ДАМЈАНОВ, Андреја (с. Папрадиште, 1813 – Велес, 1878) – протомајстор, од родот Реизовски, еден од најзначајните градители на Балканот. Гради цркви и профани објекти во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина. Црквите главно ги решава како трикорабни базилики обиколени со тремови од западна, од јужна и од северна страна, над кои се наоѓаат… Continue reading ДАМЈАНОВ, Андреја
Архиви: Енциклопедија
Description.
ДАМЈАНОВСКА, Љубица
ДАМЈАНОВСКА, Љубица (Ре-сен, 14. Ⅰ 1930) – историчарка на уметноста, значајна за развојот на музејската дејност во Македонија. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1953). Била кустос во МСУ во Скопје. Автор е на повеќе изложби и монографии за македонските уметници (Димче Коцо, 1972; Вангел Коџоман, 1976; Љубомир Белогаски, 1978). З. Ал. -Б.
ДАМЈАНОВСКИ, Анатоли Крстев
ДАМЈАНОВСКИ, Анатоли Крстев (с. Лазарополе, 10. Ⅳ 1928 – Скопје, 2. Ⅲ 1996) – педагог, универзитетски професор, министер за образование и наука. Завршил учителска школа (1947) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1951), каде што одбранил и хабилитациски труд (1966). Работел како професор во Учител-Анатоли Дамјановски ската школа во Битола, а од… Continue reading ДАМЈАНОВСКИ, Анатоли Крстев
ДАМЈАНОВСКИ, Ристо Јорданов
ДАМЈАНОВСКИ, Ристо Јорданов (с. Доленци, Демирхисарско, 25. Ⅴ 1937) – генерал-мајор, во пензија. Основно образование завршил во родното место, а средно земјоделско училиште во Битола (1955). Извесен период работел во Окружниот задружен сојуз во Битола и како наставник во ОУ „Гоце Делчев“ (1955-1956). Подоцна завршил Воена академија (Белград, 1957-1960), Политичката школа на ЈНА (Сараево, 1970)… Continue reading ДАМЈАНОВСКИ, Ристо Јорданов
ДАМОВСКИ ОШЕНСКИ, Лазо
ДАМОВСКИ ОШЕНСКИ, Лазо (с. Ошени, Костурско, 17. Ⅷ 1897 – Скопје, 25. Ⅱ 1970) – национален и комунистички деец. Како синдикален активист и член на КПГ (од 1924) бил апсен и бил организатор на бегството на седум комунисти со копање подземен тунел од затворот и станал легендарен пример за комунистите во Грција и во повеќе… Continue reading ДАМОВСКИ ОШЕНСКИ, Лазо
ДАМОВСКИ, Александар
ДАМОВСКИ, Александар (Ташкент, Узбекистан, 27. Ⅰ 1962) – новинар. Завршил Факултет за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Бил хонорарен соработник на „Студентски збор”, „Вечер” и на југословенските весници „Полет”, „Младост” и „Став”. Работел во „Млад борец” (1986/89), магазинот „21” (1989/90), „Нова Македонија” (1991/94), бил заменик-уредник на агенцијата „Макпрес” (1994/96). Бил… Continue reading ДАМОВСКИ, Александар
ДАМЧЕВСКИ КОЦИН, Перо Борисов
ДАМЧЕВСКИ КОЦИН, Перо Борисов (с. Жван, Демирхисарско, 20. Ⅵ 1942) – писател, новинар и општественик. По завршувањето на Средното техничко училиште во Битола, дипломирал на Економскиот факултет (Кибернетика) во Прилеп и во 1978 г. емигрира во Австралија. Ги завршил двегодишните студии на Катедрата за македонски јазик и литература на Маквори универзитетот во Сиднеј. Пишува поезија,… Continue reading ДАМЧЕВСКИ КОЦИН, Перо Борисов
ДАНЕВ, Михаил Методиев
