ШАПКОТ, Томас

ШАПКОТ, Томас (Ипсвич, Австралија, 6. Ⅸ 1935) – еден од најзначајните современи австралиски поети. Со голем успех пишувал и романи, како Белиот елен на прогонот (преведен и на македонски јазик). Првите стихови почнал да ги објавува во 1954 г. Во 1989 г. го добил Златниот венец на СВП. Во 1987 г. во Скопје излегла Антологија на современата австралиска поезија во негов избор и предговор. БИБ.: Одбрани песни (1978), Добредојде (1983) и Патувачки коцки (1987). ЛИТ.: Гане Тодоровски, Внатрешната страна на сонцето, „Поезија“, Ск., 1989. П. Гил. „шАР“, ИСЕЛЕНИЧКИ КЛУБ (Детроит, Мичиген, САД 1968) – клуб на македонски доселеници од Полог. Се грижел за прифаќање и собирање на доселениците од Тетовско. Развивал и културна дејност. Сл. Н.-К. шАР ПЛАНИНА – една од најпознатите македонски планини. Се наоѓа во крајниот северозападен дел на РМ. Како еден од најголемите и највисоките планински масиви, доминира не само во овој дел, туку и пошироко. Се протега помеѓу Метохиската Котлина од северозапад, Полошката Котлина од југ и југоисток, на исток од Скопска Црна Гора е одвоена со Качаничката Клисура на реката Лепенец, на запад од планината Кораб е одвоена со долината на штировичка Река и врвот Песок (2.105 м), а кањонската клисура на Мавровска Река ја прави границата помеѓу неа и Бистра. По сртот на шар Планина, од месноста шеруп на запад, па с“ до Качаничката Клисура на исток, води границата помеѓу РМ и Косово. На нашата територија има површина од 912,8 км². Високото и лачно искривено било е долго 80 км, а широко 10–20 км. шарпланинското било има два орографски правца на протегање: с–си и ј–јз и меридијански, с–ј. Делот на шар Планина, од Љуботен спрема Кобилица, е воедначен и се протега како единствен планински венец. Другите делови на шара, југозападно од Кобилица, се различни и имаат посебни имиња: Караниколица, Баба Асаница, Бродска Планина, Враца, Дедел Бег, Зендел Бегова Планина и др. Во геотектонски поглед шара припаѓа на шарската група од Динаридите, венечни планини настанати во времето на помладото алпско набирање. Како целина, шар Планина претставува хорст што е високо издигнат во однос на Метохиската и Полошката Котлина. На полошкиот регионален расед, во околината на Тетово и Гостивар, има појава на термални и термоминерални извори. Геолошкиот состав го прават главно палеозојските кристалести шкрилци, а преку нив во помала мера се јавуваат мермеризирани варовници и доломити во вид на крпи, греди и леќи со мезозојска старост. На одделни места на шара низ кристалестите шкрилци избиле серпентини. Во серпентините на Љуботенскиот масив се јавуваат и резерви на хромна руда (Радуша). Во релјефот на шар Планина, како најстари форми треба да се из-Врвовите на шар Планина шар Ппланина, зиме двојат пространи забранувани зарамнини на височина од околу 2.000 м. Од овие иницијални зарамнини се издигаат повеќе врвови со височина над 2.500 м: Титов Врв (2.747 м), кој е највисок на шар Планина и втор по височина во РМ, Борислаец (2.662 м), Езерска Чука (2.604 м), Баба Асаница (2.533 м), Кобилица (2.526 м), Црни Врв (2.578 м), Враца (2.582 м), Љуботен (2.499 м) и др. Многуте врвови се изградени од варовнички карпи, во чие подножје извираат силни извори од кои се формираат површински водени текови. Спрема Полошката Котлина, до висина од околу 1.200 м, ерозионата зарамнина е благо наведната за да се спушта понатаму преку стрмни отсеци. Пониските падини најчесто се покриени со дебели пластови од делувијален материјал, а во самото подножје се наоѓа флувијален нанос, при што се формираат наноси во должина од 40 км. Цела шар Планина е дисецирана со многубројни речни текови, меѓу кои најзначајна е реката Пена. Во времето на плеистоценот, високопланинските делови на шара биле зафатени со интензивна глацијација, односно биле под ледници. Затоа на неа се јавуваат голем број и впечатливи фосилни, глацијални форми претставени со: циркови, валови и морени. Многу циркови се исполнети со вода, па денес шар Планина, во РМ има 27 леднички езера (од кои 19 постојани и 8 повремени), и по планините Рила и Пирин во РБ, се смета за најбогата планина со езера на Балканот. Глацијалните езера се сместени во највисоките делови на планината, помеѓу 1.800 и 2.500 м н.в. Познати леднички езера се: Боговинско, Голем и Мал Ѓол, Караниколичко, Горно и Долно Деделбешко, Црно Езеро и др. Многу речни долини, во горните делови имаат облик на валов, а се изградени со движење на ледниците. Од високите делови на шара, кон Вардар на ји и Радика на јз, течат 20 речни текови. Меѓу нив најпознати се Пена (36,8 км), Маздрача (24,3 км) и др. Растителниот свет е разновиден и буен. шумскиот појас на шара завршува на околу 1.600–1.700 м. Над шумскиот појас се протегаат пространи и бујни шумски пасишта, кои зафаќаат површина од околу 550 км², што претставува најголема пасишна зона во РМ. Разновидните релјефни форми, многубројните врвови, бистрите, брзи и атрактивни речни текови, повеќето глацијални езера, пријатната планинска клима, бујниот растителен свет, непрегледните пасишта, се елементи што привлекуваат голем број посетители. Тоа придонесло на шара да се издвојат поголем број атрактивни локалитети: Попова шапка, Лешница, Јелак, Љуботен, Маздрача и др., на кои се наоѓаат извонредни скијачки терени. ЛИТ.: А. Стојмилов, Туристички вредности на планините во СРМ, „Годишен зборник“, кн. 21, Скопје, 1975; Т. Андоновски, шар Планина, „Географски видик“, бр. 6, Скопје, 1981. Т. Анд.