БУЗЕВ, Трифун Петров

БУЗЕВ, Трифун Петров (псевд.: Трајко; Трпко) (Воден, 28. Ⅷ 1889 – Скопје, 23. Ⅵ 1966) – текстилен работник, печалбар во САД и учесник во шпанската граѓанска војна. Во времето на Балканските војни дезертирал од турската армија и преку Солун заминал во Њујорк. Таму станал активист и раководител во синдикалното движење, а потоа и член на… Continue reading БУЗЕВ, Трифун Петров

БУЈАН, Вељко Јосипов

БУЈАН, Вељко Јосипов ( Новска, Хрватска 22. Ⅱ 1905 – Скопје, 22. Ⅴ 1972) – спец. по судска медицина, гинекологија и акушерство. Редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основач на Институтот за судска медицина и криминалистика и шеф на Катедрата (од 1952) с” до пензионирањето. Студирал медицина и дипломирал во Берлин, а докторирал во… Continue reading БУЈАН, Вељко Јосипов

БУЈНОВ, Александар

БУЈНОВ, Александар (шумен, 27. Ⅷ 1879 – с. Добриниште, Благоевградско, 27. IX 1924) – деец на ТМОРО/ВМОРО и народен пратеник; Бугарин. Како член на ТМОРО (1903), бил комита во Скопско, член на Серскиот окружен револуционерен комитет (1905), член на ЦК на Народната федеративна партија (1908), избран за пратеник во Османлискиот парламент (1909) и пратеник во… Continue reading БУЈНОВ, Александар

БУКА

БУКА – издлабен голем трупец (олук) по кој се спроведува и паѓа вода од јаз во воденица. Ал. Анд.

БУКВАР

БУКВАР – основен учебник за читање и пишување, за запознавање на гласовите во јазикот и на нивните печатни и ракописни знаци. Во последните два века во Македонија се објавени поголем број вакви учебници. Најпрвин разлошкиот трговец од Банско Марко Теодорович (Везјов) го издаде учебникот „Первое ъченје хотџÃ»мљ ъчитисџ книгљ писмен» Славенскими, наз»ваемое Букварќ“ (Виена, 1792),… Continue reading БУКВАР

БУКВИЌ, Александар

БУКВИЌ, Александар (Белград, 1936 – 1985) – психолог, професор во Белград и во Скопје. Ги завршил студиите на Групата за психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1959). Работел на Институтот за применета психологија и ментална хигиена на Воено-медицинската академија и на Филозофскиот факултет во Бел-град (Одделение за психологија). По формирањето на Институтот за психологија на… Continue reading БУКВИЌ, Александар

БУКЕФАЛ

БУКЕФАЛ – легендарниот коњ на Александар Македонски со кој големиот војсководец ги извојувал сите победи. Единствено Александар, уште дете, успеал да го скроти дивиот коњ (Плутарх) и го нарекува Букефал. По победата над индискиот владетел Пор (326 г. од ст.е.) Александар во чест на својот славен коњ гради на р. Хидасп град Букефала. ЛИТ.: Плутарцх,… Continue reading БУКЕФАЛ

БУКЛЕВСКИ, Томе,

БУКЛЕВСКИ, Томе, (Кичево, 21 Ⅹ 1921) – првоборец и политичар. Како припадник на комунистичкото и работничкото движење, бил учесник во НОАВМ и член на КПЈ (1941), поради што бил затворен во Тирана ( Ⅳ 1942 – Ⅹ 1943). Подоцна бил секретар на ОК на КПМ за Кичевско, заменик политички комесар на баталјони и бригада. По… Continue reading БУКЛЕВСКИ, Томе,

БУКЛЕСКА, Калиопи

БУКЛЕСКА, Калиопи (Охрид, 28. Ⅻ 1966) – интерпретаторка на популарна музика, автор. Солопеење студира во Скопје, во класата на Благоја Николовски. На девет години победи на фестивалот Златно славејче. Во втората половина на осумдесеттите години од ⅩⅩ век е член на групата „Калиопи” со која учествува на фестивалите во Опатија („Лео”), Љубљана, Сплит („Да море… Continue reading БУКЛЕСКА, Калиопи

БУКОВИЌ

БУКОВИЌ – средновисока планина во Западна Македонија, што се наоѓа помеѓу Кичевската Котлина на југ и Полошката Котлина север, и помеѓу планините Бистра на запад и Добра Вода на исток. Има динарски правец на протегање СЗ – ЈИ. Највисок врв е Тепе (1.528 м). Источниот дел на Буковиќ е издвоен како посебен познат под името… Continue reading БУКОВИЌ

БУКОВКА

БУКОВКА . (Плеуротус остреатус (Јацљ.: Фр.) Куммер) – габа што расте како сапроб на паднати букови стебла. Се произведува на фарми за производство на буковки. М. К.

БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Букурешт, 17 / 30. Ⅶ – 28. Ⅶ /10. Ⅷ 1913) – мировна конференција по Втората балканска војна со учество на делегации на државите-победнички: Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една и на поразената Бугарија, од другата страна. Турција, која учествувала, исто така, во војната и одново ја презела Источна Тракија… Continue reading БУКУРЕШКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР (Букурешт, 28. Ⅶ / 10. Ⅷ 1913) – договор меѓу Грција, Србија, Црна Гора и Романија, од една, и Бугарија од друга страна. Во Договорот извршиле поделба на териториите по промените создадени со војната и утврдиле нови граници. Македонија била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Србија го задржала окупираниот Вардарски дел… Continue reading БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР

БУЛЕВ, Матеја

БУЛЕВ, Матеја (Мати) (с. Екши-Су, Леринско, 1904 – с. Зеленич, Леринско, 19. Ⅳ 1949) – национален деец, мајор на ДАГ. Како член на КПГ (1932) и на Матеја Булев ВМРО(Об), бил познат револуционер во Соровичката околија. Во времето на диктатурата на Метаксас бил интерниран на островот Хиос. Во времето на Втората светска војна бил борец… Continue reading БУЛЕВ, Матеја

БУЛКЕС

БУЛКЕС (јуни 1948 – септември 1949) – бегалски центар за учесниците во Граѓанската војна во Грција. Според договорот на КПЈ и КПГ, во времето на Граѓанската војна во Грција во Војводина биле згрижени извесен број семејства од Егејскиот дел на Македонија, главно Македонци, а биле отворени и неколку домови по интернатски принцип за децата-бегалци во… Continue reading БУЛКЕС

БУМБАРИЦИ

БУМБАРИЦИ (Бомбѕлиидае) – двокрилни инсекти. Имаат многу влакнесто тело со широк абдомен, по што личат на бумбарите. Одлични летачи. Имаат устен апарат со карактеристично долга и права цицалка, приспособена за исхрана со нектар од разни цветови, околу кои бумбариците лебдат слично на колибрите. Ларвата е паразит на гасеници од некои инсекти. Познат е видот голема… Continue reading БУМБАРИЦИ

БУНАТА ВО ЃАВАТО

БУНАТА ВО ЃАВАТО -. (1639) – буна против османлиската власт. Непосреден повод за нејзиното избувнување било апсењето на ајдутинот Белче. Селаните се противставиле. Ја предводеле Митре, Никола, Илија и Голе. Започнала борба во која Турците имале пушки и сабји, а селаните вили и стапови. Неколку селани загинале, Белче бил убиен, по што му ја отсекле… Continue reading БУНАТА ВО ЃАВАТО

БУНДАЛЕВСКИ, Марко

БУНДАЛЕВСКИ, Марко (с. Галичник, 1936 – Скопје, 2003) – јавен обвинител на Македонија, правник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1964). Бил општински јавен обвинител во Скопје (1965-1969) и заменик на окружниот јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје (1970-1984). Наименуван е за окружен јавен обвинител во Скопје (1984), а ја извршувал и функцијата… Continue reading БУНДАЛЕВСКИ, Марко

БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов

БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов (с. Галичник, 30. Ⅳ 1935 – Скопје, 20. Ⅳ 2004) – дипломиран машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град во 1960 г. По дипломирањето (1960–1976) работел во РЖ „Скопје” – Скопје и во Инженеринг „ФАКОМ” како директор. Во 1962 г. е избран за хонорарен наставник на Електромашинскиот факултет. Во 1981 г.… Continue reading БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов

БУНЕВА, Мара

БУНЕВА, Мара (Тетово, 1901 – Скопје, 15. Ⅰ 1928) – атентаторка на ВМРО. По Првата светска војна заедно со семејството емигрирала во Бугарија и стапила во ВМРО на В. Михајлов. Се вратила во Тетово (1926), и во Скопје, извршила атентат (кај Камениот мост) над полицискиот чиновник Велимир Прелиќ (13. Ⅰ 1928), жесток иследник на уапсените… Continue reading БУНЕВА, Мара

БУРДОНСКИ ДВОГЛАС

БУРДОНСКИ ДВОГЛАС -. двогласно пеење како основна форма на звучно обликување на една мелодија врз основа на неподвижниот втор глас. Македонскиот народен двоглас, како најстара форма на повеќегласјето, содржи голем број особености. Почетоците на бурдонскиот начин на пеење во Македонија се наоѓаат во антифоното пеење, и тоа во зоната на сменувањето и преклопувањето на гласовите,… Continue reading БУРДОНСКИ ДВОГЛАС

БУРЕВА, Благородна

БУРЕВА, Благородна (Виница, 23. Ⅱ 1903 – Белград, 6. XI 1977) – оперска певица. Дипломирала (1935) на Филозофскиот факултет во Скопје. Учествувала во исполнувањето на првата оперска претстава во Штипскиот театар со улогата на Неда во операта Палјачи (29 август 1925) под му-зичкото водство на Сергеј Михајлов, а во режија на Душан Будимировиќ. Ф. М.… Continue reading БУРЕВА, Благородна

БУРЗЕСКИ, Ванчо

БУРЗЕСКИ, Ванчо (Немањинци, Светиниколско, 2. Ⅰ 1916 – Скопје, 8. Ⅴ 2007) – национален деец, првоборец, економист, унив. професор и амбасадор. Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938– 1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за… Continue reading БУРЗЕСКИ, Ванчо

БУРИЛЧЕВО

БУРИЛЧЕВО – енеолитска населба сместена од десната страна на патот ШтипКочани (14 км од Кочани), на ридот Пилаво, недалеку од с. Бурилчево (2 км кон исток). Поставена е на зарамнето плато на ридот, на околу 80 м над реката Брегалница. Констатирана е енеолитска двослојна населба врз којашто се наоѓаат траги од хеленистичкиот период.… Continue reading БУРИЛЧЕВО