ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов

ВЕЛИЌ, Михаило Мерџанов (Дебар, март 1875 – Чачак, Србија, 1941) – фолклорист и прозен писател, гимназијален професор и придружник на „автономистичкото движење“ во Белград. Основното образование го завршил во родното место, а средното го започнува во Бугарската гимназија во Солун (запишан како Иван Велев) и го продолжува во Гимназијата во Белград и во Учителската школа во Алексинац во Србија (1889). Станува српски учител во Ениџе-Вардар (1898), па во Серес (1900) и одново во Ениџе-Вардар (1902). Поради вклучувањето во автономистичкото движење на Гр. Хаџиташковиќ и Ѓ. Ѓерѓиковиќ со в. „Автономна Македонија“ (1905), тој е повлечен во Србија и учителува во српските села Јовац, Разгојна, Лугавчина (1907), Нови Аџибеговац (1908) и најпосле во Велес (1913–1941). По бугарската окупација се префрла во Србија и умира во Чачак. Уште како ученик, поттикнат од П. Д. Драганов во Солун, собира етнографски и фолклорни материјали, потоа (1902) на Српската академија на науките £ доставува 103 македонски народни песни и објавува етнографски описи, разни обичаи, верувања и усни народни умотворби од Дебарско, а публикува и 6 книги свои раскази под општ наслов „Приповетке с Југа“. БИБ.: Приповетке с Југа, И– Ⅵ, Скопље, 1933–1941; Дебар и његова околина, „Братство“, Ⅷ, Београд, 1899, 26–52; Српске народне умотворине, обичаји и веровања из Дебра и околине, „Братство“, IX и Ⅹ, 1902, 378–449; Михаило Велиќ, Народни умотворби од Дебар и неговата околина. Редакција Блаже Петровски, ИФ, Скопје, 2000. ЛИТ.: Илија НиколиÊ, Рукописна збирка македонских народних песама Михаила М. ВелиÊа, зб.: Работата на ⅩⅠⅠⅠ конгрес на Сојузот на фолклористите на Југославија во Дојран 1966 година, Скопје, 1968, 89–97; Васил Тоциновски, Нашите тажни страници шПисателот Михаило Велиќќ, Скопје, 2005, 29-40. Бл. Р.