ВАСИЌ, Растко

ВАСИЌ, Растко (Белград, 1937) – археолог. Дипломирал во 1961 г. на Катедрата по археологија на Филозофскиот факултет во Бел-град, на која магистрирал (1964) и докторирал (1971) со тема од постарото железно време во тогашната СФРЈ. Работи во Археолошкиот институт во Белград. Објавил повеќе од 250 трудови (студии, прилози, критики и прикази), од кои поголемиот дел се однесува на железното време на Балканот. Дел од неговиот научен опус има посебно значење за изучувањето на т.н. „македонската бронза” бидејќи објавил голем број археолошки предмети од железното време, со потекло од поширокиот географски етнокултурен простор на Македонија, а се по разни основи сопственост на балкански и европски музеи. БИБ.: Бронзе из Титовог Велеса у музеју Бенаки, ЖА, 24, Скопје 1974; Еисензеитлисцхе Фунде вон Удово ин Мацедониен, во: Ацта. Працхист. ет Арсцх., Берлин, 1975; Гевгелијска група старијег гвозденог доба, во: ПЈЗ, Сарајево, 1987. В. С.