студирал во Мексико, каде што станал истакнат лидер на младината и член на КП на Мексико. Бил протеран и вратен во Битола (1934), каде што ги организирал штрајковите на Урсовите синдикати (1935), поради што бил осуден (1936).… Continue reading БАТИНО, Рафаел Јосеф

БАТИНЦИ

БАТИНЦИ – село во Скопско. Се наоѓа во долината на Маркова Река. Со регионален е поврзано со Скопје. Населението е во постојан пораст. Така, додека во 1961 г.во него живееле 845 ж., во 2002 г. тој број се наголемил на 5.364 ж. Од нив Македонци биле 36, Албанци 3.217, Турци 407, Бошњаци 1.660 и други… Continue reading БАТИНЦИ

БАТОВСКИ, Хенрик

БАТОВСКИ, Хенрик (Хенрѕк Батоњски) (Л’вов, 12. Ⅴ 1907 – Краков, 28. Ⅲ 1999) – историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав. Студирал ориенталистика, славистика и историја, а потоа и докторирал (1929). Бил дописник од Прага и од Белград (1930), а потоа станал доцент на Јагелонскиот универзитет – Катедра за политички науки во Краков (1936).… Continue reading БАТОВСКИ, Хенрик

БАУЕР, Стеван Фрањов

БАУЕР, Стеван Фрањов (Прешево, Србија 9. Ⅰ 1934) – фармацевт, редовен професор на Фарм. ф. и продекан по неговото основање. Раководител на Институтот по токсиколошка хемија и еден од првите наставници на факултетот. Претходно бил раководител на токсиколошката лабораторија во Институтот за медицина на трудот во Рудници и железарница–Скопје. Има објавено бројни научни и стручни… Continue reading БАУЕР, Стеван Фрањов

БАХОЛИ СУЉ, Сулејман

БАХОЛИ СУЉ, Сулејман . (Дебар, 1923) – учесник во работничкото и во комунистичкото движење во Албанија и во Македонија. Се школувал во Дебар и во Скадар. По окупацијата на Албанија бил активен во движењето на отпорот. Со формирањето на КП на Албанија (8. XI 1941) станал нејзин член; член е на ОК за Драч, а… Continue reading БАХОЛИ СУЉ, Сулејман

БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо

БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо (Охрид, 23. Ⅷ 1928 – Скопје, 14. Ⅲ 2004) – физичар, ред. проф. (1971) на ПМФ. Дипломирал (1951) на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за физика. Докторирал (1960) на ПМФ со темата „За особините на зонските мрежички”. Специјализирал во Винча, Загреб и Париз за детекција на неутрони, спектрална анализа и физичка оптика.… Continue reading БАХЧЕВАНЏИЕВ, Славчо

БАЧИЌ, Фрањо

БАЧИЌ, Фрањо (Сењ, Хрватска, 12. Ⅰ 1923) – универзитетски професор, правник. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Правен факултет завршил во Загреб, а докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Почетокот на извршувањето на кривичното дело и казнивите подготвителни дејствија“ (1954). Избран за доцент по предметот кривично право на Правниот факултет во… Continue reading БАЧИЌ, Фрањо

БАША, Еќрем

БАША, Еќрем (Ељрем Басха) (Дебар, 1948) – поет, прозаист и преведувач. Основното и средното образование ги завршил во родното место. Дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Приштинскиот универзитет. Еден период работи како новинар и уредник-редактор во „Бота е Ре“ („Нов свет“) и во „Рилиндја“ („Препород“), а потоа во РТВ Приштина. Член е… Continue reading БАША, Еќрем

БАШЕВ, Андреја Наумов

БАШЕВ, Андреја Наумов (Елена, Бугарија, 13. Ⅱ 1900 – Софија, 24. IX 1929) – лекар и општественик, син на лекарот Наум Башев од Ресен. Завршил медицина на Минхенскиот универзитет (1923). Како студент бил секретар на Извршниот комитет на Меѓународниот студентски сојуз, каде што се залагал за „признавање на македонското студентство како посебна единица во Меѓународниот… Continue reading БАШЕВ, Андреја Наумов

БАШЕВСКИ, Димитар

БАШЕВСКИ, Димитар (с. Ѓавато, Битолско, 27. Ⅵ 1943) – романсиер, поет, преведувач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот во Скопје. Долго работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија” од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура”. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово”. Претседател на Македонскиот ПЕН центар.… Continue reading БАШЕВСКИ, Димитар

БАШЕСКИ, Жарко

БАШЕСКИ, Жарко (Прилеп, 11. Ⅶ 1957) – скулптор, универзитетски професор. Дипломирал во класата на Петар Хаџи Бошков (1988) и магистрирал во класата на Драган Поповски-Дада (1998) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал студиски престој во Лондон (1979-1982). Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ (од 1988). Имал… Continue reading БАШЕСКИ, Жарко

БАШИБОЗУК

БАШИБОЗУК – нерегуларни пешадиски и коњанички чети, кои во време на војни и востанија, особено по Кримската војна (1853– 1856), дејствувале со редовната османлиска војска. Не носеле униформи и биле вооружени со различно оружје. Претежно биле составени од Албанци, Черкези и Курди. Биле храбри, но недисциплинирани и познати по својата свирепост и насилство кон цивилното… Continue reading БАШИБОЗУК

БАШМАКОВ, Алксандар Александрович

БАШМАКОВ, Алксандар Александрович (Одеса, 1858 – ?, 1943) – руски словенофил, публицист, редактор и издавач на весници (на руски и на француски јазик). Средното образование го завршува во Женева, а Правниот факултет во С.-Петербург и Одеса (1881). Веднаш е испратен на располагање на рускиот претставник во новоослободена Бугарија П. А. Матвеев. Во 1882 г. осум… Continue reading БАШМАКОВ, Алксандар Александрович