ШАКИРИ, Реис (с. Сопотско, Ресенско, 12. ⅩⅠⅠ 1919 – Скопје, 13. Х 2006) – работник, комунистички деец, борец, општественик и државник. Како член на КПЈ (од 1941), учествувал во формирањето на Преспанско-битолскиот НОПО, а потоа бугарските власти го интернирале во Свети Врач (1942). Бил делегат на АСНОМ. По Ослободувањето бил резервен мајор, секретар на Околискиот… Continue reading ШАКИРИ, Реис
Архиви: Енциклопедија
Description.
ШАКИРИ, Ресул
ШАКИРИ, Ресул (с. Сопотско, Ресенско, 10. Ⅺ 1931) – комунистички деец, општественик и државник. Завршил гимназија, а потоа студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил член на СКМ (од 1950), претседател на Општински комитет и член на Претседателството на ЦК на Народната младина на Македонија, директор и главен и одговорен уредник на в. „Флака е… Continue reading ШАКИРИ, Ресул
ШАЛДЕВ, Христо Тр
ШАЛДЕВ, Христо Тр. (Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија, 25. ⅩⅠⅠ 1876 – Софија, 2. Ⅱ 1962) – член, секретар и претседател на ТМОК и член-основач на МНЛД во С.-Петербург (28. Х 1902), учесник во Илинденското востание (1903). Се школува во Гуменџе, во Солун и во духовните семинарии во Цариград и Полтава, а потоа ја завршува… Continue reading ШАЛДЕВ, Христо Тр
ШАЛИНСКИ, Трајко Божиновиќ
ШАЛИНСКИ, Трајко Божиновиќ (с. Степанце, Куманово 2. Ⅷ 1905 – Скопје, 28. Ⅷ 1979) – ветеринар. Докторирал на В. ф. во Белград (1953). Научен советник и директор (1947–1967) во Ветеринарниот институт во Скопје. Објавил 21 научни и стручни трудови. М. Д. – Ј. Б. шАМПИЊОН – збирен термин што се однесува на претставници од родот… Continue reading ШАЛИНСКИ, Трајко Божиновиќ
ШАНДАНОВ, Петар
ШАНДАНОВ, Петар (Охрид, 4. Ⅶ 1895 – Софија, 15. Ⅹ 1971) – раководител на ВМРО. Се школувал во Охрид и во Битола. Учесник во Првата балканска војна, во Охридското востание (1913) се борел во четата на војводата Петар Чаулев. Во ВМРО бил резервен член на ЦК на ВМРО (1925–1928), а по убиството на А. Протогеров… Continue reading ШАНДАНОВ, Петар
ШАПКАР, Ристо
ШАПКАР, Ристо (с. Велгошти, Охридско, 1931) – политиколог, стопанственик и фотограф. Беше долгогодишен директор на РО „Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид (членка на корпорацијата Заводи „Црвена застава“ од Крагуевац). Истовремено извесен период беше и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Охрид. Како страстен љубител на уметничката фотографија, стана еден од водечките македонски фотографи. Приреди… Continue reading ШАПКАР, Ристо
ШАПКАРЕВ, Илија Андонов
ШАПКАРЕВ, Илија Андонов (с. Велгошти, Охридско, 26. Ⅶ 1931) – математичар, ред. проф. (1975) на ЕТФ. Дипломирал (1954) на Филозофскиот факултет (асистент од 1959 на Техничкиот факултет) и докторирал (1964) на ПМФ со тема „Инваријантни диференцијални равенки во однос на смена на функцијата“. Во учебната 1965/66 г. бил на специјализација во Математичкиот институт во Гетинген,… Continue reading ШАПКАРЕВ, Илија Андонов
ШАПКАРЕВ, Јонче
ШАПКАРЕВ, Јонче (с. Велгошти, Охридско, 17. Ⅸ 1926) – унив. професор, биолог. Основно образование завршил во родното мес-то, а средно во Охрид. Во 1947 г. се запишал на Групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1951 г. До 1954 г. бил вработен како асистент и ја вршел должноста директор на Хидробиолошкиот завод… Continue reading ШАПКАРЕВ, Јонче
ШАПКОТ, Томас
ШАПКОТ, Томас (Ипсвич, Австралија, 6. Ⅸ 1935) – еден од најзначајните современи австралиски поети. Со голем успех пишувал и романи, како Белиот елен на прогонот (преведен и на македонски јазик). Првите стихови почнал да ги објавува во 1954 г. Во 1989 г. го добил Златниот венец на СВП. Во 1987 г. во Скопје излегла Антологија… Continue reading ШАПКОТ, Томас
ШАРЕВСКИ, Чедо
ШАРЕВСКИ, Чедо (с. Леуново, Мавровско, 10. Ⅶ 1933 – Скопје, 9. Ⅵ 1995) – унив. професор. Завршил Висока школа за физичка култура во Белград (1959). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Развој на атлетиката во СР Македонија од првите почетоци до 1975 г“. Хабилитирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1981)… Continue reading ШАРЕВСКИ, Чедо
ШАРЕНА
ШАРЕНА САЈА – горна женска облека, составен дел на невестинската носија (од Кумановско). Се носела до првата деценија на минатиот век, до кога се носеле и невестинските шарени, големи кошули. За разлика од белата саја, таа е побогато украсена и дел од украсите шарена саја се дело на терзиите. Декорацијата на сајата е изведена со… Continue reading ШАРЕНА
ШАРЕНА САЈА
ШАРЕНА САЈА – горна женска облека, составен дел на невестинската носија (од Кумановско). Се носела до првата деценија на минатиот век, до кога се носеле и невестинските шарени, големи кошули. За разлика од белата саја, таа е побогато украсена и дел од украсите шарена саја се дело на терзиите. Декорацијата на сајата е изведена со… Continue reading ШАРЕНА САЈА
ШАРЕНИЦА
ШАРЕНЦИ
ШАРЕНЦИ (Цлеридае) – средно големи тврдокрилни инсекти. Обоени се црно до темнометално или се шарени, со големина 10–16 мм. Имаат силно развиени вилици за лов. Ларвите им се црвени и грабливи, се хранат со ларви шаренец (пчелин волк) од други инсекти. Во светот се познати 3.000 видови. Најчест вид во Македонија е пчелиниот волк (Трицходес… Continue reading ШАРЕНЦИ
ШАРЕСКИ, Тихомир
ШАРЕСКИ, Тихомир (с. Леуново, Гостиварско, 15. Ⅳ 1921 – Скопје, 02. Ⅱ 2004) – првоборец и генерал-полковник на ЈНА. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во времето на НОАВМ бил член на МК (1941) и… Continue reading ШАРЕСКИ, Тихомир
ШАРЕЦ
ШАРЕЦ – митски шарен коњ во епските народни песни за Марко Крале, со необично потекло и особини. Според народните преданија, тој него го добил од самовилите или го купил од кираџиите како грбаво ждребе. Претставен и со многу човечки особини: зборува (дури и турски), пие вино, плаче со солзи и сл. Тој ја предосетува и… Continue reading ШАРЕЦ
ШАРПЛАНИНСКИ КУП
ШАРПЛАНИНСКИ КУП (Попова шапка, 21. Ⅲ 1947) – куп во спуст. На првиот натпревар зеле учество репрезентациите на Бугарија, Југославија, Романија и Унгарија. Победил Унгарецот Силко Петер, а најдобро пласираниот скијач од Македонија бил Рамадан Насип, кој го зазел 32. место. Со текот на времето програмата на натпреварите била проширена и со слалом и велеслалом,… Continue reading ШАРПЛАНИНСКИ КУП
ШАТЕВ, Павел
ШАТЕВ, Павел (Кратово, 15. Ⅶ 1882 – Битола, 30. И 1951) – револуционер, национален деец, публицист и државник. Ја завршил егзархиската гимназија во Солун (1900), каде што се вклучил во терористичкиот кружок на гемиџиите. Учествувал во неуспешниот обид за кревање во воздух на Отоманската банка во Цариград и во диверзијата на францускиот патнички брод „Гвадалкивир“… Continue reading ШАТЕВ, Павел
ШАТКИ или ПАТКИ
ШАТКИ или ПАТКИ (Анатинае) – бројна потфамилија средно големи, до големи водни птици од ре-дот гусковидни птици (Ансериформес), со должина на Диви шатки телото од 40 до 70 цм. Најчесто се гнездат во северна Европа, а презимуваат во Средна и Јужна Европа, како и во Северна Африка. Кај нас се регистрирани 5 рода со вкупно… Continue reading ШАТКИ или ПАТКИ
ШАФАРИКОВ ТРИОД
ШАФАРИКОВ ТРИОД – кирилски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., од македонска редакција. Се чува во Руската национална библиотека во Санкт-Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.74. Има 157 пергаментни листа. Според јазичните особености, потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот е многу архаичен, во него се наоѓаат цели редови испишани со глаголица. По… Continue reading ШАФАРИКОВ ТРИОД
ШАХИЧИ, Мухарем
ШАХИЧИ, Мухарем (Ѓуришевац, 15. Ⅴ 1927) – артист и поет. Завршил Административна школа и Педагошки курс. Како учесник во НОБ, останал воен инвалид. Бил секретар на СКОЈ, претседател на Здружението на борците на општината Кисела Вода во Скопје и артист на Албанско-турскиот народен театар во Скопје (1970). Ав-тор е и на две збирки поезија. УЛОГ:… Continue reading ШАХИЧИ, Мухарем
ШАХОВ, Панде
ШАХОВ, Панде (1973) – композитор. Композиција учи кај Р. Аврамовски, а дипломира на ФМУ во Скопје (Т. Зографски, 1997). Постдипломски студии завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон (Џ. Андерсон, 2000). Во неговата камерна и оркестарска музика има влијанија од импресионизмот и доцниот романтизам, но и од македонскиот музички фолклор. Б. Орт.
ШАХОВИЌ, Ксенофон
ШАХОВИЌ, Ксенофон (Охрид, 7. И 1898 – Париз, Франција, 7. И 1956) – спец. патоанатом, патофизиолог и онколог, унив. професор и академик (САНУ). Мед. ф. и ПМФ завршил и докторирал (на двата) во Лион, Франција (1922). Еден од основоположниците на онколошката наука во СФРЈ. Формирал онколошки и други институти на Мед. ф. во Белград. Активно… Continue reading ШАХОВИЌ, Ксенофон
ШАХОВСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ
ШАХОВСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ (Скопје, 1972). Во септември&октомври 1972 г. во Скопје се одржан јубилејните ХХ олимписки игри за мажи со учество на 63 екипи од сите континенти, а првпат заедно е одржана и Ⅴ женска шаховска олимпијада со учество на екипи од 23 земји. шаховските олимпијади се организирани од Почесен одбор и Организационен комитет под… Continue reading ШАХОВСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