ВОЈТКЕВИЧ, Луј

ВОЈТКЕВИЧ, Луј (Луис Њоѕткиењиецз) (ⅩⅠⅩ в.) – полски емигрант, мајор. Бил учител во Велес. Учествувал во Кресненското востание (1878/1879) како војвода на чета од 250 востаници и бил член на шта-бот на Македонското востание. По протерувањето од редовите на востаниците се вратил во Банско и станал член на Воениот совет и еден од раководителите на Разлошкото востание. Учествувал во убиството на војводата Стојан Карастоилов и во привременото затворање на началникот на штабот на Македонското востание Димитар Поп Георгиев-Беровски. ЛИТ.: И. Кацаров и И. Кепов, Документи по Кресненското въстание, София, 1942. Ал. Тр.