БУРМАЛИ ЏАМИЈА (Скопје, 1495) – подигната (врз темелите на некогашна црква) од Мехмедбег Карли-заде на десната страна на р. Вардар, до Камениот мост. Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на… Continue reading БУРМАЛИ ЏАМИЈА
Category: Енциклопедија
БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров
БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров (Куманово, 31. Ⅰ 1907 – с. Бељаковце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – металски работник, комунистички деец и првоборец од НОБ. Завршил два класа гимназија (1922), а потоа го изучил металскиот занает. Бил секретар на Синдикалната под-ружница на металските работници (1925), член на СКОЈ (1926), член (1928) и потоа секретар на ПК на… Continue reading БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров
БУРХАН, Рахим
БУРХАН, Рахим (Скопје, 1948) – режисер. Основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе” (1971). Од 1991 г. театарот „Пралипе” соработува со театарот „Андер Рур” во Милхајм, Германија. Режии: „Не! Не”, „Божицата на виолината” („Маутие”), „Крвави свадби”, „Бибахтали” („Несреќа”), „Соске” („Зошто”), „Тхагар Едип” („Крал Едип”), „Орестија”, „Отело”, „Јерма”, „Ѕидот, водата”. Р. Ст. Стојан Бурчевски-Буридан
БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов
БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов (Рудник, Велешко, 29. Ⅳ 1920 – мес. Речани, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – организатор и учесник во оруженото востание од 1941 г. Бил борец, а потоа и командир на чета во партизанскиот одред „Димитар Влахов“ (1942). Од страна на бугарскиот воен прек суд во Скопје, во декември 1942 г. во отсуство бил… Continue reading БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов
БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова
БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова (Велес, 27. Ⅰ 1919 – с. Војница, Велешко, 16. Ⅻ 1942) – револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ (од 1940) и активен учесник во подготовките за оруженото востание (од април 1941). Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на… Continue reading БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова
БУФ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Детроит, Мичиген, САД, 1924) – селско спомагателно друштво. Едно од најбројните македонски друштва во САД во кое членуваат доселениците од селото Буф (Леринско), кои се доселиле во САД меѓу првите (на крајот од ⅩⅠⅩ в.). Дејноста ја проширило и во Виндзор (Канада), каде што имало голем број Бувчани, а потоа и во… Continue reading БУФ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
БУФ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Виндзор, Канада, 26 Ⅲ 1944) – друштво на доселеници по потекло од с. Буф, Егејскиот дел на Македонија. Друштвото развивало културни дејности, особено на селските прослави, и ги зближувало доселениците од селото Буф (Леринско). Сл. Н.-К. БУФЧАНСКО ОРО – македонско женско народно оро во метар 2/4, најзастапено во Битолско. Рацете се држат… Continue reading БУФ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
БУЦЕВСКИ, Милош
БУЦЕВСКИ, Милош (Скопје, 27. Ⅲ 1945) – економски техничар, атлетичар. Го завршил Средното економско училиште „Борис Кидрич” во Скопје (1966). Бил член на Атлетскиот клуб „Вардар” во Скопје. Бил репрезентативец на Македонија и на Југославија. На Европското првенство за младинци во Одеса (1966) освоил бронзен медал во штафета 4 х 400 м. Поставил македонски рекорди… Continue reading БУЦЕВСКИ, Милош
БУЧАЛО
БУЧАЛО -. најдолгата дрвена мелодиска цевка на гајдата. Составена е од три меѓусебно заглавени делови, а на едниот од нив, што влегува во гајдата, наречен пискарче, однатре е прицврстен писка од трска. Таа константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката… Continue reading БУЧАЛО
БУЧИМ
БУЧИМ – рудник на бакарна руда (Цу), кој ги зазема северните делови од бучимскиот руден реон. Во геолошката градба на бучимското наоѓалиште учествуваат главно прекамбриски метаморфни карпи (разни типови гнајсеви и амфиболити) и терциерни вулканити (андезити и латито-андезити). Во наоѓалиштето е утврдена бакарна минерализација од порфирски тип, локализирана во 4 рудни тела (Централен дел, Бунарџик,… Continue reading БУЧИМ
БУЧИН
БУЧИН – хеленистичка населба распослана на долгата падина на Бучински Рид, 20 км западно од Прилеп. На површината се воочливи остатоци од градби, градежен материјал и фрагменти од керамички садови. При обработката на земјата се најдени повеќе монети од Филип Ⅱ до Константин Ⅰ и автономните градови Амфиполис, Пела, Тесалоника и др., како и еден… Continue reading БУЧИН
БУЧКОВСКИ, Владо
БУЧКОВСКИ, Владо (Скопје, 2. Ⅻ 1962) – правник, унив. проф и политичар. Дипломирал на Правниот факултет (правосудна насока) во Скопје (1986), каде што и магистрирал (1991), а докторирал на темата „Римското и современото заложно право“ (1998). Првин бил стручен соработник во Собранието на СРМ (1987-1988), а потоа асистент (1988-1998), доцент (1998) и вонреден професор (2003)… Continue reading БУЧКОВСКИ, Владо
БУЏЕТ НА Република Македонија
БУЏЕТ НА Република Македонија – годишен план за финансирање на функциите и обврските на државата, а се состои од годишна проценка на приходите и на расходите по намени. Приходите и расходите во буџетот се предвидуваат и се одобруваат за идниот период, по правило за една година, која се нарекува буџетска или фискална година. Според македонското… Continue reading БУЏЕТ НА Република Македонија
БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија
БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија – позитивни прописи, институции и односи кои ја конституираат целината на буџетското финансирање на земјата. Буџетскиот систем на Република Македонија се развиваше напоредно со развојот и менувањето на стопанскиот и политичкиот систем на земјата. Во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, буџетскиот систем носеше белези и функционираше според буџетското… Continue reading БУЏЕТСКИ СИСТЕМ НА Република Македонија
БУШЕВА ПЛАНИНА
БУШЕВА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу долината на Треска на север, превојот Барбарас (864 м) на си, Прилепско Поле на исток, Црна Река на југ и реката Жаба на запад. Зафаќа површина од 325 2 км . Највисок врв е Стара Мусица (1.788 м). На главното планинско било кое се протега во… Continue reading БУШЕВА ПЛАНИНА
ВАЈАН, Андре
ВАЈАН, Андре (Ваиллант, Андрé) (Суасон, 1. Ⅶ 1890 – Париз, 23. Ⅳ 1977) – француски славист, класичен филолог и романист, дописен член на МАНУ (од 25. Ⅻ 1969). Бил професор на Ñцоле натионале дес лангуес ориенеталес, Ñцоле пратиљуе дес Хаутес Ñтудес и Цоллéге де Франце, наследник на Андре Мазон. Првиот непосреден допир со Македонија го… Continue reading ВАЈАН, Андре
ВАЈГАНД, Густав
ВАЈГАНД, Густав (Густав Њеиганд) (Дуисбург, Германија, 1. Ⅱ 1860 – Дуисбург, 8. Ⅶ 1930) – германски филолог-романист и етнограф, унив. професор. Откако докторирал, бил директор на Институтот за романски јазик во Лајпциг (од 1894) и професор по романска и балканска филологија и етнографија на Лајпцишкиот универзитет (од 1896). Бил покренувач и редактор на „Годишник“ на… Continue reading ВАЈГАНД, Густав
ВАЈНОВ, Пандо Глигоров
ВАЈНОВ, Пандо Глигоров (с. Сребрено, Леринско, 1924) – воен командант на ДАГ. Како потполковник (1948) и полковник (1949) бил командант на бригада и дивизија. Бил член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (јануари 1948), член на Главниот одбор на НОМС на Егејска Македонија (мај 1949), заменик член на ЦК… Continue reading ВАЈНОВ, Пандо Глигоров
ВАЈСМАН, Џејмс Р
ВАЈСМАН, Џејмс Р. (Јамес Р. Њисеман) (Норт Литл Рок, САД, 29. Ⅷ 1934) – археолог, унив. професор, академик. Дипломирал на Универзитетот во Мисури (1957), а потоа завршил класични студии во Американската школа во Атина (1959-1960). Магистрирал (1960) и докторирал (1966) на Универзитетот во Чикаго. Неговите професионални интереси се насочени кон проучување на односот меѓу Римјаните… Continue reading ВАЈСМАН, Џејмс Р
ВАЈТОС
ВАЈТОС (Градиште) – утврдена населба од раноантичко и римско време. На три километри западно од с. Октиси, на планината Јабланица, доминира утврдена населба (680џ80 м) со поглед кон Струшко Поле, од каде што се надгледувала Виа Егнатиа. На северната Утврдената населба Вајтос (Градиште) од раноантичко и римско време страна се зачувани остатоци од бедеми (ширина… Continue reading ВАЈТОС
ВАЈУНИТИ
ВАЈУНИТИ – словенско племе, кон крајот на Ⅵ и поч. на Ⅶ в. се населило во Македонија, на териториите западно од Солун, а подоцна во Епир, помеѓу Арта и Јанина. Во сојуз со другите словен-ски племиња учествувале во нападите на Византија (614–616), пустошејќи ги јужните делови на Илирик и егејските острови, како и во нападот… Continue reading ВАЈУНИТИ
ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – систем за рутинска вакцинација против одредени заразни болести што се темели на законска регулатива. Во историјатот на спроведувањето на задолжителната имунизација, од 1944 па наваму, бележиме два периода – едниот кампањски начин на вакцинација кој траел до 1960 г., а потоа континуирана вакцинација. Во 1948 г. со Сојузен закон воведено е… Continue reading ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ВАЛАВНИЦИ
ВАЛАВНИЦИ – металуршки погони за обработка на металите со валање; првобитно се во состав на Рудници и Железарница „Скопје”, а денес функционираат како независни производно-преработувачки фабрики. Валавниците (т.н. топли или ладни, во зависност од применетата постапка и дебелината на производот) се индустриски постројки и инсталации за производство на челични плоснати производи. Во Топлата валавница (денес… Continue reading ВАЛАВНИЦИ
ВАЛАНДОВО
ВАЛАНДОВО – град во јужниот дел на Република Македонија : 4.402 ж. (2002). Се наоѓа во северниот крај на Гевгелиско–валандовската котлина, во подножјето на планината Плавуш, на надморска височина помеѓу 110 и 150 м. Зафаќа површина од 120 ха. Западно од градот поминува магистралниот пат М–1, а преку станицата во с. Миравци е поврзано со… Continue reading ВАЛАНДОВО