ВАРДАР

ВАРДАР“ (Софија, 1898–1899) – неделен весник, орган на политичките интереси на христијанското население во Турција. Одговорен уредник бил Д. Чохаџиев. Неговото излегување престанало со фузионирањето со в. „Глас македонски“ и излегувањето на новиот в. „Борба за слободата на Македонија и Одринско“ (1899). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992),… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

ВАРДАР“ („БРЕГАЛНИЦА“, „МЕСТА“, „ОГРАЖДЕН“, „ПЕЛИСТЕР“, „ПЧИЊА“, „СТРУМА“, „ЦРНА“) (Софија, 1. Ⅹ 1911 – 12. IX 1912) – неделен весник, орган на десното крило на ВМОРО. Уредник бил Дане Крапчев, а бил печатен во печатниците на П. Глушков, Г. М. Чомонев, „Искра“ и „Ден“. За полесно распространување низ Македонија под османлиска власт, дел од тиражот повремено… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

ВАРДАР“ (Одеса, 1. IX 1905) – неофицијален месечен орган на МНЛД во С.-Петербург, прво научно-литературно и националнополитичко списание на современиот македонски литературен јазик и правопис и со децидна македонска национална програма. Издавач, уредник и речиси единствен автор на прилозите е К. П. Мисирков. Поради револуционерните настани и недостигот на средства, отпечатениот прв број останува во… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

ВАРДАР“ (Скопје, кон крајот на 1908 – 31. Ⅹ 1914) – орган на српската национална организација во Скопје. Иницијатор за неговото покренување бил српскиот конзул во Скопје Живоин Балугџиќ. Се застапувал за големосрпските национални интереси. Излегувал со прекини. Поради критиките на власта, бил укинат со решение на министерот за внатрешни работи на Србија Стојан Протиќ.… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

ВАРДАР“ (Софија, 1898–1899) – неделен весник, орган на политичките интереси на христијанското население во Турција. Одговорен уредник бил Д. Чохаџиев. Неговото излегување престанало со фузионирањето со в. „Глас македонски“ и излегувањето на новиот в. „Борба за слободата на Македонија и Одринско“ (1899). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992),… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

ВАРДАР“ (Лозана, 1916–1919) – друштво основано за да развива дејност под девизата „Македонија на Македонците“. Дејноста ја засилило во времето на одржувањето на Мировната конференција во Версај. Друштвото упатило писмо до Конференцијата (22. Ⅵ) со осуда на намерите на балканските држави, „поддржувани од некои од европските сили“, за поделба на Македонија. Од Мировната конференција барало… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (Буенос Аирес, 1909) – добротворно друштво на македонските иселеници. Дејноста на Друштвото не била политичка, туку исклучиво добротворна. Било основано за собирање средства за меѓусебна помош на македонските иселеници, за прифаќање и за помагање на новодојдените емигранти. Неговото постоење е посведочено од искажувања на иселеници-современици. ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации… Continue reading ВАРДАР

ВАРДАР , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

ВАРДАР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Кливленд, Њујорк, САД, 10. Ⅱ 1926 – ?) – основана како Политическа организација „Вардар“, огранок на МПО. Во 1929 г. формирала Женска секција, а потоа и Младинска секција. Членовите на „Вардар“ биле организатори на XI конгрес на МПО (1932). Сл. Н.-К.

ВАРДАРИЈА

ВАРДАРИЈА – византиска тема во XI, Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. Ги зафаќала териториите во долниот тек на реката Вардар. Се споменува како посебна военоадминистративна единица на чело со управник. Со Договорот склучен меѓу крстоносците и Венецијанците за поделба на Византија (Ⅲ 1204) било предвидено провинцијата (темата) помеѓу себе да ја поделат крстоносците. ЛИТ.: Б. Панов,… Continue reading ВАРДАРИЈА

ВАРДАРСКА БАНОВИНА

ВАРДАРСКА БАНОВИНА (3. Ⅹ 1929 – април 1941) – управна аддор Скаловски. Ј. Т. Административно-територијална поделба на Кралството Југославија (1929) министративна единица во Кралството Југославија, со седиште во Скопје, на чело со бан, именуван од кралот, по предлог од Министерскиот совет, со мандат од 4 години. Востановена е со посебен закон и во неа влегувале… Continue reading ВАРДАРСКА БАНОВИНА

ВАРДАРСКИ ПАТ

ВАРДАРСКИ ПАТ – антички пат забележен на Појтингеровата карта. Доаѓајќи од Наисус и Улпијана, од правец на денешно Косово, патот минувал низ Качаничка Клисура, под градот на Давина Кула на излезот од клисурата, спроти с. Орман и доаѓал до Скупи. Скопската Котлина ја минувал за 20 км по куса линија до гратчето на Градиште кај… Continue reading ВАРДАРСКИ ПАТ

ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА

ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА – повеќеслојна населба со континуиран живот од крајот на бронзеното време и во текот на целиот Ⅰ милениум пр.н.е. Се наоѓа на источната периферија на Гевгелија, на два доминантни рида (Рид 1 и 2) на самиот десен брег на р. Вардар. Систематски се истражува од 1995 до 2007 г., на секторите Акропола,… Continue reading ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА

ВАРЛААМ

ВАРЛААМ (крај на ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1597–1598). Бил приврзаник на идеите за ослободување на поробеното население од османлиска власт. Дошол во Велес и се ставил на чело на бун-тот на месното населние. Бил уапсен и погубен во Велес на 28. Ⅴ 1598 г. Османлиите му ја отсекле главата и телото го фрлиле во… Continue reading ВАРЛААМ

ВАРНАВА, епископ

ВАРНАВА, епископ (Петар РосиÊ) (Плевља, Црна Гора, 29. Ⅷ 1880 – Белград, Србија, 23. Ⅶ 1937) – завршил Богословија во Призрен и Духовна академија и степен кандидат по богословија во С.-Петербург – Русија (1905). Во 1910 г. Синодот на Цариградската патријаршија го избрал за епископ на Велешко-дебарската епархија, со титула Главинички, прв епископ Србин на… Continue reading ВАРНАВА, епископ

ВАРНАЛИЕВ, Јордан

ВАРНАЛИЕВ, Јордан (Велес, 1883 – с. Карбинци, Штипско, 11. Ⅲ 1903) – кратовски војвода. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија. Откако завршил четири класа во споменатата гимназија, заминал во илегалност. Од почетокот на 1901 г. станал четник, а подоцна организатор и војвода во Кратовско. Во бојот кај селото Карбинци, за да не падне жив во… Continue reading ВАРНАЛИЕВ, Јордан

ВАРОШ ГРОБИШТА

ВАРОШ – ГРОБИШТА (Прилеп) – некропола лоцирана на источниот крај од Варош, северно од магистралниот пат Прилеп–Варош–Кичево. Б. Бабиќ овде ископал 57 гробови, меѓу нив еден дел се вкопани во карпата. Тие имаат или трапезоиден облик или се со антропоморфен додаток – алвеола кај главата на покојниците или пак се оформени со камени плочи Некропола,… Continue reading ВАРОШ ГРОБИШТА

ВАРОШЛИЈА, Бранко

ВАРОШЛИЈА, Бранко (с. Барилево, Косово, 1. Ⅰ 1934 – Скопје, 1. Ⅰ 2004) – раскажувач, романсиер, новинар, драмски автор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, „Нова Македонија” и како драматург во Македонскиот народен театар. Го сместуваат во прозаистите на средната генерација (нејзиното авангардно крило), главно присобрани кон шее-Бранко Варошлија сеттите… Continue reading ВАРОШЛИЈА, Бранко

ВАРОШЛИЈА, Ѓорѓи

ВАРОШЛИЈА, Ѓорѓи (Велес, 2. Ⅷ 1947 – Скопје, 28. Ⅰ 2006) – новинар. По студиите на Правниот факултет во Скопје, се вработил во Радио Скопје, во Стопанската редакција (1970). Од соработник до уредник ги поминал сите скалила на професијата. Бил дописник на Дојче Веле и на Радио Слободна Европа и колумнист во повеќе весници. Бил… Continue reading ВАРОШЛИЈА, Ѓорѓи

ВАРТОЛОМЕЈ

ВАРТОЛОМЕЈ – христијански празник посветен на светиот апостол Вартоломеј, еден од дванаесетте големи Христови апостоли. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник, поради што не се работи никаква работа. Народот го поврзува со вртењето на сонцето од лето кон зима, поради што и празникот е наречен Вртолум. ЛИТ.: Марко Китевски, Златна… Continue reading ВАРТОЛОМЕЈ

ВАСИЛЕВ ЦВЕТКОВ, Васил Григоров

ВАСИЛЕВ ЦВЕТКОВ, Васил Григоров (Петрич, 17. Ⅵ 1915 – Петрич, Ⅳ 2006) – партизан на Петричкиот партизански одред „Андон Попов“ и член на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Учествувал во НОВ во Вардарскиот дел на Македонија, политички комесар на чета и пом. политички комесар на баталјон во Ⅱ македонска НОУБ и на ⅩⅣ… Continue reading ВАСИЛЕВ ЦВЕТКОВ, Васил Григоров

ВАСИЛЕВ, Александар

ВАСИЛЕВ, Александар (Алеко Паша) (Баракли-Џумаја, Серско, 1890 – Горна Џумаја, 12. IX 1924) – припадник на ВМРО. Бил учител во Серско, четник во Серскиот револуционерен округ под раководство на Ј. Сандански, петрички околиски војвода (1919), главен организатор и раководител на ВМРО во Пиринскиот дел на Македонија, близок соработник на Т. Александров. По 1923 се дистанцирал… Continue reading ВАСИЛЕВ, Александар

ВАСИЛЕВ, Васил

ВАСИЛЕВ, Васил (Скопје, 19. IX 1938) – скулптор, ликовен педагог, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, претставник на фигуративната и апстрактно-асоцијативната дрвена пластика со свесни влијанија од примитивните африкански маски и тотеми. Дипломирал на Академијата за ликовни уметнсти во Белград (1965). Излагал самостојно во Скопје, Битола, Белград. Серијата егзотични портрети се издвојува со… Continue reading ВАСИЛЕВ, Васил

ВАСИЛЕВИЌ, Миодраг А

ВАСИЛЕВИЌ, Миодраг А. (Закута, 9. IX 1903 – Опатија, 9. Ⅷ 1963) – етномузиколог, унив. професор, собирач на македонско народно творештво. Како наставник по музика во Скопје и професор во Средното музичко училиште и на Музичката академија во Белград запишал околу 4.000 народни песни со мелодии и текст од Македонија, Косово, Санџак, Јужна Србија и… Continue reading ВАСИЛЕВИЌ, Миодраг А

ВАСИЛЕВСКИ, Бранко Николов

ВАСИЛЕВСКИ, Бранко Николов (с. Гари, 13. Ⅷ 1940) – спец. по максилофацијална хирургија, редовен проф. на Ст. ф. Завршил Ст. ф. и Мед. ф., магистрирал во 1982 и докторирал во 1989 г. Публикувал 100 статии. Автор е на монографијата „Хемангиоми, дијагностика и терапија”, коавтор на „Стоматолошки терминолошки речник” и „Амбулантни стоматохируршки интервенции”. Е. М. Георги… Continue reading ВАСИЛЕВСКИ, Бранко Николов