ГРАДИТЕЛСТВОТО ВО Македонија – значајна стопанска гранка со долга традиција, со богато градителско наследство од античко и византиско време. Римски патишта со цврст коловоз поминувале и низ Македонија. Силен замав градителството зело во ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ в., кога се појавиле врвни мајстори – зографи и ѕидари, меѓу нив и нашиот прв школуван градител А. Дамјанов.… Continue reading ГРАДИТЕЛСТВОТО ВО Македонија
Архиви: Енциклопедија
Description.
ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко
ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко – антички населбински центар. Долгиот рид што доминира за 80-тина метри над источниот раб на Кавадаречко Поле се протега во должина од 650 м (меѓу селата Глишиќ и Марена). Населбата на ридот имала минимални градски, повеќе рурални карактеристики, и очигледно не успеала да прерасне во градски центар. Била полуутврдена, со ниски и… Continue reading ГРАДИШТЕ, Глишиќ, Кавадаречко
ГРАДИШТЕ, Дебреште
ГРАДИШТЕ, Дебреште . комплексен локалитет (населба и некрополи) што се ископувал триесеттина години (Б. Бабиќ). Локалитетот се наоѓа на 1 км ис-точно од селото Дебреште, а 25 км северозападно од Прилеп, близу до патот Прилеп – Кичево. Констатирани се повеќе стратуми на живот Обетки од локалитетот Градиште, с. Дебреште од праисторијата преку хеленизмот, римското време… Continue reading ГРАДИШТЕ, Дебреште
ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово
ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово – античка и средновековна населба. На 3 км североисточно од селото, на самиот влез во Дервенската Клисура, меѓу Полог и Скопско Поле, на низок рид 80 м над десниот брег на р. Вардар се наоѓаат остатоци од крајпатна тврдина. Наодите (сребрен рим-ски републикански денар, монети од Ⅳ и Ⅵ в. и византиските… Continue reading ГРАДИШТЕ, Јегуновце, Тетово
ГРАДИШТЕ, с Пелинце
ГРАДИШТЕ, с Пелинце . населба од ранобронзено, железно и од класично време, поставена на зарамнето плато (170 х 115 м) над реката Пчиња. Откриени се остатоци од одбранбен ѕид граден од земја и од камен, остатоци од култен објект без цврста градба и керамички наоди од овие периоди. ЛИТ.: З. Георгиев, Три предримски населби кај… Continue reading ГРАДИШТЕ, с Пелинце
ГРАДНИК
ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – развојот на градот како урбана агломерација на територијата на Македонија. Градовите се развиваат низ повеќе историски периоди, со различна динамика, секогаш во зависност од видот и степенот на условеноста (историска, географска, природна, религиозна, воена и сл.). Типовите на градска/урбана агломерација варираат во зависност од наведените фактори, но најмногу од специфичноста на… Continue reading ГРАДОВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАДОК Маркови Кули
ГРАДОК – Маркови Кули (с. Манастир, Мариово) – доцноантичка утврдена населба и средновековна тврдина. Двете возвишенија од брдото Градок се обѕидани со масивни бедемски ѕидови. Во југоисточниот и југозападниот дел од тврдината има остатоци од трикорабна базилика и помала црквичка, а во нивна непосредна близина и на поширокиот простор остатоци од стопански и од станбени… Continue reading ГРАДОК Маркови Кули
ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ
ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО Република Македонија– формирани меѓу двете светски војни или во педесеттите и шеесеттите години од ⅩⅩ в., кога развојот на градовите е плански насочуван. Првиот градски парк „Довлеџик” во Битола е подигнат 1860 г., но не е зачуван. Следуваат градските паркови во: Скопје (првиот дел, 1905–1908), Битола (1924– 1928), Прилеп (1925–1930), Велес (1923–1930).… Continue reading ГРАДСКИ ПАРКОВИ ВО РМ
ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија
ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија – растечките потреби за реализација на сложените урбанистички и комунални зафати во градовите ја наметнаа потребата од развивање на многу поквалитетни основни геодетски мрежи, наречени град-ски тригонометриски мрежи (ГТМ). Концепциите за развивање, мере-ње и израмнување на ГТМ се содржани во Правилникот за државен премер Ⅱ-А, дел – градски тригонометриски мрежи;… Continue reading ГРАДСКИ ТРИГОНОМЕТРИСКИ МРЕЖИ во Македонија
ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп
ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп (1879-1926) – едно од првите хорски друштва во Македонија. Основач и прв диригент на хорот бил Атанас Бадев. Раководењето со колективот по него го презел Георги Смичков. Друштвото учествувало во црковните обреди и на разни градски свечености, исполнувајќи значајна културно-просветна улога во својата средина. Според зачуваните материјали, членовите на хорот се… Continue reading ГРАДСКО ПЕЈАЧКО ДРУШТВО, Прилеп
ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1946–1949) – внатрешна војна помеѓу КПГ и монархистичката грчка влада по Втората светска војна. По Договорот во Варкиза и обезоружувањето на единиците на ЕЛАС (12. Ⅱ 1945), Владата почнала да спроведува терор против опонентските КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и особено против Македонците. Во почетокот на 1946 г. КПГ решила воено да се… Continue reading ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА
ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА -. вид неполни средни училишта во кои се добивале практични знаења за трговски, индустриски, занаетчиски и земјоделски занимања. Меѓу двете светски војни во Вардарскиот дел на Македонија ги имало, речиси, во сите градови. Првите граѓански училишта биле отворени во Кочани (1927/28), Берово, Кратово, Свети Николе и во Крива Паланка (сите во 1928/29). Обуката… Continue reading ГРАЃАНСКИ УЧИЛИШТА
ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА. Обиди и реализации за пишување и објавување прирачници, учебници и граматики на македонски јазик имало уште во ⅩⅠⅩ в. Во 50-тите години на ⅩⅠⅩ в. македонска граматика најавил П. Зографски. Во тој период и Д. Миладинов се заложил да го направи тоа и така му рекол на Виктор Григорович. Филологот Е. Каранов… Continue reading ГРАМАТИКИ ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАМАТИКОВ, Хаџи Павел
ГРАМАТИКОВ, Хаџи Павел – в. Божигропски Хаџи Павел.
ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов
ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов (Битола, 24. Ⅲ 1914 – Битола, 10. Ⅻ 2002) – ветеринар, научен советник и директор во Ветеринарниот институт во Скопје (1966-1974). Бил на специјализација во Алфорт и во Пастеровиот институт во Франција (1957-1958). Раководител на повеќе акции за сузбивање на епизотии и ензотии, како што се лигавката, шапот и малеусот во РМ.… Continue reading ГРАМАТИКОВСКИ, Ѓорги Јованов
ГРАМОСЛИ, Валентина
ГРАМОСЛИ, Валентина (Охрид, 2. Ⅳ 1970) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1991). Член на Народниот театар во Битола. УЛО.: Дара („Г-ѓа министерка”); Судија („Мера за мера”); Милка („Маме му ебам кој прв почна”); Јулија („Ромео и Јулија”); Јерма во истоименото дело; Земфира („Цигани”); Петкана („Балканот не е мртов”);… Continue reading ГРАМОСЛИ, Валентина
ГРАМОТИ
ГРАМОТИ -. официјални документи со правна содржина, најчесто издадени од царската канцеларија, но, исто така, и од други световни владетели (деспоти, болјари). Со нив се даваат привилегии на некои личности (обично на трговци за да патуваат и да тргуваат слободно) или, пак, се наменети за институции (најчесто манастири) со кои им се даваат во владение… Continue reading ГРАМОТИ
ГРАНАТИ
ГРАНАТИ – минерали од групата на силикатите, кои имаат доста променлив хемиски состав. Во групата на гранатите се следните минерали: пироп, алмандин, спесартин, уваровит, гросулар и андрадит. Кристализираат тесерално или псевдотесерално и претставуваат изоморфни смешани. минерали. Кристалите обично имаат зонарна градба и се појавуваат во икоситетраедри и ромбдодекаедри. Гранатите немаат цепливост. Имаат различна боја и… Continue reading ГРАНАТИ
ГРАНИТИ
ГРАНИТИ – длабински, кисели магматски карпи и во Земјината кора се појавуваат како крупни геолошки тела, обично батолити или штокови. По својата генеза можат да бидат И-типови, кога настануваат со диференцијација на базалтоидната магма во островските лакови и С-типови, кога настануваат како резултат на делумните топења на длабоките делови на континенталната кора. Гранитите се изградени… Continue reading ГРАНИТИ
ГРАТЧЕ
ГРАТЧЕ – вештачко езеро во долината на Кочанска Река. Браната е од армиран бетон, должината на круната е 150 м, дебелината е 1,0 м, а нејзината височина над теренот изнесува 29,0 м. Котата на нормалното ниво на акумулацијата се наоѓа на н.в. од 465 м. Максималната должина на езерото е 2,1 км, широчината 0,35 км,… Continue reading ГРАТЧЕ
ГРАФИКАТА ВО ⅩⅩ В
ГРАФИКАТА ВО ⅩⅩ В. Македонската современа графика својот почеток го бележи во периодот меѓу двете светски војни и во текот на НОВ со дрворезите и линорезите што имаат улога на илустративен пропаганден материјал. Графиката ја промовирале сликарите Н. Мартиноски, В. По-повиќ-Цицо, Б. Лазески. Кон средината на 50-те години се појавува првата генерација на школувани графичари… Continue reading ГРАФИКАТА ВО ⅩⅩ В
ГРАЧАНИН, Миховил
ГРАЧАНИН, Миховил (Скелани, 1901–1983) – унив. професор. Во 1919 г. се запишал на Вишата земјоделска школа во Прага, а во 1921/22 г. и на Природно-математичкиот факултет. Во 1925 г. е промовиран за доктор на природни науки на Карловиот универзитет. По покана дошол во Скопје (1955), како професор по физиологија и екологија на растенијата. На Катедрата… Continue reading ГРАЧАНИН, Миховил
ГРАШЕВ, Георги Д
ГРАШЕВ, Георги Д. (Прилеп, 25. Ⅶ 1878 – Софија, 25. Ⅰ 1934) – член на ОК на ТМОРО. Завршил Егзархиска гимназија во Битола и словенска филологија на Универзитетот во Софија (1903). Учителствувал во Одринската гимназија (1903–1907), кога станал член на ОК. Потоа предавал во Женската гимназија во Солун (1909–1912) и во Втората женска гимназија во… Continue reading ГРАШЕВ, Георги Д