ШАРЕСКИ, Тихомир

ШАРЕСКИ, Тихомир (с. Леуново, Гостиварско, 15. Ⅳ 1921 – Скопје, 02. Ⅱ 2004) – првоборец и генерал-полковник на ЈНА. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во времето на НОАВМ бил член на МК (1941) и на Окружен комитет на КПЈ (1942), заменик-командир и командир на чета, командант на баталјон и комадант на Првата македонска НО пролетерска бригада (1944). По Ослободувањето останал во воена служба до пензинирањето (1981). ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив.