ТОДЕВСКИ, Кирил

ТОДЕВСКИ, Кирил (Драчево, Скопје, 14. Ⅺ 1943) – етномузиколог. Дипломирал во Белград, во класата на Драгослав Девиќ. Од 1970 г. работи во Македонското радио (од 1980 г. уредник на Редакцијата за народна музика). Освен голем број радиоемисии, напишал и повеќе студии и монографски трудови. ДЕЛ: Од Галичник до легенда – Александар Сариевски (2000); Народен уметник со универзитетски вредности – Пеце Атанасовски, (2004), Танец – 1949–1999 (1999) идр. М. Кол.