ВАСИЛЕВСКИ, Живко

ВАСИЛЕВСКИ, Живко (Битола, 28. Ⅳ 1928) – национален деец, политичар и општественик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил учесник во НОБ (1942), член на СКОЈ (пролетта 1943) и секретар на скоевска група (1944). По Ослободувањето бил примен за член на КПМ (јануари 1946) и избран за член на Бирото на Градскиот комитет на СКОЈ… Continue reading ВАСИЛЕВСКИ, Живко

ВАСИЛЕВСКИ, Ристо

ВАСИЛЕВСКИ, Ристо (с. Наколец, Преспа, 31. Ⅰ 1943) – поет, есеист, критичар, антологичар, преведувач. Завршил средно стручно училиште. Живее и работи во Смедерево, Србија. Член на ДПМ (1970). БИБ.: „шепоти” (поезија, 1968), „Временија” (поезија, 1970), „Толкување на патот” (поезија, 1973), „Големи и други работи” (поезија за деца, 1974), „Од плитари до фасади” (монографија, 1974), „Давање… Continue reading ВАСИЛЕВСКИ, Ристо

ВАСИЛЕСКА, Илка Богоева

ВАСИЛЕСКА, Илка Богоева (псевд. Божана; Присаѓанка) (Прилеп, 2. Ⅱ 1923 – с. Никифорово, Гостиварско, 7. Ⅶ 1944) – шивачка, комунистички деец и организатор на НОБ. Била член на месното КУД „Коста Абрашевиќ“ (1940), член на КПЈ (1941) и на МК на КПЈ во Прилеп (март 1942). По апсењето од бугарската полиција (мај 1942), поради недостиг… Continue reading ВАСИЛЕСКА, Илка Богоева

ВАСИЛИДА

ВАСИЛИДА – византиско утврдување подигнато од царот Василиј Ⅱ на патот од Охрид кон Преспа, на планината Петрино, на еден каменест рид, кој се издига над Петринското Поле. Било многу важно византиско упориште во центарот на поранешното Самуилово царство, со задача да ја контролира Охридско-преспанската област. ЛИТ.: Т. Томоски, Преспа во средниот век, „Историја“, ⅩⅤ/2,… Continue reading ВАСИЛИДА

ВАСИЛИЈ Ⅰ

ВАСИЛИЈ Ⅰ (811 – 29. Ⅷ 886) – византиски цар (867–886), основач на македонската династија. Ја зацврстил позицијата на Византија и го проширил византиското црковно влијание во Бугарија (869/70, победа над римските легати за припадноста на Бугарската црква), кај Словените од западен Балкан и во Киевска Русија. Неговата законодавна дејност е претставена во „Василики” (шест… Continue reading ВАСИЛИЈ Ⅰ

ВАСИЛИЈ Ⅱ

ВАСИЛИЈ Ⅱ (957 – 15. Ⅻ 1025) – византиски цар (976–1025), меѓу најзначајните од македонската династија. Воспоставил цврста власт. Со децении војувал против Самуиловото Царство; со Самуил и наследниците трпел порази (Трајанова Порта, 986 г.) и победувал (Сперхеј, 996; Беласица, 1014), на крајот го уништил (1018), а границата на Византија ја воспоставил на реките Дунав… Continue reading ВАСИЛИЈ Ⅱ

ВАСИЛИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ВАСИЛИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – лирски обредни календарски песни, по содржина и намена слични на коледарските. Новата година одделно ја прославувале децата од возрасните. Децата ја празнувале со обичаи и песни, кои се блиски до оние од Бадник. И овие песни немаат развиена мелодија, туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на крајот од песната.… Continue reading ВАСИЛИЧАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ВАСИЌ, Растко

ВАСИЌ, Растко (Белград, 1937) – археолог. Дипломирал во 1961 г. на Катедрата по археологија на Филозофскиот факултет во Бел-град, на која магистрирал (1964) и докторирал (1971) со тема од постарото железно време во тогашната СФРЈ. Работи во Археолошкиот институт во Белград. Објавил повеќе од 250 трудови (студии, прилози, критики и прикази), од кои поголемиот дел… Continue reading ВАСИЌ, Растко

ВАСКИДОВИЧ, Емануел

ВАСКИДОВИЧ, Емануел (Манолаки Васкидов) (Мелник, 1795 – 30. IX 1875) – учител и автор на учебници и книги. Се школувал во Мелник, на о. Хиос и во Букурешт. Бил учител во Мелник, а по 1815 г. го отвора првото световно елино-бугарско училиште во Свиштов. Воведува заемноучилишна метода. Со Н. Бозвели напишал „Славеноболгарское детоводство за малките… Continue reading ВАСКИДОВИЧ, Емануел

ВАСКОВ, Благој Панчев

ВАСКОВ, Благој Панчев (Велес, 4. Ⅱ 1912 – Скопје, 22. IX 1983) – ветеринар, редовен проф. на Земјоделскиот факултет во Скопје, на кој бил три пати избиран за декан. Докторирал на Ветеринарниот факултет во Загреб (1952). Бил и проректор на Универзитетот во Скопје и прв началник на Ветеринарната служба на Македонија (1945–1947). Автор е на… Continue reading ВАСКОВ, Благој Панчев

