ТИХОМИР (? – 1040) – водач на Драчкото востание (1040), „познат по својата мудрост и храброст“, прогласен од востаниците за цар. Се приклучил кон востанието на Петар Делјан за заеднички акции против Византија. Во Скопје бил каменуван од востаниците, откако Делјан го истакнал своето царско потекло и бил избран за единствен водач. ЛИТ.: Г. Цанкова-Петкова,… Continue reading ТИХОМИР
Category: Енциклопедија
ТОДЕВСКИ, Велко
ТОДЕВСКИ, Велко (Драчево, Скопје, 5. Ⅳ 1945) – контрабасист. Студиите по контрабас ги Тито и Хрушчов во Скопје веднаш по земјотресот (1963) завршува на Музичката академија во Сараево (С. Сињери, 1969) и во истиот град концертно дебитира (1972). Таму е солист на РТВ Симфонискиот оркестар, а предава и на Музичката академија. Од 1974 г. работи… Continue reading ТОДЕВСКИ, Велко
ТОДЕВСКИ, Кирил
ТОДЕВСКИ, Кирил (Драчево, Скопје, 14. Ⅺ 1943) – етномузиколог. Дипломирал во Белград, во класата на Драгослав Девиќ. Од 1970 г. работи во Македонското радио (од 1980 г. уредник на Редакцијата за народна музика). Освен голем број радиоемисии, напишал и повеќе студии и монографски трудови. ДЕЛ: Од Галичник до легенда – Александар Сариевски (2000); Народен уметник… Continue reading ТОДЕВСКИ, Кирил
ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Кингстаун, Охајо, САД, 1923 –) – организација во која членувале доселеници по потекло од Прилепско, Кривопаланечко, Преспанско и Леринско. Се пројавила со хуманитарна дејност и собирање средства за Македонците бегалци во Бугарија. Сл. Н.-К.
ТОДОРИЦА
ТОДОРИЦА – календарски обичај. Иако светиот великомаченик Теодор Тирон има и друг празник (2. Ⅲ/17. Ⅱ), народот сепак повеќе ја празнува Тодоровата сабота, првата сабота од Велигденскиот пост. На празникот се носи пченица и пченка в црква, што потоа младите ја ставаат под перницата и според сонот се прогнозира иднината. Во некои краишта се меси… Continue reading ТОДОРИЦА
ТОДОРОВ, Асен
ТОДОРОВ, Асен (Скопје, 17. Ⅱ 1913 – Скопје, 11. Ⅱ 1990) – новинар, општественик, редактор на печатни гласила и раководител на новински агенции. Во Скопје завршува средно образование. Апсолвент на Математичкиот факултет на Белградскиот универзитет. Активист на младинска организација на Белградскиот универзитет, потпретседател на Студентското друштво „Вардар“ и член на МАНАПО (1936). Член на КПЈ… Continue reading ТОДОРОВ, Асен
ТОДОРОВА-МЛАДЕНОВИЌ, Зорка
ТОДОРОВА-МЛАДЕНОВИЌ, Зорка (Кавадарци, 7. Ⅵ 1943) – модна дизајнерка и костимографка. Дипломирала на Ецоле Натионале Супериеуре дес Арт Децоративес во Париз (1968), специјализирала на Цхамбре сѕндицале де ла Цоутуре Парисиенне (1977). Создала голем број костимографии за театарски, телевизиски и филмски дела. Ал. Цв. Лилјана Тодорова
ТОДОРОВА, Лилјана
ТОДОРОВА, Лилјана (Чачак, 1934) – романист, книжевен историчар, компаратист и теоретичар, универзитетски професор, дипломат. Во 1971 г. докторира во областа на француската (компаративна) книжевност, лауреат е на Ацадемие дес Сциенс, Беллес-Леттрес ет Артс од Безансон и избрана е за странски член на оваа Академија. Била шеф на Катедрата за роман-ски јазици и книжевности, декан на… Continue reading ТОДОРОВА, Лилјана
ТОДОРОВА, Софија
ТОДОРОВА, Софија (Скопје,11. ⅩⅠⅠ 1947) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршила во родниот град (1966). Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје (1970), а магистрирала на Економскиот факултет во Белград (1977). Докторирала на Правниот факултет во Скопје, на тема „Здружените работници и стекнувањето на доходот“ (1987). Избрана за асистент на Економскиот институт во… Continue reading ТОДОРОВА, Софија
ТОДОРОВСКА, Савка
ТОДОРОВСКА, Савка (Скопје, 8. Ⅸ 1943) – претседател на Националниот совет на жените во Македонија и еден од основачите на Македонското женско лоби за промоција на правата на жените и родовата еднаквост. Р. ТОДОРОВСКИ, Александар
ТОДОРОВСКИ, Гане
ТОДОРОВСКИ, Гане (Скопје,11. Ⅴ 1929) – поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист, антологичар, културолог, редактор, фолклорист, театролог, сценарист, унив. професор, академик, амбасадор. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал на групата за југословенски книжевности (1951). Пред и во текот на студиите работел како новинар. Сиот работен век го поминал како наставник… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Гане
ТОДОРОВСКИ, Гоце
ТОДОРОВСКИ, Гоце (Кичево, 30. Ⅳ 1951) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за актерска игра (1976). Член е на Драмскиот театар од 1978 г. УШТЕ на самиот почеток на кариерата дојде до израз неговиот талент како комичар. Чест гостин е на програмите на Радиото и на ТВ, како и на… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Гоце
ТОДОРОВСКИ, Димо
ТОДОРОВСКИ, Димо (Солун, 12. Ⅺ 1907 – Скопје, 27. Ⅳ 1983) – скулптор, ликовен педагог, член на МАНУ, основоположник на современата македонска скулптура. Завршил Уметничко училиште со академски курс во Белград (1936). Бил учесник во НОБ. Голема ретроспектива имал во Скопје (МСУ, 1980). Ја обработувал социјалната тематика со реалистички пристап и блага експресивна моделација. Во… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Димо
ТОДОРОВСКИ, Зоран
ТОДОРОВСКИ, Зоран (Скопје, 3. Ⅲ 1950) – историчар. На Филозофскиот факултет во Скопје дипломирал на Групата за историја со историја на уметноста (1972), магистрирал на Групата за историја на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век на тема „Дејствувањето на Автономистичката ВМРО 1918–1924“ (1989) и докторирал на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924– 1934“ (1995).… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Зоран
ТОДОРОВСКИ, Јордан
ТОДОРОВСКИ, Јордан (Скопје, 26. Ⅹ 1922 – Скопје, 17. Ⅹ 2005) – оперски певец, тенор. Пеење учел приватно кај П. Холотков. Во Операта на МНТ бил од 1950 до 1963 и од 1966 до 1983 г. Во почетокот бил член на хорот, а од 1954 е во солистичкиот состав на Операта. Остварил над 50 улоги.… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Јордан
ТОДОРОВСКИ, Томислав
ТОДОРОВСКИ, Томислав (Куманово, 9. Ⅱ 1937) – литературен историчар. Бил редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, негов декан и претседател на Советот на Факултетот, раководител на Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Негов интерес се книжевните процеси, авторите и делата од македонскиот ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ… Continue reading ТОДОРОВСКИ, Томислав
ТОДОРОВСКИКАРПОШ , Христијан Ангелов
ТОДОРОВСКИ -КАРПОШ , Христијан Ангелов (Куманово,3. Ⅸ 1921 – Билјача, Бујановац,7.Ⅱ 1944) – народен херој. Како ученик во Ⅷ клас станал член на СКОЈ (1939), а потоа и на КПЈ (1940). Бил еден од организаторите на НОАВМ во Куманово, член на штабот на Козјачкиот НОПО (12 Ⅹ 1941), а по неговото разбивање, првин се илегализирал… Continue reading ТОДОРОВСКИКАРПОШ , Христијан Ангелов
ТОДОРЧЕВСКА, Јелица
ТОДОРЧЕВСКА, Јелица (Прилеп, 25. Ⅺ 1937) – музиколог. Долгогодишен шеф на музичката збирка при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Таму имала допир со многу важни документи од македонското музичко минато, од што произлегле низа значајни истражувачки и историографски текстови во кои се расветлуваат моменти од македонското музичко минато. Автор на библиографски прегледи, кои се… Continue reading ТОДОРЧЕВСКА, Јелица
ТОЗИЈА, Драги
ТОЗИЈА, Драги (Ресен, 4. Ⅹ 1919 – Скопје, 19. Ⅲ 1983) – политичар и општественик. Борец во НОБ од 1941 г. Извршувал должност политички комесар на ⅩⅠⅠ бригада и на ЏЏЏЏИ дивизија, а по Ослободувањето бил полковник во ЈНА. Заземал високи функции во Министерството за внатрешни работи на РМ, во Културно-просветниот собор на Собранието на… Continue reading ТОЗИЈА, Драги
ТОКАРЕВ, Андреј
ТОКАРЕВ, Андреј (Берово, 12. Ⅳ 1935) – архитект и урбанист, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1959). Освен со наставно-научната дејност, се занимава и со урбанистичко и архитектонско проектирање. Позначајни трудови во областа на урбанизмот: Основни урбанистички планови за Струмица, Гевгелија, Делчево (1965), Програма за… Continue reading ТОКАРЕВ, Андреј
ТОЛЕ-ПАША
ТОЛЕ-ПАША (Стојан) (с. Крушевица, Мариовско, 1868 – месност Кленов Дол, до с. Гуѓаково, Мариовско, 3. Ⅱ 1904) – учесник во Илинденското востание, легендарен војвода. Бил член на ТМОРО и четник во четата на М. Ацев (1900), подоцна мариовски војвода. Во Илинденското востание учествувал во нападот на гарнизонот во с. Витолишта. Загинал со својот син и… Continue reading ТОЛЕ-ПАША
ТОЛОВ, Лазар Миланов
ТОЛОВ, Лазар Миланов (Неготино, 24. Ⅲ 1934 – Скопје, 10. Ⅳ 1994) – фармацевт, предавач по фармакогнозија на Фарм. ф. во Скопје, директор во „Реплек“ и на Градски аптеки – Скопје, како и во билкарството и производството во „Алкалоид“. Особен придонес има за развојот на галенските лаборатории и изработката на магистрални лекови во аптеките. Л.… Continue reading ТОЛОВ, Лазар Миланов
ТОЛОВСКИ, Диме
ТОЛОВСКИ, Диме (Кавадарци, 17. ⅩⅠⅠ 1925 – Москва, 8. Ⅱ 1992) – дипл. град. инж., лексикограф, преведувач и новинар-радиоспикер. Како гимназијалец, од 1942 г. се вклучува во Народноослободителното движење, првин како легален активист, а потоа во 41. дивизија на НОВМ. По Ослободувањето предава математика и физика во Гимназијата во Кавадарци (1944–1946) и учествува во општествено-политичките… Continue reading ТОЛОВСКИ, Диме
ТОЛСТОЈ, Лав Николаевич
ТОЛСТОЈ, Лав Николаевич (Јасна Полјана, Тулско, Русија, 28. Ⅷ 1828 – Јасна Полјана, 7. Ⅺ 1910) Лав Николаевич Толстој – руски писател со светска слава, автор на романите „Војна и мир“, „Воскресение“, „Ана Каренина“, „Смртта на Иван Илич“ и др. За Македонците посебно е занимлив по тоа што издвоил важни и животворни размисли во годините… Continue reading ТОЛСТОЈ, Лав Николаевич