ЏЕМИЕТ

„ЏЕМИЕТ“ („Дружба“) (1919) – политичка организација на муслиманите од Вардарскиот дел на Македонија, Косово и дел од Санџак. Во неа членувале претежно Турци и Албанци за зачувување на нивните верски и национални интереси. Основач и водач бил Неџиб Драга, а по неговата смрт, неговиот брат Ферид Драга. На парламентарните избори (1920) добила 8, во 1923… Continue reading ЏЕМИЕТ

ЏЕМПЕР

ЏЕМПЕР – специфична форма на детски појас што го носеле децата од Кумановско. Најчесто бил орнаментиран со ситни орнаменти на црвена основа. Ј. Р.-П. Иван Џепароски ЏЕПАРОСКИ, Иван Маринов

ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро

ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро (Битола, 1834 – месноста Булуџа, Бугарија, 17. Ⅶ 1868) – македонски револуционер. Од трговско и револуционерно семејство. Подготвувал заговор во Битолско (1862), бил уапсен и осуден на смрт. Издржал пет години робија. По ослободувањето зел учество во Критското востание (1866). Се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско (1867). Учествувал… Continue reading ЏЕРОВ-МАКЕДОНСКИ, Спиро

ЏЕРОВ, Лука

ЏЕРОВ, Лука (Битола, 27. Ⅹ 1870 – Софија, 20. Ⅸ 1948) –„лозар“, учител и револуционер, војвода во Илинденското востание. Се школувал во Битола и во Солун. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Во периодот од 1897 до 1899 г. бил учител и училиштен инспектор во Кичевско и член на Битолскиот ОК (1901). Учествувал на Смилевскиот конгрес.… Continue reading ЏЕРОВ, Лука

ЏЕРОВ, Никола Георгиев

ЏЕРОВ, Никола Георгиев (Софија, 4. Ⅸ 1892 – Софија, 1. Ⅺ 1975) – бугарски и македонски поет, прозаист и публицист. Син на преселници од Охрид што живеат во бегалскиот софиски квартал Јучбунар, па уште мал го усвојува македонскиот како домашен јазик. Ја завршува гимназијата и студиите по словенска филологија на Софискиот универзитет. Во 1914–1915 г.… Continue reading ЏЕРОВ, Никола Георгиев

ЏИКОВ, Златан Трајков

ЏИКОВ, Златан Трајков (Скопје, 10. Ⅹ 1935) – гинеколог-акушер, генетичар. Мед. ф. завршил во Скопје во 1961 г., каде што и предавал. Докторирал и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа (особено во ВеЏИКОВА лика Британија и Германија) во областа на преднаталната дијагностика, хуманата генетика и молекуларната биологија. Основоположник е на првата Лабораторија за… Continue reading ЏИКОВ, Златан Трајков

ЏИКОВА, Соња Љупчова

ЏИКОВА, Соња Љупчова (24. Ⅹ 1945, Скопје) – спец. интернистнефролог. Мед. ф. завршила во 1970 г., а специјализација по интерна медицина и супспецијализација по нефрологија на Мед. ф. во Скопје. Формирала Оддел за ехосонографија и интервентна ехосонографија (1982). Се усовршувала во повеќе центри во Европа (Дан-ска, Белгија, Германија). Докторирала и објавила повеќе од 120 стручни… Continue reading ЏИКОВА, Соња Љупчова

ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров

ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров (Куманово, 27. Ⅳ 1940) – етномузиколог, етноорганолог. Дипломирал на Музичката академија во Белград (1967). Еден период работел во Радио Скопје (1967–1974). Потоа се вработил (1974) во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ како асистент-истражувач на народните музички инструменти и инструменталната народна музика. Докторирал (1992) со темата „Гајдата во Македонија, инструмент – инструменталист –… Continue reading ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров

ЏИПУНОВА, Емилија

ЏИПУНОВА, Емилија (Велес, 30. И 1935) – балерина и балетски критичар. Го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, напоредно со гимназијата. Апсолвира на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на Бале-тот при МНТ (1949–1974). Како солистка се истакнува со својата танцувалност и со сигурна балетска техника. Од 1979… Continue reading ЏИПУНОВА, Емилија

ЏОЛЕВА, Виолета

ЏОЛЕВА, Виолета (Скопје, 16. Ⅶ 1951) – режисер. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1974). Била член на Радиодрамата (1958–1969); режисер во МРТ Скопје (1974–1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободен уметник (1992–1994); од 1994 г. е драматург и режисер на МРТ. РЕЖИИ: „Хенрих Ⅳ“, „Димна Јуда град градила“, „Ана Франк“, „Змеј“, „Колапс“,… Continue reading ЏОЛЕВА, Виолета

ЏОНОВ, Борис

ЏОНОВ, Борис (Богданци, 1. ⅩⅠⅠ 1913 – Струмица, 25. Ⅴ 1943) – културно-национален деец и литературен творец. Поради воените состојби, уште како тригодишен со родителите е префрлен во Гевгелија, каде што останува до по завршувањето на Првата светска војна. Во 1926 г., како унијат, е испратен на школување во унијатскиот интернат во Загреб, каде што… Continue reading ЏОНОВ, Борис

ЏОНОВ, Илија Борисов

ЏОНОВ, Илија Борисов (Штип, 24. Ⅺ 1943) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., вработен на Нервната клиника (1969). Мед. ф. завршил во Скопје (1967), специјалистички испит во 1973 г., а докторирал во Белград (1982) од областа на невромускулните болести. Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија (1978). Воведува современ дијагностички и… Continue reading ЏОНОВ, Илија Борисов

ЏУБЕ

ЏУБЕ – горна женска потпојасна облека, изработено од црна клашна или од чоја. Се носело зиме и било подлачено (поставено со крзно). Ј. Р.-П.

ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија

ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија (Прилеп, 20. ⅩⅠⅠ 1915 – Скопје, 18. Џ Илија Џувалековски 2004) – театарски и филмски актер, професор на ФДУ во Скопје. Еден од втемелувачите на македонскиот современ театар. Во втората половина на 1944 г. е испратен во Москва за да ги води емисиите на македонски јазик на Радио Слободна Југославија. УЛОГ: Поцко („Чорбаџи… Continue reading ЏУВАЛЕКОВСКИ, Илија

ЏУДОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ЏУДОТО ВО МАКЕДОНИЈА – нова спортска дисциплина. Организирано започнало да се практикува по заслуга на Коста Икономовски (од 1962). Џудо клубови биле основани во Скопје, Битола, Велес, Прилеп и др. Бил формиран Џудо одбор (1966), па Џудо сојуз на Македонија (1972), потоа преименуван во Федерација (2002). Прво републичко првенство било одржано во Битола (1967), а… Continue reading ЏУДОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ЏУНДЕВА, Љупка

ЏУНДЕВА, Љупка (Скопје, 11. Ⅶ 1934) – драмска и филмска актерка. Завршила Државна театарска школа и станала член на Драмата на МНТ од 1951 г., каде што останала с“ до пензионирањето (1990). Успешно реализирала и монодрами. УЛОГ: Анка („Г-ѓа министерка“), Ана („Ревизор“), Евдокија („Време за пеење“), Ирина („Матурска вечер“), Коломба („Валпоне“), Кате („Антица“), Наталија („Три… Continue reading ЏУНДЕВА, Љупка

ЏУНОВ, Ристо

ЏУНОВ, Ристо (с. Ваташа, Кавадаречко, 1. Ⅳ 1919 – Скопје, 23. Ⅱ 2005) – економист, национален деец, првоборец, еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата, државник, општественик и дипломат. Завршил гимназија во Горњи Милановац и Крагуевац (Србија), а студирал на Белградскиот универзитет, каде што бил активист на Културно-просветното друштво „Вардар“ и на МАНАПО. Како член… Continue reading ЏУНОВ, Ристо

ЏУНОВ, Тодор

ЏУНОВ, Тодор (с. Ваташа, Тиквешко, 11. Ⅹ 1931) – универзитетски професор, правник. Основно училиште завршил во родното место, а средно во Битола (1948). Завршил Новинарско-дипломатска висока школа во Белград (1950–1952). Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1954). Магистрирал на Универзитетот „Мак Гил“ во Монтреал (1961). Тодор Џунов Докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема… Continue reading ЏУНОВ, Тодор

ЏУРА ЗУРЛА

ЏУРА ЗУРЛА – дувачки музички инструмент од типот обоа, со двојазична писка. Има персиско-арапско потекло и е најмал од фамилијата зурли (250– 280 мм). Најчесто се употребувал во Гевгелиско и Гостиварско. Таа ја свири главната мелодија, а е придружена од средната зурла јарамкаба, која бордунира. Има ос-Џура зурла тар писклив звук. ЛИТ.: Д-р Александар Линин,… Continue reading ЏУРА ЗУРЛА

ШАБАНИ, Азем Ресул

ШАБАНИ, Азем Ресул (с. Калиште, Струшко, 14. Ⅹ 1944) – поет, романсиер, драмски писател, преведувач. Основно образование завршил во родното мес-то, а средно во Струга. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје (Група за албански јазик и книжевност). Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на Културната рубрика во „Флака“, одгово-Азем шабани рен… Continue reading ШАБАНИ, Азем Ресул

ШАБАНИ, Бајрам Расим

ШАБАНИ, Бајрам Расим (с. Липково, Кумановско, 14. Ⅹ 1922 – атар на с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – првоборец и народен херој. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач. Се вклучил во синдикалното движење (1940) и станал член на СКОЈ (од почетокот… Continue reading ШАБАНИ, Бајрам Расим

ШАБАНОВ, Ерол Хамзов

ШАБАНОВ, Ерол Хамзов (Гевгелија, 19. Ⅲ 1947) – спец. по стоматолошка протетика, професор на Ст. ф. во Скопје. Магистрирал во 1980 г., а докторирал во 1983. Бил помошник и заменик-дирек-Ерол шабанов тор на Стоматолошкиот клинички центар (во три мандати), продекан на Ст. ф. (во три мандати). Публикувал 86 статии. Е. М.

ШАВРЕСКИ, Звонко

ШАВРЕСКИ, Звонко (Скопје, 5. Ⅷ 1965) – правник, општественик. Основач на Интерпарламентарното лоби за лица со посебни потреби и претседател на НВО Полио плус – движење против хендикеп и активист за човекови права на лицата со хендикеп. Р.

ШАИН, Асен Божов

ШАИН, Асен Божов (Струга, 5. Ⅷ 1922 – Скопје, 28. Ⅲ 1996) – спец. по инфективни болести, примариус и долгогодишен директор на Клиниката за инфективни болести при Мед. ф. во Скопје. Има особени заслуги за проучување на бактериските инфекции во гастроинтестиналниот тракт, како и за изградба, опремување и функционирање на новиот современ објект на Инфективната… Continue reading ШАИН, Асен Божов