ДАНЕВ, Михаил Методиев (с. Долани, Штип, 1. Ⅶ 1941) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје и на Државниот универзитет во Тетово. Докторирал на В. ф. во Белград (1984). Работел во ЗИК „Црвена ѕвезда” во Штип, како директор на ООЗТ и генерален директор, бил претседател на Собранието на Општината Штип (1974 ‡1982), претседател на… Continue reading ДАНЕВ, Михаил Методиев
ДАНЕВСКИ, Ѓорѓи
ДАНЕВСКИ, Ѓорѓи (с. Сарамзалино, Светиниколско, 1947) – сли Ѓ. Даневски, Пред иконата и калинките (1995) кар. Член е на ДЛУМ. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1972). Живее и работи во Виница. Остварил студиски патувања во Германија, Италија, Холандија, шпанија и други земји. Имал голем број самостојни изложби (Љубљана, Виница, Штип, Скопје, Делчево,… Continue reading ДАНЕВСКИ, Ѓорѓи
ДАНИЕЛ, Иструмица
ДАНИЕЛ, Иструмица (?, ? – Солун, 1654) – еврејски рабин, веројатно родум од Струмица. Долги години бил на чело на Солунската рабинска академија, која се наоѓала во рамките на Португалската синагога. Напишал повеќе Проповеди и Одговори, а заедно со уште четворица рабини, автор е и на еден колективен труд од областа на еврејското право, издаден… Continue reading ДАНИЕЛ, Иструмица
ДАНИИЛ МОСКОПОЛСКИ
ДАНИИЛ МОСКОПОЛСКИ (Михаил Адами Хаџи Москополски) (ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – ?) – свештеник, даскал, книжевник и лексикограф. Ја напишал книгата „Начално учение” („Воведно учење”), на грчки јазик, со лексикон под наслов „Четиријазичник” со зборови и реченици на грчки, аромански (влашки), македонски и на албански јазик. Зборовите на сите јазици се пишувани со грчкото алфавитно писмо, а… Continue reading ДАНИИЛ МОСКОПОЛСКИ
ДАНИЛОВСКИ, Јордан
ДАНИЛОВСКИ, Јордан (Дебар, 15. Ⅰ 1957) – новинар, поет, критичар, есеист и романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Културната редакција и бил заменик директор на Македонската телевизија. Член е на ДПМ (1986). Тој е еден од основачите на сп. „Стожер“ и на книжевната манифестација Празник на липите. БИБ.: Голтач на пламен, Скопје,… Continue reading ДАНИЛОВСКИ, Јордан
ДАНОЦИ НА ИМОТ ВО РМ
ДАНОЦИ НА ИМОТ ВО Република Македонија– група даноци што се наметнуваат на имотот во сопственост на индивидуални (граѓани) или на правни лица (претпријатија). Во оваа група даноци, според вообичаената меѓународна класификација, спаѓаат: 1) данокот на имот; 2) данокот на наследство и подарок, и 3) данокот на промет на недвижности и права. Овие даноци во даночниот… Continue reading ДАНОЦИ НА ИМОТ ВО РМ
ДАНОЧЕН СИСТЕМ НА РМ
ДАНОЧЕН СИСТЕМ НА Република Македонија– збир на сите даноци што се воведени и што се наплатуваат во земјата, врз основа на нејзиниот фискален суверенитет. Според современото толкување, во даночниот систем се вклучуваат, покрај даноците, уште и придонесите на платите и од платите, што се воведени како задолжителни давачки за финансирање на задолжителните форми на социјалното… Continue reading ДАНОЧЕН СИСТЕМ НА РМ
ДАРВАР, Димитрие
ДАРВАР, Димитрие (Клисура, 1757 – Виена, 1823) – учител, филолог. Автор е на поучни и прирачни книги и преведувач на книги од грчки на славјански и од германски на грчки јазик. Од 1769 г. со своето богато семејство живеел во Земун. Се школувал во Земун, Рума, Нови Сад, Букурешт, Хале и Лајпциг. Знаел грчки, словенски,… Continue reading ДАРВАР, Димитрие
