ВОЈНИКА, Јусуф Мазлумов (Дебар, 7. Ⅱ 1938 – Дебар, 12. Ⅶ 2002) – хирург, примариус, основач и прв раководител на Хируршкото одделение во Дебар. Долгогодишен директор и создавач на современиот референтен Медицински центар во Дебар. Ал. Ставр.
Архиви: Енциклопедија
Description.
ВОЈТЕХ, Ѓорѓи
ВОЈТКЕВИЧ, Луј
ВОЈТКЕВИЧ, Луј (Луис Њоѕткиењиецз) (ⅩⅠⅩ в.) – полски емигрант, мајор. Бил учител во Велес. Учествувал во Кресненското востание (1878/1879) како војвода на чета од 250 востаници и бил член на шта-бот на Македонското востание. По протерувањето од редовите на востаниците се вратил во Банско и станал член на Воениот совет и еден од раководителите на… Continue reading ВОЈТКЕВИЧ, Луј
ВОКА, Нуредин Реџеп
ВОКА, Нуредин Реџеп (Вока, Нуредин Реџхеп) (с. шипковица, Тетовско, 1847 – Истанбул, 1917) – илуминист. Основно училиште завршил во Тетово, медреса во Призрен, а дипломирал на Теолошкиот факултет во Истанбул. Објавил еден буквар на албански јазик и две читанки со турскоарапско писмо. Значајно е неговото дело „Мислења“ со филозофско-педагошка содржина. Во 1903 г. од страна… Continue reading ВОКА, Нуредин Реџеп
ВОЛИЊЕЦ, Радомир
ВОЛИЊЕЦ, Радомир (Сараново, Р. Србија, 16. IX 1932 – Скопје, 11. Ⅻ 1990) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1960). Својата професионална дејност ја извршувал на Архитектонскиот факултет каде што се стекнува со звањето редовен професор. Ги предавал предметите архитектура и уметност – стар век и современа архитектура и уметност.… Continue reading ВОЛИЊЕЦ, Радомир
ВОЛКАНОВ, Михајло
ВОЛКАНОВ, Михајло (Призрен, 16. Ⅴ 1941) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежениот факултет во Скопје (1967). Докторирал на Архитектонскиот факултет при Техничкиот уни-Михајло Волканов верзитет во Дрезден, Германија (1979). Редовен професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје – проектирање на општествени згради. Неговото творештво опфаќа широк дијапазон на архитектонското проектирање, посебно на спортски објекти. Покрај со… Continue reading ВОЛКАНОВ, Михајло
ВОЛКАНОСКА, Александра Ставрева
ВОЛКАНОСКА, Александра Ставрева (Цариград, 26. Ⅹ 1904 – Охрид, 4. IX 1988) – физиолог, унив. професор. Мед. ф. завршила во Белград (1933). Работела како практичен лекар и како асистент на Мед. ф. во Белград. Академската кариера до редовен професор ја продолжува на Институтот за физиологија при Мед. ф. во Скопје (1949), посветувајќи се на работата… Continue reading ВОЛКАНОСКА, Александра Ставрева
ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков
ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков (Прилеп, 1909 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – бакал, комунистички деец и народен херој од НОАВМ. Како симпатизер на КПЈ, активно учествувал во собирањето Црвена помош; станал член на КПЈ (1941) и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во прилепските села собирал народна помош и… Continue reading ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков
ВОНРЕДНО ШКОЛУВАЊЕ
ВОНРЕДНО ШКОЛУВАЊЕ – начин на учење, односно студирање без задолжително посетување на наставата и на другите образовни форми на редовното школување. Вонредното школување програмски не се разликува од редовното. Разлика постои само во начините на совладувањето на програмските содржини и во должината на времетраењето. Овој начин на стекнување образование е повеќе карактеристичен за високото отколку… Continue reading ВОНРЕДНО ШКОЛУВАЊЕ
ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ НА МАКЕДОНИЈА
ВОСТАНИЕ НА ДРАГОТА
ВОСТАНИЕ НА ДРАГОТА (1255) – месно востание во Мелник против никејската власт. Драгота бил поставен од Никејците за управник на градот, но не бил задоволен од нивната власт и кренал востание, кое го зафатило целиот регион на Средна Струма. Востаниците ја опколиле тврдината Мелник, каде што се засолнил никејскиот гарнизон, но не успеале да ја… Continue reading ВОСТАНИЕ НА ДРАГОТА
ЃОРЃИ ВОЈТЕХ
ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ (1072 – 1073) – востание против византиската власт. Го кренале скопските благородници на че-ло со Ѓорѓи Војтех. Востаниците побарале помош од Дукља/Зета, чија владејачка династија била роднински поврзана со македонската династија на царот Самуил. Зетскиот владетел Михаил им испратил на помош триста војници, на чело со синот Константин Бо-дин, кој во… Continue reading ЃОРЃИ ВОЈТЕХ
ВОСТАНИЕ НА КАРАТАШО
ВОСТАНИЕ НА КАРАТАШО (Помладиот) (1854) – востание што избувнало под големо влијание на Кримската војна (1853– 1856). Караташо со поголема група од македонски, грчки и влашки доброволци (по потекло од Македонија), со брод од Грција пристигнале на Халкидик и предизвикале востание на Лон-гос (ИВ 1854). Востанието се проширило и во другите делови на Македонија. Караташо… Continue reading ВОСТАНИЕ НА КАРАТАШО
ВОСТАНИЕ НА ПЕТАР ДЕЛЈАН