ВАСКОВ, Илија Ганчов

ВАСКОВ, Илија Ганчов (Велес, 31. Ⅻ 1934) – спец. по максилофацијална хирургија и редовен проф. на Ст. ф., академик. Завршил Ст. ф. во Белград (1959), а Мед. фак. во Скопје (1968). За асистент по стоматолошка хирургија на Стоматолошкиот одд. при Мед. фак. е избран во 1961 г. Специјализирал во Скопје, Љубљана, Берлин и Цирих. Хабилитирал… Continue reading ВАСКОВ, Илија Ганчов

ВАСКОВ, Панче Николов

ВАСКОВ, Панче Николов (Велес, 10. Ⅵ 1870 – Велес, 1951) – лекар и револуционер. Дипломирал во Цариград во 1896 г. Лекарската практика ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот Панче Васков терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Кога го откриле, го осудиле на доживотна робија и го испратиле во Мала… Continue reading ВАСКОВ, Панче Николов

ВАСКОВ, Петар Николов

ВАСКОВ, Петар Николов (Велес, 18. Ⅴ 1875 – с. Л’џаќој, Дедеагачко, 10. XI 1907) – професор по математика и физика и војвода на ТМОРО. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската егзархиска гимназија, каде што бил член на таен револуционерен кружок. Дипломирал физика и математика на Вишото училиште (ден. Софискиот универзитет,… Continue reading ВАСКОВ, Петар Николов

ВАТАША

ВАТАША – село во Кавадаречко. Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река, непосредно до Кавадарци, на надморска висина од околу 270 м. Како приградска населба на Кавадарци населението му е во постојан пораст. Во 1961 г. во него живееле 1.936 ж. Во 2002 г. тој број се наголемува на 3.502 ж. Од нив 3.224… Continue reading ВАТАША

ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА

ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА . (с. Ваташа, Кавадаречко, 1847–1848) ‡ една од првите печатници во Македонија, отворена од месниот учител и преродбеник Камче Наков Попангелов (в.), познат како Даскал Камче и неговиот финансиски ортак, ваташкиот трговец Јовко Марков. Идејата за отворање на печатницата ја добил од контактите со познатиот македонски печатар архимандритот Теодосиј Синаитски. Со парите на… Continue reading ВАТАШКА ПЕЧАТНИЦА

ВАТАШКИ МАСАКР

ВАТАШКИ МАСАКР (16. Ⅵ 1943) – стрелање на дванаесет ваташки младинци од бугарската фашистичка војска и полиција. Поради формирањето (Вишешница, 14. Ⅴ 1943) и дејноста на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”, во Кавадарци и с. Ваташа пристигнал бугарскиот областен директор Димитар Раев и ја презел Јунската непријателска офанзива (7-16. Ⅵ 1943), која, по над 60… Continue reading ВАТАШКИ МАСАКР

ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат со престојот на св. Кирил и Методиј во Рим (868/869). Се продлабочуваат преку присуство на ватикански претставници на крунисувањето на Самуил за цар (Преспа, 976). Водат кон унијатство (во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ в. охридските архиепископи Порфириј Палеолог, Атанасиј И, Аврамиј и Мелетиј тајно го прифаќаат и спроведуваат католицизмот), односно,… Continue reading ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ВАФИЈАДИС, Маркос

ВАФИЈАДИС, Маркос (Кастамони/Ерзерум, Турција, 28. Ⅰ 1906 – Атина, 23. Ⅱ 1992) – комунистички и воен деец, функционер на КПГ. Во Грција се доселил во 1922 г. Бил член на младинската комунистичка организација (ОК НЕ). Учесник во антифашистичката борба, а во 1942 г. бил избран за член на ЦК на КПГ и на Македонското биро… Continue reading ВАФИЈАДИС, Маркос

ВГРАДЕНА НЕВЕСТА

ВГРАДЕНА НЕВЕСТА – . најрепрезентативна македонска народна балада од групата песни за вградувањето на живо битие во темелите на градба. Тоа е специфика кај сите народи на Балканот и има разни верзии со свои карактеристики. Во некои примери истиот мотив се трансформирал во предание или приказна, како во записите за кратовскиот Радин мост. Л. С.… Continue reading ВГРАДЕНА НЕВЕСТА

ВЕВЧАНИ

ВЕВЧАНИ – село во Струшко. Се наоѓа на западната страна на Струшката Котлина, во подножјето на планината Јабланица, на надморска висина помеѓу 800 и 900 м. Со регионален пат е поврзано со Струга. Има 2.433 ж. Голем број од нив се печалбари. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 2.280 ха, но има… Continue reading ВЕВЧАНИ

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ – обичаи под маски што се изведуваат на Василица (14/1 јануари). Со тие маскирања се испраќа старата и се дочекува новата (православна) година. Целта е да се обезбеди среќа и плодородие во претстојната година. Празнувањата траат два дена (13 и 14 јануари) и се посветени на св. Василиј Велики. Учесниците во обичајот се… Continue reading ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија – растителниот покривач, односно севкупноста на сите растителни заедници што се развиваат на територијата на Република Македонија . Претставува мозаик од најразлични растителни заедници што влегуваат во состав на различни вегетациски типови, од кои најзначајни се следните: Вегетација на ридски пасишта – се развива во висинскиот појас од 80–1000 (1200) м,… Continue reading ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА – цртеж на растителни асоцијации или поголеми и помали синтаксономски единици изработен во размер. Секоја карта се одликува со две суштествени карактеристики – содржина и размер. Според содржината, се разликуваат тотални и парцијални вегетациски карти. Почнувајќи од 1963 до 1992 г. во Македонија се изработуваше тотална вегетациска карта во размер 1:200.000. Во таа… Continue reading ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА