ВЕЛЕГЕЗИТИ – македонско словенско племе (Белегезйтаи, Белегез™таи, Белегез´таи). При доселувањето на Словените во Македонија, В. се населиле во југоисточниот дел на Тесалија, околу градовите Теба и Деметријада (денешниот Волоски Залив). Се спомнуваат како дел од големиот племенски сојуз (614-615) создаден под водство на кнезот Хацон. Во 616 г. неуспешно го нападнале градот Солун заедно со… Continue reading ВЕЛЕГЕЗИТИ
Category: Енциклопедија
ВЕЛЕС
ВЕЛЕС – град во Средно Повардарје: 43.716 ж. (2002 г.). Лежи во малата Велешка Котлина, на двата брега на р. Вардар. Градот зафаќа површина од 1.100 ха, а се протега на надморска височина од 155 до 270 м. Преку В. води магистралниот пат М–1, односно европскиот пат Е–75, кој на југ го поврзува со Гевгелија… Continue reading ВЕЛЕС
ВЕЛЕС
ВЕЛЕС (ВОЛОС) – древен словенски пагански бог, заштитник на добитокот, но според некои ис-тражувачи покровител на трговијата и богатството или на подземниот свет. Се претпоставува дека првобитното потекло било од култот кон бикот или дека бил божество – мечка. Неговиот култ се поврзува и со Св. Власиј, заштитникот на добитокот, како и со потеклото на… Continue reading ВЕЛЕС
ВЕЛЕСТИНЛИС, Ригас
ВЕЛЕСТИНЛИС, Ригас (Велестино, 1757 – Белград, 1798) – грцизиран Влав. Бил секретар на Александрос Ипсилантис, кнезот на Влашка. Ги прифатил идеите на Француската револуција и во своите дела пишувал за рамноправност на балканските народи но, притоа, сепак, предност им давал на Грците. Подготвил карта на Грција која, всушност, била карта на Балканскиот Полуосторов. Ригас се… Continue reading ВЕЛЕСТИНЛИС, Ригас
ВЕЛЕШКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
ВЕЛЕШКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија – се спомнува во ⅩⅤⅠ в. во состав на Пелагониската митрополија, која имала епископи и во Прилеп и во Велес. Во ⅩⅤⅠⅠ в. се издвоила од Пелагониската митрополија и била директно под Охридската архиепископија. По основањето на Бугарската егзархија била во нејзиниот состав со епископ во Велес, а потоа станала… Continue reading ВЕЛЕШКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
ВЕЛЕШКА КЛИСУРА
ВЕЛЕШКА КЛИСУРА – клисура на реката Вардар. Се протега од утоката на реката Тополка до утоката на реката Брегалница во должина од 22 км. Клисурата е всечена помеѓу ридовите Св. Илија (564 м) од левата страна и Вршник (443 м), Голик (550 м) од десната страна на Вардар. Во самата клисура Вардар меандрира и има… Continue reading ВЕЛЕШКА КЛИСУРА
ВЕЛЕШКА КОТЛИНА
ВЕЛЕШКА КОТЛИНА – мала котлина што се протега во централниот дел на Република Македонија . Од сите страни е ограничена со ниски ридови кои ја одвојуваат од Овче Поле на исток и Хашката Котлина на запад. На север преку Таорската Клисура е поврзана со Скопската Котлина, а на југ преку Велешката Клисура со Тиквешка Котлина.… Continue reading ВЕЛЕШКА КОТЛИНА
ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА
ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА – се смета за најстаро гимназиско училиште во Македонија кое датира од 1857/58 година, познато како главно, односно класовно училиште, но и под името трговска школа, бидејќи се изучувале и предмети што давале знаења од трговската струка. Училиштето Зградата на Велешката гимназија го отворил факултетски образованиот српски учител Јован Нешковиќ (завршил филозофски и… Continue reading ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА
ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ
ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ПЕРЕ ТОшЕВ
ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕРЕ ТОшЕВ . -(пл. Лисец, Велешко, втора половина на мај 1942 – реон на с. Габровник, Велешко, втора половина на септември 1942) – партизански одред на НОПОМ. Бил формиран од борци од Велешко, кои излегле на теренот уште во втората половина на април 1942 г. Формациски бил составен од две чети.… Continue reading ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ПЕРЕ ТОшЕВ
ВЕЛЕШКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Цариградската патријаршија
ВЕЛЕШКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Цариградската патријаршија (ⅩⅠⅩ – 1913) – ја опфаќала територијата од Велес до Дебар со седиште во Кичево. Во 1910 г. Патријаршијата на чело на епархијата го поставила Србинот јеромонах Варнава Росиќ. Од 1913 до 1915 г. епархијата била присоединета на Белградската митрополија. Од крајот на 1915 (по бугарската окупација) до 1918 г.… Continue reading ВЕЛЕШКО-ДЕБАРСКА ЕПАРХИЈА на Цариградската патријаршија
ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ
ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“ (Велешко, кон крајот на април 1944 – с. Отиштино, Велешко, 2. IX 1944) – партизански одред на НОВ и ПОМ, формиран од 30 борци поделени во три десетини. Дејствувал главно во селата на областа Азот и Поречието, при што напаѓал помали бугарски воени и полициски упоришта и станици, водел… Continue reading ВЕЛЕШКО-ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ
ВЕЛЕШТА
ВЕЛЕШТА – село во Струшко. Се наоѓа во северниот дел на Струшко Поле на надморска висина од 750 м, на двете страни на регионалниот пат кој селото на југ го поврзува со Струга, а на север со Дебар. В. е најголемо село во Струшка општина. Населено е со Албанци, а нивниот број е во постојан… Continue reading ВЕЛЕШТА
ВЕЛИ, Седат Аки
ВЕЛИ, Седат Аки (Велес, 15. Ⅻ 1920) – општественик од турската заедница во Македонија. Основно образование и шивачки занает завршил во родниот град. Откако се вклучил во работничкото движење (1940), станал и член на КПЈ (1941). Во времето на НОБ се илегализирал (1942) и работел во партиската техника на МК на КПЈ во Велес, а… Continue reading ВЕЛИ, Седат Аки
ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – лирски обредни календарски песни. Се исполнуваат во текот на трите дена од празникот Велигден. Во нив се пее за Христовото воскресение, за разни христијански светители, за причесната како важен момент од велигденските празнувања и сл. Поголемиот дел од нив се исполнуваат на оро, па како ороводни песни, содржат чести дијалози. Припаѓајќи… Continue reading ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ВЕЛИКА
ВЕЛИКА . (ст.гр., лат. Великиос, ст. сл. Велик·е) – област (од Охрид по р. Велика или Голема река) и епархија што ја раководел св. Климент Охридски и затоа ја носел епископската титула Епископ велички. Освен во Светиклиментовите слова и Пространото жи-тие за него, оваа област се спомнува и во епархиските списоци на Цариградската патријаршија. ЛИТ.:… Continue reading ВЕЛИКА
ВЕЛИКА
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И МАКЕДОНИЈА (ⅩⅠⅩ – ⅩⅪ в.) – Интересот на Велика Британија за Македонија започнал во времето на Наполеоновите војни, продолжува во времето на Кримската војна, а поизразита форма добива во втората половина на ⅩⅠⅩ в., во времето на Сан-Стефанскиот и Берлинскиот договор. Во периодот до формирањето на македонското ослободително движење тенденцијата на британската… Continue reading ВЕЛИКА
ВЕЛИКОВ, Антон
ВЕЛИКОВ, Антон (Дончо) (с. Драгостин, Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија, 13. Ⅴ 1912 – Софија, 5. Ⅴ 1975) (псевд. Алекси Беломорски) – еден од првите членови на МЛК во Софија (1938–1942), потпретседател на МЛК „Никола Вапцаров“ (1945– 1948) и на МЛК на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951), прозен писател (на бугарски јазик), публицист и новинар.… Continue reading ВЕЛИКОВ, Антон
ВЕЛИНОВ, Сенко
ВЕЛИНОВ, Сенко (Скопје, 15. Ⅹ 1965) – актер, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје (1989). Член на Народно позориште во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992); на Драмски театар (1992–1999); на Драмата на МНТ (1999–2000); директор на Драмски театар (2001– 2002); од 2002 г. повторно во Драмата на… Continue reading ВЕЛИНОВ, Сенко
ВЕЛИНОВСКА, Ленка
ВЕЛИНОВСКА, Ленка (псевд. Мирка) (с. Страишта, Мегленско, 15. Ⅶ 1926) – национален деец. Била активен учесник во НОД во Егејскиот дел на Македонија (од 15. Ⅶ 1941). Во Граѓанската војна во Грција станала секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Воденско (26. Ⅶ 1946), член на Главниот одбор на НОФ на Македонците од Егејскиот дел… Continue reading ВЕЛИНОВСКА, Ленка
ВЕЛИНОВСКА, Мирка
ВЕЛИНОВСКА, Мирка (Скопје, 23. Ⅳ 1952) – новинар. Завршила Филозофски факултет – историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик во Кембриџ. Од 1980 г. во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер”. Во периодот 1990/98 г. се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс”. Еден од… Continue reading ВЕЛИНОВСКА, Мирка
ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов
ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов (Дебар, март 1875 – Чачак, Србија, 1941) – фолклорист и прозен писател, гимназијален професор и придружник на „автономистичкото движење“ во Белград. Основното образование го завршил во родното место, а средното го започнува во Бугарската гимназија во Солун (запишан како Иван Велев) и го продолжува во Гимназијата во Белград и во Учителската школа… Continue reading ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов
ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА
ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА (893 г.) – епископијата што ја раководел св. Климент Охридски и ја носел титулата епископ Велички (893– 916). Така е запишано во месецословот на Асемановото евангелие (Климента еп”скпа Величскаго) и во некои од неговите слова (Сљтворено Климентомќ епископомќ Величќск»мќ), како и во житијата. Простирањето на Величката епархија сè уште не е до крај… Continue reading ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА
ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова
ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова (с. Горобинци, Светиниколско, 20. Ⅱ 1955) – етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика. Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” (4. Ⅷ 2006), докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското… Continue reading ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова