ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија – растителниот покривач, односно севкупноста на сите растителни заедници што се развиваат на територијата на Република Македонија . Претставува мозаик од најразлични растителни заедници што влегуваат во состав на различни вегетациски типови, од кои најзначајни се следните: Вегетација на ридски пасишта – се развива во висинскиот појас од 80–1000 (1200) м, на хетерогена геолошка подлога (силикат, варовник, доломит, серпентин, арсен, андезит и друго). Има секундарно потекло и настанала со уништување на шумите од низинскиот појас. Претставена е со над 10 асоцијации кои припаѓаат кон класата Фестуцо-Брометеа. Водна вегетација – се развива во природните езера во Република Македонија (Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро). Претставена е со 6 асоцијации и 2 класи – Потаметеа и Лемнетеа. Во минатото, водните заедници се развиваа и во некои мочуришта, а со мелиорацијата се речиси сосема уништени. Ливадска вегетација – низинските ливади од сите котлини во Република Македонија (80-1000 м) припаѓаат кон класата Молинио-Аррхенатхеретеа (сој. Трифолион ресупинати), а површините на кои се развиваат се доста редуцирани. Ливадите од планинскиот појас (1000-1400 м) припаѓаат кон сој. Румицион тхѕрсифлори. Низинска блатна вегетација – претставена е со 13 асоцијации што припаѓаат на класите Пхрагмитетеа и Исоето-Нанојунцетеа. Во минатото беше обемно застапена по многубројните блата и мочуришта, но со мелиорацијата на поголемите котлини (Пелагонија, Струмичка, Скопска, Охридскострушка, Овчеполска и други) се уништени големи површини или се среќаваат во фрагментарна состојба и тие се претворени во обработливо земјиште. Субалпска и алпска вегетација – се простира над горната граница на шумскиот појас, од 1600–2770 м, каде што климатските услови се најнеповолни (долги зими, кратки лета, краток вегетациски период). Опфаќа разновидни растителни заедници што се развиваат на хетерогена подлога (кисели почви, карбонати, планински тресетишта, сипари, точила, камењари, карпи и друго), кои припаѓаат кон различни вегетациски класи – Елѕно-Сеслериетеа, Царицетеа цурвулае, Салицетеа хербацеае, Сцхеуцхзерио–Царицетеа фусцае, Дрѕпетеа спиносае, Асплениетеа трицхоманис и други. На територијата на Република Македонија се развиваат заедници и од други вегетациски типови – заедници по рабови на шу-ми, плевелни (по житни и окопни култури), рудерални заедници, заедници на газени места, грмушести заедници и други. Халофитска и степолика вегетација – се развива во централните делови на Република Македонија (меѓу Велес, Свети Николе, Штип и Неготино). Халофитските заедници се развиваат на засолени почви, на мали површини во Овче Поле, синтаксономски припаѓаат кон класата Тхеро-Салицорниетеа и во нив доминираат халофити -Суаеда маритима, Салицорниа хербацеа, Цампхоросма аннуа, Цампхоросма монспелиаца и други. Степоликата Вегетациска карта на Република Македонија вегетација спаѓа во Фестуцо-Брометеа, се развива на палеогени и неогени лапори, со присуство на повеќе степски видови – Морина персица, Астрагалус парнасси, Хедѕсарум мацедоницум, Онобрѕцхис хѕпаргѕреа и други. шумска вегетација – се простира на голем дел од територијата на РМ, од 100–2200 м. Доминираат листопадните шуми (дабови, црн и бел габер, платанови, костенови, букови). Зимзелените (шуми на бор, ела, смрека) и мешаните шуми (елово-букови шуми) се простираат на помали површини. Поради големата експлоатација во низинскиот појас тие се многу деградирани и на одделни места се сосема уништени. Претставени се со над 80 шумски асоцијации, опфатени во 7 класи, од кои најзначајни се класите Љуерцо-Фагетеа и Ваццинио-Пицетеа. Вл. М.