ДАРЛЕВ, Ристо
ДАРЛЕВ, Ристо (Костурино, Струмичко, 1952) – борач во слободен Ристо Дарлев стил во категоријата до 57 кг. Бил член на БК „Спартак“ од Кочани, БК „Скопје“ и БК „Вардар“ од Скопје. 12 години бил репрезентативец на СФРЈ. На Медитеранските игри во Измир (1971) бил втор, во Сплит (1977) шампион, во Алжир (1975) трет. На Европското… Continue reading ДАРЛЕВ, Ристо
ДАРОН
ДАРОН (Даррхон) – демон на здравјето, старомакедонско божество (Хесѕцхиус), пандан на хеленскиот Асклепиј. Хезихиј го нарекува „бог што Македонците го повикувале на помош во случај на болест”. Почитувањето е потврдено и со натпис посветен на богот откриен во Пела. ЛИТ.: Ј. Каллерис, Лес Анциенс Мацедониенс, Т. Ⅱ, Атхенес, 1996, 28-29; М. Лилинбаки–Акамати, Пелла, цапитал оф… Continue reading ДАРОН
ДАРПНА
ДАРПНА – невестинска марама за на глава во правоаголна форма од бело солунско платно, околу богато украсена со алов вез од коприна, во специфична техника – трупа. Краевите се украсени со бели памучни снопчиња реси, комбинирани со црвени памучни конци. С. Г.
ДАСАРЕТИ
ДАСАРЕТИ – древно племе од Горна Македонија (сп. Полибиј), кое го населувало Охридскострушкиот регион. Во римско време преовладало името Дасарети наместо претходното име на племето Енгелани (сп. Страбон). Континуитетот во културата е потврден од наодите во некрополата на с. Требеништа од крајот на Ⅶ до Ⅳ/Ⅲ в. пр.н.е. (во Требеништа/Горенци се пронајдени две златни посмртни… Continue reading ДАСАРЕТИ
ДАСКАЛ, Камче в
ДАСКАЛОВ, Благој И
ДАСКАЛОВ, Благој И. (Разлог, 23. Ⅲ 1867 – Разлог, 29. Ⅲ 1956) – учител, револуционер, војвода на МРО. Брат на Никола Даскалов. Завршил втори клас во Разлог (1885). Учителствувал во Разлог, во Јакоруда и на други места. Од 1896 г. станал член на ОК на ТМОРО во Разлог. Во текот на Илинденското востание бил војвода… Continue reading ДАСКАЛОВ, Благој И
ДАСКАЛОВ, Јосиф
ДАСКАЛОВ, Јосиф (Кратовско, 1868 – 1909) – учител и деец на ТМОРО. Бил учител во Скопје и во Кратово. Гоце Делчев го вклучил во ТМОРО како раководител на Кратовскиот револуционерен реон. Во Виничката афера (1897) бил уапсен и по ѕверското мачење, ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на ТМОРО, па кога ноќе… Continue reading ДАСКАЛОВ, Јосиф
ДАУТ-ПАшИН АМАМ
ДАУТ-ПАшИН АМАМ (Скопје, ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Подигнат од Даут-паша, румелиски и анадолиски беглербег и голем везир на султанот Бајазит Ⅱ (1481–1512). Двоен амам (имал машки и женски дел), со површина од 900 м². Реставриран е повеќепати, при што изгубил доста од својата оригиналност. Денес во него се наоѓа уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија… Continue reading ДАУТ-ПАшИН АМАМ
ДАУТОВСКИ, Драган
ДАУТОВСКИ, Драган (с. Русиново, Беровско, 21. XI 1957) – свирач на народни инструменти и ав-тор. Го оформи (1992) Оркестарот од народни инструменти „Миле Коларовски”, со кој разви голема концертна активност. Подоцна е еден од втемелувачите на групата „Синтезис”. На крајот од деведесеттите години на ⅩⅩ в. го оформи квартетот Драган Даутовски, со кој одржа голем… Continue reading ДАУТОВСКИ, Драган