ВАСИЛЕВ ЦВЕТКОВ, Васил Григоров

ВАСИЛЕВ ЦВЕТКОВ, Васил Григоров (Петрич, 17. Ⅵ 1915 – Петрич, Ⅳ 2006) – партизан на Петричкиот партизански одред „Андон Попов“ и член на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Учествувал во НОВ во Вардарскиот дел на Македонија, политички комесар на чета и пом. политички комесар на баталјон во Ⅱ македонска НОУБ и на ⅩⅣ македонска бригада. Бил еден од основачите на Петричкиот партизански одред „Андон Попов“. По Резолуцијата на ИБ бил апсен и осудуван. ЛИТ.: Велимир Брезоски и Миле Тодоровски, Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ”, Ⅷ/1, Скопје, 1964; АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, И, 2, Скопје 1984; АСНОМ. Документи од работата на Президиумот на АСНОМ меѓу Второто и Третото заседание на АСНОМ, И, 3, Скопје, 1987. В. Јот.