ДАМЈАНОВСКИ, Анатоли Крстев

ДАМЈАНОВСКИ, Анатоли Крстев (с. Лазарополе, 10. Ⅳ 1928 – Скопје, 2. Ⅲ 1996) – педагог, универзитетски професор, министер за образование и наука. Завршил учителска школа (1947) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1951), каде што одбранил и хабилитациски труд (1966). Работел како професор во Учител-Анатоли Дамјановски ската школа во Битола, а од 1954 г. како асистент, односно професор на Филозофскиот факултет во Скопје по предметот Дидактика. Бил директор на Републичкиот завод за унапредување на школството (1969–1972), продекан на Филозофскиот факултет, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Републички секретар (министер) за образование и наука (1978–1986). Извршувал и повеќе други општествени функции: претседател на Одборот за образование при Југословенската комисија за соработка со УНЕСКО; претседател на Републичкиот педагошки совет; претседател на Педагошкото друштво на Македонија; главен и одговорен уредник на списанието „Просветно дело” и др. На научен план неговата дејност, главно, била насочена кон дидактиката и воспитно-образовниот систем. Автор е на околу 150 стручни и научни трудови. БИБ.: Маркс, Енгелс, Ленин за воспитанието и образованието, 1963 (коавтор); Ученикот во наставата, 1989; Индивидуализација на наставата, 1993 и др.ЛИТ.: К. Камберски, Животот, дејноста и педагошкото творештво на Анатоли Дамјановски, „Педагогија“, 1, Скопје, 2004, 17–27. К. Камб. Ристо Дамјановски