ВОСТАНИЕ НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040 – 1041) – востание против византиската власт во Македонија и на Балканот. Повод била византиската финансиска реформа (1040) за плаќање на даноците во пари, место во натура. Востанието започнало во Белград. Петар Делјан, син на царот Гаврил Радомир, поради своето потекло, бил избран за водач на Востанието и бил прогласен… Continue reading ВОСТАНИЕ НА ПЕТАР ДЕЛЈАН
ВОСТАНИЕТО ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО
ВОСТАНИЕТО ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО . 1941 Г. – акт на антифашистичкото и националноослободително движење на македонскиот народ. Бидејќи до предвечерјето на Втората светска војна ниедна импортирана граѓанска политичка партија во Кралството Југославија не ја признавала македонската национална индивидуалност, македонскиот народ имал општа недоверба кон нив и истакнатите претставници на Македонското националноослободително движење… Continue reading ВОСТАНИЕТО ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО
ВОСТАНИЕТО НА ДЕРВИШ ЦАРЕ
ВОСТАНИЕТО НА ДЕРВИШ ЦАРЕ (1843 г.) – востание на албанското население во Македонија против централната османлиска власт поради воведувањето задолжителна регрутација за сите муслимани и спроведувањето на реформите прокламирани со ѓулханскиот хатишериф (1839). Востанието го предводел управникот на Гостивар, Дервиш Царе. Востаниците ги презеле Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Приштина, Врање, навлегле и во Скопје,… Continue reading ВОСТАНИЕТО НА ДЕРВИШ ЦАРЕ
ВОСТАНИК
„ВОСТАНИК“ (Тетово, декември 1942 – февруари 1943) – неделен илегален весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација, на македонски јазик. Бил печатен на партиската техника на Окружниот комитет на КПЈ и растуран во Западна Македонија под италијанска окупација. Содржините се во функција на мобилизација на членството и населението… Continue reading ВОСТАНИК
ВОШКИ, ВИСТИНСКИ
ВОШКИ, ВИСТИНСКИ (Аноплура) – ситни бескрилни инсекти со сплескано тело. Паразитираат на телото на човекот и на цицачите. Имаат устен апарат прис-Главена вошка пособен за боцкање. Нозете завршуваат со кукести канџи за прицврстување. Женките полагаат крупни јајца на влакната на домаќинот. Редот опфаќа околу 400 видови од кои три вида паразитираат на човек. Во Македонија… Continue reading ВОШКИ, ВИСТИНСКИ
ВОШКИ, ПТИЧЈИ
ВОШКИ, ПТИЧЈИ (Маллопхага) – ситни сплеснати инсекти без крилја. Достигнуваат големина од 1 до 3 мм. Се хранат со кожни лушпи, секрети од лојни жлезди, перја и влакна од птици. Целиот животен циклус се одвива на телото на домаќинот. Познати се околу 4.000 видови од овој ред, кои се сапрофаги на птиците и на цицачите.… Continue reading ВОШКИ, ПТИЧЈИ
ВОШКИ, ПЧЕЛИНИ
ВОШКИ, ПЧЕЛИНИ (Браулидае) – ситни бескрилни муви. Имаат голема глава, без очи; специјализирани се за паразитски живот на пчелите. Затоа пчеларите ги нарекуваат пчелини вошки. Во Македонија добро е познат видот Браула цоеца Нитзсцх, кој паразитира на пчелите работнички а понекогаш и на матицата, предизвикувајќи штети во пчелините семејства. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните… Continue reading ВОШКИ, ПЧЕЛИНИ
ВОШКИ, РАСТИТЕЛНИ
ВОШКИ, РАСТИТЕЛНИ (Апхидина) – ситни, слабо подвижни инсекти. Мажјаците имаат долги крилја, а женките се бескрилни. Живеат по кората, листовите и корењата на растенијата, цицајќи растителни сокови. Означени се како големи штетници кои предизвикуваат слабеење и сушење на растенијата. Овие инсекти се паразити; се размножуваат партеногенетски и главно, вивипарно, што создава голема бројност на популациите.… Continue reading ВОШКИ, РАСТИТЕЛНИ
ВОШКИ, РИБНИ
ВОШКИ, РИБНИ (Бранцхиура) – мали ектопаразитски слатководни ракчиња. Големината изнесува од неколку до 30 мм. Паразитираат на различни видови риби. Во Македонија од поткласата рибни вошки е регистриран само 1 вид, Аргулус фолиацеус Л., со должина 7-8 мм, кој паразитира на крапот во Дојранското Езеро. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни. Скопје, 1991; Владимир… Continue reading ВОШКИ, РИБНИ
ВРАЖАЛСКИ, Никола
ВРАЖАЛСКИ, Никола (Кочани, 12. Ⅴ 1914 – Скопје, 1997) – правник, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Правен факултет завршил во Белград (1940). Член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани (1944). Народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946… Continue reading ВРАЖАЛСКИ, Никола
ВРАЖИНОВСКИ, Танас Борисов
ВРАЖИНОВСКИ, Танас Борисов (с. Смрдеш, Костурско, 23. Ⅶ 1941) – фолклорист, истражувач на македонскиот прозен фолклор, посебно на народните преданија и митологијата. По Граѓанската војна во Грција (1948) како дете бил однесен во Тулгеш (Романија), каде што го започнал основното образование, а потоа се преселил во Крошченко (Полска), каде што го завршил основното образование (1955).… Continue reading ВРАЖИНОВСКИ, Танас Борисов